Posts

Showing posts with the label Љубов и Секс

Црвени знаменца во врска.

Еден ден бев во расположение да пишам црвени знаменца во врска. Читав и примери, а главна инспирација ми беа љубовни проблеми кои ги читам онлајн. Долго време неќев да го објавам текстот зошто осеќам како да ме шамари дур го читам ама сепак, сметам дека е доста важен и сум скоро убедена дека ќе се најди на некој кој се наоѓа во лоша ситуација. Што е важно да се знај за црвените знаменца во врска е дека инцидентно можеби и сите имаме искористено неколку, некогаш несвесно, некогаш сме сфатиле дека сме направиле грешен чекор и сме се исправиле. Кога станува алармантно и кога овие црвени знаменца имаат сила, е кога се се случува во шема. Односно, постои повторување и комбинирање на повеќе црвени знаменца и тие се случуваат постојано и притоа на партнерот- жртва на овие однесувања му влијае на расположението и психофизичкото здравје, самодовербата и генералното расположение.  🚩 Никогаш не се извинува за своето лошо однесување . Безразлика дали има било какво оправдување во однесувањето...

Sexual etiquette

Затоа што решив малку почовечка страна да добие блогот, полична и персонална решив дека сакам да зборам на ова прикажувајќи лично мислење, па дури и искуства. Сакам да ја доближам просечната женска реалност кон секој кој за среќа ја нема искусено. Често имам зборувано за секс и недостаток на сексуална едукација и здрава сексуалност кај нас. И тоа што се случува веќе долго време назад, но особено е забележано сега, изминатиов месец, е дека мора активно да се залагаме за едукација на оваа тема, за нормализирање на тоа дека жените, и општо ние како луѓе генерално, сме сексуални битија. И тој дел не можиме да го негираме од себе и мора да го разбериме и да научиме што е прифатливо, а што не во една сексуална врска. Текстот надолу е малку тежок и обработва сензитивни теми, ова како напомена. Прво и најважно би било барање согласност за се што правиме со партнерот . Дали било тоа нешто невино како бакнеж, праќање на голи слики или пак посериозно како секс, согласноста и заедничката почит м...

Токсични врски: како да излезиш од токсична врска?

„Тргни се себеси од луѓе кои те третираат како твоето време да не е важно, како твоите чувства да се безвредни, или како твојата душа да е заменлива“ - С. Мачнут Уште во претходни текстови  установивме дека луѓето се социјални животни, и со мали исклучоци тие се способни емоционално и физички да се блиски едни до други. Како и во останатите аспекти од животот, така и во врските кои ги градиме со другите луѓе, тие мора да се здрави. Како и да е, врските, како и други аспекти од животот, бараат да вложуваме во нив. Ние како поединци, луѓе, не сме совршени. Не сме ние, но не се ни луѓето околу нас совршени: родители, роднини, пријатели, партнер. Ние заемно учиме кои сме и како да комуницираме на начин на кој сите ќе бидеме среќни. Колку си близок со некој шансите се дека знаете како фунцкионира и токму тоа знаење мора да го користиме за градење здрави врски, а не токсични со луѓето кои ни се драги. Важно е да се запомни дека ние не сме клонови, туку засебни индивидуи и одредени врски ...

Моето дете гледа порно, што сега?

„Повеќето деца ќе гледаат порнографски содржини пред да наполнат 18, ова е проблем со кој се соочуваат сите родители“  За разлика од претходниот текст каде се зборува за деца изложени на порнографија против нивна волја, овој текст зборува за деца, најчесто во пост- пубертетска возраст, кои доброволно гледаат порнографски содржини. Прашање кое ќе се обработува е како родителот треба да реагира кога дознава дека неговотo дете доброволно гледа експлицитни материјали на интернет? Гледање порно од страна на тинејџери не е ништо ново и необично Причини зошто тинејџери гледаат порно варираат. Може да биди затоа што сакаат да бидат кул, а во помали возрасти за да ги импресионираат пријателите, нешто исто како посегнување по пороци како цигари само за да се импресионира некој, и за да се докаже нивната независност. Но, најголем дел од децата кои гледаат порно во пубертетски период е за задоволство и стимулација. Интерес за секс и гледање порнографија за да се задоволат сексуални нагони е с...

Рана изложеност на порнографија кај деца и ефекти врз идниот сексуален живот

„ Ако децата имаат пристап до уред со Интернет конекција - а можеме да се кладиме дека имаат - подеднакво добра кладба е дека биле изложени на порнографски слики “ - Џенер Росенвеиг, Ms, PhD, MPA Децата со телефон во рака, намерно или не, може многу порано да биде изложено на порнографија од претходните генерации. Има милиони нецензурирани страни на интернет кои го пренасочуваат корисникот кон експлицитни содржини, често грешни и дури и опасни. Тука спаѓа и децата да се изложени на сексуалниот живот на родителите, кое не е инцидентно, а се смета за нормално од одредени родители, за кое ќе се зборува покасно. Доколку се увидат фазите на сексуална зрелост во текстот здрава сексуалност ќе се увиди дека децата немаат интерес за секс, ни пак го разбираат и тоа не доведува до прашањето ако децата не разбираат што гледаат, како уствари тоа ги афектира? Дури и децата да разберат што е секс и важноста на сексот во врската, не е доволно затоа што сликите кои ќе ги видат се врежуваат длабоко во...