Posts

Showing posts from May, 2020

Диети, пореметувања во исхранта и најважно: зошто рестриктивните диети се толку популарни и широкораспространети?

„ Не си копај гроб со сопствениот нож и вилушка “ - стара англиска поговорка Една од темите на кои многу сакам да зборувам е „ зошто е диет културата толку популарна и широкораспространета? “, но за да стигнам до таму мора прво да се увиди што се диети, какви ги има и кои се добри за телото, а кои не. Па покасно ќе може да се увиди зошто диетите се популарни и кои диети се најчесто применувани и дали се здрави и како ние ги перцепираме и зошто запаѓаме во диет културата.  Поим: диета, балансирана храна, калории, макронутриенси  Под поимот диета се подразбира било каков начин на исхрана кој го има еден човек, животно или општеството.  Поимот „диета“ се користи најчесто за рестриктивните диети, кога во суштина опфаќа било каков начин на исхрана кој може да варира од многу не здрав до многу здрав. Рестриктивна диета може да биде за намалување тежина, за која ќе зборуваме во текстов и најчесто привремено, но може да биде и трајна кога мора да се исфрлат одредени јадења ради здраствени при

Здрава сексуалност

„ Без разлика колку се зборува за секс, ништо нема да ја намали мистеријата од тоа што се доживува. Сексот е свет, не тајна. “ - Кристин Лаплант   Што се подразбира под здрава сексуалност и што опфаќа?  Здрава сексуалност е способноста да имаш секс, кога сакаш, со кој сакаш. Да бидиш способен да зборуваш за својот сексуален живот без чувство на срам, без чувство на валканост. Здрава сексуалност е можноста никој да не те деградира ради твоите сексуални избори.  Објаснувањето погоре подразбира да се нема апсолутно никаков притисок кон луѓе кои не сме самите ние во врска со нивниот сексуален живот. Ова опфаќа голем мозаик на разноразни категории во склоп на сексуалниот живот. Тоа зависи од ориентацијата на поединецот, бројот на партнери ( невиност, еден партнер, дваесет партнери, викенд партнери, пријатели за секс и слично), структура на врска и брак ( затворен, отворен) и слично, затоа што тоа се работи кои секој ги организира и планира за себе и према своите потреби. Во суштина, сексот

Менталното здравје за време на социјална дистанца и после олабавување на мерките

„ Човекот по природа е социјално животно; индивидуа која е несоцијализирана природно, а не инцидентно е надвор од нашето разбирање. Општеството е нешто кое ја надминува индивидуата. “ - Аристотел За подобро да се разбери зошто социјалната дистанца ќе има голем ефект врз просечниот човек и општеството мора да се разбери дека човекот во суштина е социјално суштество кое, безразлика дали спаѓа во категорија екстроверт или интроверт, во кората на неговото постоење се содржи социјалниот аспект. Тоа укажува дека човекот надвор од општеството не можи да преживее затоа што ќе тежнее да се социјализира, и ако преживее, не без одредени загуби. Социјалната дистанца удира директно во суштината на човекот и затоа мора да се преземат мерки за заштита на менталното здравје.  Промени во менталното здравје за време на изолација Промените во менталното здравје, зависно дали индивидуата е високо социјализирана или ниско, и зависно дали индивидуата е ригидна или флексибилна, промените може да варираат о