Како изгледа ефективно учење?


 „Едукацијата е најмоќно оружје кое ќе ти овозможи да го смениш светот“ - Нелсон Мандела

 

Има многу начини на учење и брзината и квалитетот зависат од многу фактори. Постигнатиот успех во учењето освен од интелектуалните способности на ученикот во голема мера зависи и од начинот на проучување односно од развиеноста на стратегиите и вештините на учење на ученикот.



Од што зависи ефективното учење?

Когнитивните стратегии, кои се донесуваат на сознајни способности, како што се: перцепција, мислење и помнење, на учење опфаќаат:

  • мотивација за учење
  • одредување оптимален однос меѓу делови на материјалот
  • поврзување на стари информации со нови
  • одржување внимание
  • повторување
Стратегиите на учење за да бидат ефективни, оној кој учи треба да поседува:
  • знаење за себе, своите способности, навики, интереси, надворешни услови на учење
  • познавање на задачите кои треба да ги научи затоа што за различни видови на задачи бараат различни вештини и начини на работа
  • познавање на вештините на учење како управување со време, техника на слушање и бележење на предавањата, вештина на читање, вештина на совладување трема и слично
  • квалитет и квантитет на предзнаење

Вештини на учење


Вештините на учење кај учениците се доста слабо развиени, па затоа самите ученици не ги препознаваат доволно своите недостатоци кои им го отежнуваат учењето, како ни квалитетите кои би го олеснале учењето.

Вештина на читање се огледува во брзината и течноста на читањето и разбирањето на прочитаното.

Исто така доста е важна:
  • техника на слушање
  • бележење на предавања
  • управување со време на учење 
Вештина на механичко учење, она што треба да се учи на памет, на почеток дава подобри резултати, но трајноста на наученото е поголема ако се учи дистрибуирано. 

Избор на методи на учење:
  • парцијална
  • глобална
  • прогресивна
Елаборативна стратегија се однесува на што подобра обработка на информациите односно откривање на односите помеѓу деловите на знаењето, поврзување на новото со претходно наученото, прераскажување со сопствени зборови и носење заклучоци.

Како до ефективно учење? 


Многу мислат дека клучот зад ефективното учење е само тоа што споменавме во претходната точка, но тоа не е случајот. Условите во кои се учи се исто така доста важни.

Организираност водење планер со себе и запишување се што е важно овозможува да не биде заборавено. Често работи кои ги забораваме се работи кои сме убедени дека нема да ги заборавиме и решаваме да не ги запишиме.

Внимание за време на лекција улогата на наставникот е да го предаде материјалот на разбирлив и едноставен начин. Доколку ученикот успее да го сфати материјалот во училиште, дома останува да се догради со информации и да повторува.

Одвлекување на внимание има многу работи кои ни го одвлекуваат вниманието. Самите сме свесни дека 5 минути на социјална мрежа лесно преминуваат во 50 минути, а тоа е драгоцено високо концентрациско време кое е изгубено. Кога планирате да учите известете ги пријателите дека нема да бидете онлајн извесен период, па дури и да ве бркаат доколку видат дека прекршивте ветувањето кон себе. 

Што би сакала да додадам во оваа точка се и условите на учење. Доколку учиме на исто место, во исто време, секој ден, се навикнуваме на околните фактори како надворешна бучава, викање од деца надвор и слично. Научени сме на еден наин да ги игнорираме тие надворешни фактори и сме концентрирани само на учењето. Нормално, ова не се постигнува во еден ден туку е континуиран процес.

Прашувајте прашања! За да можи трајно да се научи материјалот мора прво да се разбери. Нема ништо лошо во прашања затоа што така се стига до знаење. 

Повторување секој ден овозможува трајно памтење на материјалот.

Учење во интервали учењето е поефективно во интервали затоа што можиме да ја држиме концентрацијата само одредено време. За секои 30 минути учење, следува 10- 15 минути пауза.

Поедноставени белешки и оваа точка се сведува на тоа дека мора да се разбере материјалот за да можи полесно и потрајно да се научи. Упростувајте ги белешките до момент кога целосно ги разбирате.

Учење со група доста ефективен начин за памтење на материјалот е доколку се зборува за него и се споделуваат белешки со соученици.

„Учи паметно, не тешко“

Заклучок


Да се учи е многу повење од учење на материјал на памет. Учењето квалитетно ни овозможува материјалот да го паметиме долго и да сме способни да го промениме и поврзиме со претходни искуства, знаења и информации. До ефективно учење се стига со:
  • организираност
  • внимавање за време на предавање
  • избегнување на работи кои ни одолговлекуваат внимание
  • прашување прашања
  • повторување секој ден
  • учење во интервали
  • поедноставување белешки
  • учење во група
„Дали твоите изговори се поважни од твоите сонови?“ 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

ИНСТАГРАМ 🔺🔻 ФЕЈСБУК 

Користења литература:

„Психологија на образование“ од проф. д-р. Кимова Ѓорѓина; стр. 20- 22
www.oxfordlearning.com/how-to-study-effectively/

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита