Posts

Showing posts from October, 2021

#DownSyndromeAwarenessMonth - коморбидитети

Image
 Исто како што разговаравме за коморбидитети кај ADHD, исто и кај Даунов Синдром, со себе доаѓа со пакет на „изненадувања“, односно состојби кои настануваат со поголема веројатност доколку индивидуата има трисомија 21. Коморбидитети кај деца со даунов  синдром во болница во Бангладеш,  истрашување: Дел од резултатите од истражувањето: Задоцнување во развојот , било моторно или говорно или и двете беше водечка (50%) причина за упатување, а потоа карактеристични црти на лицето во согласност со Даун синдром (23%) за дијагноза Дебелите деца имале и дислипидемија. Мајчинска возраст за време на зачнувањето се движи од 20 до 40 години со средна вредност - возраст 31,2 години. Дисфункција на тироидната жлезда (29, 69%) беше најчеста ендокриниот проблем и вродени срцеви заболувања беше вториот најчест поврзан морбидитет (15/26, 57%). Други медицински состојби беа дијабетес мелитус тип 1. Стекнатиот хипотироидизам беше почест (16/29,55%) ( 10 имале субклинички хипотироидизам и двајца имале авт

#DownSyndromeAwarenessMonth - што е Даунов Синдром?

Image
Оваа седмица продолжуваме со текстови за даунов синром, знајќи дека месецов е и за кревање на свесност за оваа состојба. Ќе зборуваме што е даунов синдром, како настанува, каков е животот со него, одредени предизвици и коморбидитети. За да можеме да разбереме што е даунов синром, прво мора да знаеме како настанува. Дауов синдром настанува кога има екстра хромозом на 21 пар. Но, што се хромозоми? Хромозомот е термин што се користи во биологијата и цитогенетиката за да се однесува на секоја од високоорганизираните структури формирани од ДНК и протеини. Овие структури ги содржат повеќето генетски информации за поединецот. Хромозомите се наоѓаат во јадрото на клетките и се појавуваат во константен број кај секој вид. Во случај на луѓе, скоро сите клетки содржат 46 хромозоми Хромозомите се структури слични на конец во кои ДНК е цврсто спакувана во јадрото. ДНК е обвиткана околу протеините наречени хистони, кои обезбедуваат структурна поддршка. Хромозомите помагаат да се обезбеди ДНК да се

#ADHDAwarenessMonth - Коморбидитети

Image
ADHD доста често иди „во пакет“ со други заболувања, каде симптомите се толку испреплетени. Лаички кажано, пред да влезиме во истражувања, коморбидитети на ADHD се: проблеми со учење, анксиозност, депресија, потешкотии со сензорно процесирање и сл.  Према истражување од 2447 деца и адолесценти ( 5-17 години) беа добиени следните резултати:  Репликација на американското Национално истражување за коморбидитет откриле дека ADHD има висока коморбидитетност со други потешкотии од DSM-IV ( кога се спровело истражувањето). Истражувањето е спроведено на лица од 18-44 години, n= 3199 во Америка. Дали има варијации во распространетоста на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD? Неколку студии ја испитуваа варијацијата во преваленцата на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD. Една студија користејќи го шведскиот регистар на близнаци објави помали ризици од генерализирано анксиозно растројство и голема депресија за хиперактивно-импулсивен по

#ADHDAwarenessMonth - како изгледа ADHD кај жени и зошто е поразлично?

Image
Разлики во манифестацијата на ADHD кај момчиња и девојчиња е различен. Во суштина, момчиња се со поголема веројатност ( скоро дупло повеќе) да ја добијат дијагозата за разлика од девојчиња. Се смета дека момчињата се „пре“дијагностицираат, додека девојчињата не се дијагностицираат доволно. Тоа е така затоа што момчињата имаат поочигледни, постереотипни однесувања за разлика од девојчињата, а за стереотипи ќе зборуваме некој од наредните денови посветени на ова.  Како што споменавме во пртходниот текст ,  ADHD го добива своето име од:  A ttention  D eficit  H yperactivity  D isorder.  Симптомите на ADHD се: невнимание, хиперактивност и импулсивност. Кога велиме ADHD најчесто мислиме на хиперактивно и „бељаџиско“ школско машко дете, иако опсегот и интензитетот на симптомите кај двата пола е ист, иако тоа што го гледаме е навистина различно и потешко за дијагностицирање кај женски. Како резултат на тоа, многу жени растат несфатени, па нивните потешкотии се препишуваат на анксиозност и хор

#ADHDAwarenessMonth - Што е ADHD?

Image
Месецов е за свесност на две важни работи - ADHD и даунов синдром. И во текот на оваа седмица, во неколку наврати ќе зборуваме за ADHD во низа кратки текстови, а следната седмица ќе зборуваме за даунов синдром во неколку кратки текстови. Целта ми е да опфатам повеќе аспекти во кратки и лесно дигестивни текстови. Откако тргнав се ова од патот, да почниме: што е ADHD? Кога се јавува? Дали е дијагноза само за деца или останува да трае и кај возрасни?  ADHD го добива своето име од: A ttention D eficit H yperactivity D isorder. Со тоа се имплицира дека има недостаток на внимание и фокус, и видна хиперактивност. Но, ова не е прво име за ADHD пред да го добие 1980тите, и ова сега, но и како претходно се нарекувало е точна причина зошто треба да сме свесни за разликите меѓу нас и да работиме на инклузија на сите деца и возрасни. Како се нарекувало ADHD претходно? ADHD за прв пат бил опишан од Џорџ Стил во 1902 година. Низ годините се нарекувал: „недостаток на морална контрола“, „минимално моз

Што да очекувам на терапија? - Вадење максимум

Image
Во претходниот текст започнавме да зборуваме за очекувања од прва средба и како таа треба да изгледа, а денес ќе продолжиме за очекувања и вадење на максимум од терапевтските сесии.  Што да очекувам од терапијата? Очекувај дека  ќе чувствуваш м н о г у емоции , дел кои и нема да можеш сам да ги разбереш. Важно е да не се срамиш од нив, и да не се затвораш од идно зборување. Психотерапијата е сепак терапија со зборови и начин на кој се обавува е кога двете страни се отворени и разговараат.  Очекувај  да определите основите на идните терапии . На почеток не можи да фатите се, како што спомeнвме, терапијата е процес, не брзо решение. Па на прва средба е добро да се определат основите: кога ќе се оди на терапија, колку пати месечно, дали ќе има одредеи задачи кои ќе се носат дома, на кој проблем ќе се фокусирате и сл.  Терапијата не завршува кога завршува сесијата.  Меѓу сесии не заборавајте дека сте на терапија, туку размислувајте за што се разговарале. И слободно на следна сесија презент

Што да очекувам на терпија? - Прва средба

Image
Се одличи за терапија? О д л и ч е н избор! Но, самото одење на терапија носи одредени очекувања и од таму одредени разочарувања доколку тие очекувања не се исполнети. Па од таму ајде да разговараме - со какви очекувања одиме на терапија, и од таму, како да намалиме разочарување? Прво мора да се знае дека да, на терапија треба да сме отворени, да зоруваме за нашите искуства и чувства, но терапијата е повеќе од тоа. Терапијата е и за учење нови обрасци на однесување и техники за справување со одреден тип на промени, за кога и биле надвор од терапија, да можеме сами да се справиме со тие проблеми. И второ, подеднакво важно, кое треба да се знае е, дека терапијата е индивидуален процес и за секој е различен. И следно, секоја сесија може да биде многу различна од секоја следна. И тоа е во ред, така и треба да биди.  Прва средба Кога одиш на терапија прв пат, очекувај дека ќе зборуваш многу, и терапијата ќе наликува како средба со доктор. Терапевтот сака да те запознае, ќе поставува прашања

Кои значителни промени настануваат со смената на сезоните?

Во овој текст зборувавме за сезонски промени и расположение, но сега, накратко, ќе опфатиме неколку начини на кој SAD ( Seasonal Affective Disorder) влијае на нашиот живот. Претпоставив дека ако се е во еден текст ќе биде доста долго, па ваква поделба ја видов како неопходна.  Промени во нивоата на енергија  - некогаш едноставно не можеш да станиш од кревет кога е зима, или пак да си направиш јадење, да се измиеш заби, да обавиш основни обврски и ... звучи познато? Веќе споменавме дека нивоата на мелатонин се доста одговорни за појавата на SAD и за конкретно оваа промена, пред се, е задолжен мелатонинот. Тој е задолжен за ова така што во зимските, потемни и поладни денови, тој значително се зголемува што носи до претерано спиење, гроги расположение како и промени во нивоата на енергија. Но, како се произведува мелатонин во нашето тело? Користиме серотонин за да произвидиме мелатонин. Што значи, на тој начин се намалува серотонинот во нашето тело. А, тој ни е потребен за да се одржуваме

Сезонски промени во расположение

„Дали сум метеопат?“ е можеби често прашање кои го слушаме на околу или пак си го поставуваме себеси кога почнуваме да забележуваме одредени промени во расположение кај нас и сфатиме дека тие промени доаѓаат со промените на времето. Метеопатија, кога би се дефинирала, е кога човек болно ги чувствува временските промени, дали тоа било физички или ментално. Ние денес се разбира, ќе се задржиме на менталниот аспект. А тој ментален аспект на кој ќе се задржиме денес си има и име: Seasonal Affective Disorder или накратко, како и што ќе го нарекуваме во текот на овој текст: SAD . Накратко, денес ќе зборуваме за корелацијата меѓу депресија и промени во времето. SAD е вид на депресија која се јавува со временските промени. Почнува во исто време секоја година и преќинува во исто време секоја година. Најчесто започнува со есента и трае за време на зимските месеци, но има и исклучителни случаеви каде почнува на пролет и трае во летните месеци. Овие чувства, не ги препишувајте само како промени