Posts

Showing posts from August, 2020

Kако социјалните медиуми влијаат на љубовниот живот?

  „Целта на онлајн дејтин е побрзо да се оди офлајн“  Социјалните медиуми ни помагаат да останиме во контакт со најблиските на полесен начин, но следователно, имаат голем ефект врз дејтинг и љубовен живот. Сите гледаме какви проблеми имаат луѓето околу нас - кој на кој лајкнал, дали ја виде пораката, за колку време врати на пораката и слично. Некогаш дури и ќе видиме нешто прерано, за што не сме спремни, поради социјалните мрежи. Дали социјалните мрежи ни олеснуваат љубовниот живот, или пак нахнадно го отежнуваат? Краткиот одговор е - и двете. Тие ни овозможуваат да имаме потрајна комуникација и попостојана што е позитивно и е особено важна за врски на далечина или каде нема можност за чести физички средби. Од друга страна, одредени парови чувстуваат нахнаден притисок во врската обидувајќи се да најдат смисла на секој клик. Во овој текст ќе увидиме како се може да влијаат и веќе влијаат социјалните мрежи на љубовниот живот, вклучително и рпедности, но и негативни страни. Но, и покрај с

Комуникација со пријател во депресија ( dos and don'ts кога даваш поддршка на лице со депресија)

„Депресијата е живеење во тело кое се бори да преживее со мозок кој се обидува да умри“ Како и претходниот текст , и овој ќе биди краток и ќе оди директно на поентата. Акцентот се става на однесување и комуникација околу пријател кој е депресивен и чести грешки кои ги правиме, целосно несвесно додека се обидуваме да помогниме.  Начини на кои можеме да бидеме поддршка на нашиот депресивен пријател Едуцирајте се за неговата состојба - има многу митови и претпоставки во врска со депресијата и тоа треба да се разграничи со фактите. Многу би била лоша ситуација ако некој мора постојано да се објаснува за своите чувства. Некои сметаат дека некој можи да „излези“ од депресија по своја волја не разбираат дека е комплексна состојба на ментално здравје. Други пак сметаат дека е исклучиво причинско- последична како реакција на одредени настани во животот, што повеќе од често не е случајот. Денес сите сме подобро едуцирани на оваа тема него што бевме во годините претходно, но треба само кратка еду

Како да знам дека пријателот ми е депресивен?

„ Депресијата не разликува боја, а постојано му се вели да забележи колку шарен е светот “ - Атикус Прво и најважно, депресијата не е секогаш очигледна. Второ, доста е важно за пријателите и роднините да ги знаат првичните знаци на депресија па ќе можат да понудат поддршка порано. Обично сакам долги и детално обработени текстови, но овој и следниот ( комуникација со пријател во депресија ) ќе биди пократок и дирек на поентата за да е повеќе од корист на тие кои се сомневаат за можна депресија кај пријател и како да бидат соодветна поддршка. Исто така можи да го проверите текстот за важност на медикаментозна терапија , затоа што медикаментозната терапија е често дел од третманот на депресија.  (Рани) знаци кои укажуваат на депресија Губење на интерес за работи кои претходно ги уживале - или пак доведува до преориентирање кон работи кои се лесни за уживање како: гледање серии, играње видео игри, седење на компјутер, притоа изоставувајќи ги другите активности кои уживал да ги прави. Проб

Животни за поддршка: нов начин на справување со емоционални проблеми

„Сите животни се терапевтски миленици. Повеќето работат тајно.“ Како метод за подобрување на менталното и емоционалното здравје, се внесени и животните како опција. Акцентот на овој текст ќе бидат животни за емоционална поддршка, зошто се користат и кои се животни можат да се користат во психологијата.  Разлика меѓу животно за емоционална поддршка, терапевтско куче и сервис куче Трите поими се различни иако имаат слична намена. Сопствениците на кучиња често зборуваат за бенифитите од нивните миленици за намалување на стрес и анксиозност, помагајќи им да ги исполнуваат дневните обврски полесно. Животно , најчесто куче, за емоционална поддршка се дефинира со способноста да прават луѓето да се чувстуваат комотно и удобно преку наклонетост и дружба. Иако не добиваат официјален тренинг, тие се од голема помош за тие кои страдаат од ментални и/ли емоционални проблеми. Овој вид животни не треба да помагаат на луѓето за исполнување на специфични задачи кои не можат сами да ги направат. Поради

Дали алтернативната медицина е само додаток и ја надополнува медицината или опстојува самостојно?

„Најдобар лек од сите е да ги учиме луѓето да не им треба“ Кога би погледнале кон минатото, долго пред постењето на медицината онаква каква што ја знаеме, луѓето користеле традиционална, често хербална медицина и многу често „магична“. Денес, се што не е во модерната медицина се карактеризира како алтернативна. Вид на алтернативна медицина која е благо речено најраспространета би била природната, која се наоѓа во аптеки во форма на таблети и прашоци. На одредени места е доста популарна хомеопатијата, натуропатијата, ароматерапијата и кинеската и ориенталната медицина. Бидејќи акцент за овој текст е можен баланс меѓу модерна медицина и алтернативна, но и често избегнување на модерната медицина на сметка на алтернативната, би спомнала и врачанство и баење како начини на избегнување медицински третман. Зошто одредени луѓе преферираат алтернативна медицина наспроти модерна медицина? Моменталните докази не ја поддржуваат ефективноста на одредени алтернативни третмани, но и покрај тоа огроме

Важноста на медикаментозната терапија при проблеми со менталното здравје

„Секогаш е полесно да се прават позитивни животни промени со поддршка од другите“ Менталното здравје е многу опсежна област и е дел од нашето целокупно здравје за кое сме одговорни и треба да се грижиме. Но, многу често, менталното здравје се става на скалило подолу од физичкото што е голем проблем во нашето општество. Постои голема стигма кога некој посетува психотерапија, но уште поголема доколку некој треба да прима и медикаментозна терапија. Клучно е да се сфати дека пиеме лекови за нега на физичкото здравје и сосем исто е и со медикаментозната терапија за менталното здравје. Само затоа што е „во главата“ не значи дека имаме целосна контрола врз нашето ментално здравје. Овој текст нема за цел ни да демонизира, ни да форсира медикаментозна терапија, туку да се укажи на нејзината важност кога е потребна. Не секогаш е потребна, но доколку се изостави кога е потребна, може да биде фатално. Зошто се одбива медиакментозна терапија? Медикаментозна терапија за подобрување на ментално здрав