Posts

Showing posts from March, 2021

Поддршка на луѓе кои одат на терапија и се справуваат со потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје: афирмативен јазик

Image
Иако насловот го ставив и за луѓе кои одат на терапија, замислата на овај текст ми беше пристапот кон луѓе кои се соочуват со некој проблем или едноставно врват низ потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје. Зборовите кои ги користиме се најчесто "make it or break it'' односно или прават да сме навистина подобро, не променуваа ништо или прават да е многу полошо. И сакаме да ја избегниме последната ситуација. И нешто што го опишав во темата за токсична позитивност , е всушност ова, мали насоки како нашиот јазик да биди афирмативен и да ги уважи туѓите чувства. Многу е лесно да западниме во замката на фразите промовирани во токсичната позитивност како начин да тешиме некој и како што споменав таму, најчесто ваквите фрази идат од добро место - место каде што сакаме да помогниме на некој сакан, но сепак да не го добиеме посакуваниот резултат.  Оваа тема ми беше планирана од претходно, ама вистинската мотивација дојде баш од едно прашање кое го сретнав на интернет за