Како до полесно учење? Важност на мотивацијата.

Сите сме се сретнале и соочиле со искуството учење ден пред тест/ испит. Прокастинирање. Или можеби е подобро за тоа да пишуваме? Како и да е, во такви моменти кои се „нож до коска“ бараме начин како да учиме ефикасно, брзо и ефективно, но скоро се што наоѓаме е дека требало да почниме порано. Во текстот за ефективно учење можеме да видиме дека доста клучно за учењето е нивото на мотивација меѓудругото и денес ќе почниме со тоа, пред да преминиме на некои попрактични совети кои би ви помогнале да сте помотивирани и полесно да можете ефективо да научите материјалот. 

Мотивацијата е таа движечка сила која ги стимулира луѓето да извршат одредна активост или да се движат кон зацртана цел. Мотивацијата има многу лица, колку што има човечки желби. Мотивацијата се сведува на сакање. Ние сакаме промена во однесување, мисли, чувства, околина и сл. Накратко, мотивите се внатрешни икуства во форма на потреби, когниции и емоции кои се директо причинтели на мотивациски подвиг. 

Но, што предизвикува мотивација? 

Социјални конструкти и надворешни настани имаат улога на претходници на мотивација кои ја предизвикуваат истата. Други мотиви можи да се изразат преку однесување, психофизиологија и слично. Во прилог, ќе преведам моделот на мотивација према Keeve, 2015, кој илустрира како мотивациските психолози ги изучуваат елементите кои предизвикуваат мотивација. 

Ретко нашата мотивација иди од едно место, туку е микс од повеќе фактори. Нашите психолошки и физиолошки потреби не водат, нашата когниција не насочува и емоциите ни даваат интензиет и енергија за да ги исполниме целите. Кога постои комбинација на внатрешни и надворешни фактори, имаме плода мотивациска почва која може да се обработи.
Најголемиот крадец што некогаш го произведе овој свет е одолговлекувањето, и тој се уште е на слобода“ -  Josh Billings 

Прокастинацијата веќе ја споменавме во воведот, одлагање на извршување на обврски до момент кога веќе не можи да се избегнува. Одолговлекувањето е директна последица на недоволна мотивација, но исто така може да има и други фактори како анксиозност, страв од неуспех, и слично, кои влијаат на самодовербата и мотивацијата. Некогаш искусуваме и скриени фактори, како цел која е тешко достиглива или наградата за истата не чека далеку во иднината. Но, кога би зборувале за конкретни причини зошто луѓето одолговлекуваат ќе издвоиме: 

  • апстрактни цели,
  • награди во далечна иднина,
  • анксиозност,
  • ADHD,
  • перфекционизам,
  • страв од неуспех,
  • депресија,
  • ниска мотвација,
  • недоволна енергија.
За успешно да се справиш со одолговлекувањето, треба да увидиш ЗОШТО одолговлекуваш и која е пречката и позадината на тоа. Кога се знае што точно е проблемот, е многу полесно да се спротиставиме со него и да најдиме решение. Подобро кажано, наоѓаме мотивација за да се справиме со проблемот. Најверојатно како нареден текст ќе биди за техники за справување со прокастинација, да не се должи непотребно тука. 

Време е да се вратиме на олеснетото, поефективно учење. Често наоѓаме нешто кое ни го зема вниманието. Дали се тоа звуците надвор, нотификациите на телефонот, генерална незаинтересираност, па дури и недостиг на мотвација. Учиме 10 минути, 30 минути проверуваме социјални мрежи, и така во голем измачувачки круг. Во текстот за ефективно учење има одредени техники кои би помонале за учењето да биде квалитетно, како учење во исто време, на исто место. Лично, тоа ми е омилено затоа што така се отстрануваат срединските, рутински фактори затоа што се навикнуваме на нив и не се поќе извор на дистракција. За разлика од тој текст, во овој ќе се задржиме на поконкретни техники за учење.

Техниката ПОМОДОРО
  • Учи 25 минути
  • Мала пауза од 5-10 минути
  • Повтори 4 циклуси
  • Подолга пауза после 4 циклус
Најважното од се е, дека оваа техника е доста флексибилна и интервалите на учење и циклусите може да се променат према индивидуалните потреби. Совет за оваа техника е да се има тајмер. Кога е време за пауза, а кога е време за учење да биде строго определено. Предлог за паузите е да се активни и физички, наспроти на социјални мрежи или гледање видеа. Шансите се дека после едно јутуб видео ќе западнете во дупка за гледање повеќе, а физичката активност ќе ви даде краткотрајна мотивација и енергија. 

Креирај систем на награди
  • Верзија 1 - неколку награди распределени после секој интервал за учење.
  • Верзија 2 - една голема награда после завршување со учење за денот.
Советот тука е да се почни со верзија 1, па да се продолжи со верзија 2 како што се гради на концентрација. Оваа техника е доста добра затоа што директн делува на мотивацијата како надворешен фактор. 

Структурирана прокастинација
  • Приоритет стави на потешки обврски и учењето е долу на листата.
На овој начин кога не можеме и одлагаме поголеми обврски, ќе се освриме на помалите обврски од денот за да ја добиеме таа „победа“ која ни треба.

Групно учење
  • Имај човек кој ќе те преслуша и кој е отворен да слуша додека учиш. 
Колку повеќе повторуваме - толку подобро учиме. Некогаш па ни фали социјален контекст, па некој да разговара со нас и да не преслуша е баш тоа што ни треба.

Чиста работна маса
Чиста работна маса нема елементи на неа којаќе ни го одвлече вниманието. Ова може и да е прилика да се сортираат белешките:
  • Направи картички за учење со праање на едната страна и одговор на другата.
  • Сортирај ги белешките со боја. Одредена боја да претставува една категорија и различни знакчиња со таа боја за диференцијација.
Запишувај ги грешките
Грешките се океј, се додека се учиме на нив. И затоа мора да посветиме повеќе внимание на нив. Тоа може да биде така што:
  • Се запишуваат и повторуваат.
  • Се бараат нахнади објаснувања за подобро да и разбериме.
  • Се тестираме за грешките кога ќе ни текни на нив, макар не е време за учење.
Барај примери
Многу работи се апстракни и ни е тешко да ги разбериме. И некогаш делот кој ни фали за да разбереме е поткрепа со пример. Честопати примерот ќе ни остави огромен впечаток и ќе иди потпора за структура на апстрактен концепт. 

За ова исто помага и:
  • Барање повеќе информации и цртање слика.
Навистина се надевам дека техниките и советите од овој и другиот текст ви се полезни и ќе ви помогнат, затоа што знам дека многу ми помогнале мене. Следен текст најверојатно ќе биди за совладување на прокастинација затоа што таа може да се јави во било кој аспект од нашиот живот и не е лимитирана само на учењето, иако сметав дека треба да биде споменета и тука. 

Доколку користите некоја од овие техники, ме интересира како ви помогнале. Но, и ме интересира што друго ви помогнало во поглед учење. Можи да ме исконтактирате на e-mail: socialetiquettemk@gmail.com или на инстаграм, каде по објавување на темава ќе зборуваме на стори и ќе добие свој highlight - @social.etiquettemk.

Користена литература:

https://positivepsychology.com/what-is-motivation/

https://solvingprocrastination.com/why-people-procrastinate/

https://www.educationcorner.com/study-motivation-tips.html

https://www.google.com/amp/s/www.sciencenewsforstudents.org/article/top-10-tips-study-smarter-not-longer-study-skills/amp

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита