Posts

Showing posts with the label ADHD

#ADHDAwarenessMonth - Коморбидитети

Image
ADHD доста често иди „во пакет“ со други заболувања, каде симптомите се толку испреплетени. Лаички кажано, пред да влезиме во истражувања, коморбидитети на ADHD се: проблеми со учење, анксиозност, депресија, потешкотии со сензорно процесирање и сл.  Према истражување од 2447 деца и адолесценти ( 5-17 години) беа добиени следните резултати:  Репликација на американското Национално истражување за коморбидитет откриле дека ADHD има висока коморбидитетност со други потешкотии од DSM-IV ( кога се спровело истражувањето). Истражувањето е спроведено на лица од 18-44 години, n= 3199 во Америка. Дали има варијации во распространетоста на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD? Неколку студии ја испитуваа варијацијата во преваленцата на психијатриски коморбидитети во однос на различни подтипови на ADHD. Една студија користејќи го шведскиот регистар на близнаци објави помали ризици од генерализирано анксиозно растројство и голема депресија за хиперактивно-импу...

#ADHDAwarenessMonth - како изгледа ADHD кај жени и зошто е поразлично?

Image
Разлики во манифестацијата на ADHD кај момчиња и девојчиња е различен. Во суштина, момчиња се со поголема веројатност ( скоро дупло повеќе) да ја добијат дијагозата за разлика од девојчиња. Се смета дека момчињата се „пре“дијагностицираат, додека девојчињата не се дијагностицираат доволно. Тоа е така затоа што момчињата имаат поочигледни, постереотипни однесувања за разлика од девојчињата, а за стереотипи ќе зборуваме некој од наредните денови посветени на ова.  Како што споменавме во пртходниот текст ,  ADHD го добива своето име од:  A ttention  D eficit  H yperactivity  D isorder.  Симптомите на ADHD се: невнимание, хиперактивност и импулсивност. Кога велиме ADHD најчесто мислиме на хиперактивно и „бељаџиско“ школско машко дете, иако опсегот и интензитетот на симптомите кај двата пола е ист, иако тоа што го гледаме е навистина различно и потешко за дијагностицирање кај женски. Како резултат на тоа, многу жени растат несфатени, па нивните потешкотии с...

#ADHDAwarenessMonth - Што е ADHD?

Image
Месецов е за свесност на две важни работи - ADHD и даунов синдром. И во текот на оваа седмица, во неколку наврати ќе зборуваме за ADHD во низа кратки текстови, а следната седмица ќе зборуваме за даунов синдром во неколку кратки текстови. Целта ми е да опфатам повеќе аспекти во кратки и лесно дигестивни текстови. Откако тргнав се ова од патот, да почниме: што е ADHD? Кога се јавува? Дали е дијагноза само за деца или останува да трае и кај возрасни?  ADHD го добива своето име од: A ttention D eficit H yperactivity D isorder. Со тоа се имплицира дека има недостаток на внимание и фокус, и видна хиперактивност. Но, ова не е прво име за ADHD пред да го добие 1980тите, и ова сега, но и како претходно се нарекувало е точна причина зошто треба да сме свесни за разликите меѓу нас и да работиме на инклузија на сите деца и возрасни. Како се нарекувало ADHD претходно? ADHD за прв пат бил опишан од Џорџ Стил во 1902 година. Низ годините се нарекувал: „недостаток на морална контрола“, „минимално...