Posts

Showing posts from September, 2021

Високо функционални ментални пореметувања

Image
Доста често може да дојде до маскирање на одредени состојби кои ги имаме со кои околината нема како да знае што ни се случува, а во некои случаеви и сами не сме свесни за нашата состојба. Така може да се работи и за високо функционално ментално пореметување кое е валидно, но скриено и навидум не постои. Доколку постои маскирање на симптоми, тоа може да настани поради низа причини, но најчесто за да се заштитиме од околината со тоа што не покажуваме слабост и ранливост. Нема да навлегувам дали тоа е во ред или не затоа што постојат низа различни ситуации кои различно влијаат на индивидуи.  Изгледање „нормално“ и укажување дека сепак постои некој проблем може да донеси до многу повредувачки коментари како: Не изгледаш како да имаш проблем.  Како тоа имаш пореметување во исхрана? Не личиш како да имаш. Депресивна? Не. Сигурно нешто ти се случува и е само период. Немаш видено како е, затоа вака зборуваш.  Високо функционално ментално пореметување е термин кој се кориси за да се опишат тие