Posts

Showing posts with the label Дете

Техники против прокастинација

Сите некогаш се случува да одложиме нешто. Но, настанува проблем кога овој начин на функционирање ни е секојдневие и влијае неповолно на нашиот секојдневен живот. Оваа тема ја почнавме претходно во текстот за мотивација  и предлагам да се виде и тој претходно затоа што се зборува и за мотивацијата која е тесно поврзана со денешната тема. Но, за разлика од тој текст, тука директно скокаме на поентата. За да може да совладаме одреден проблем, прво треба да сфатиме што е тој проблем. Од тука се крева прашањето - што е прокастинација? Сите понекогаш одложуваме, но кога тоа го правиме постојано и постојано бараме нешто да ни земи внимание - се работи за прокасинација. Прво прокастинацијаа се поврзува со ниска самоконтрола, но покасно и намалено ниво на мотивација поради првично разочарување ради ненавремено исполнување на целите. Дури се теоризира дека прокастинаторите се перфекционисти кои радо не би направиле нешто наместо да не го направат „совршено“. Друга група прокастинатори смета...

Како до полесно учење? Важност на мотивацијата.

Image
Сите сме се сретнале и соочиле со искуството учење ден пред тест/ испит. Прокастинирање. Или можеби е подобро за тоа да пишуваме? Како и да е, во такви моменти кои се „нож до коска“ бараме начин како да учиме ефикасно, брзо и ефективно, но скоро се што наоѓаме е дека требало да почниме порано. Во текстот за ефективно учење можеме да видиме дека доста клучно за учењето е нивото на мотивација меѓудругото и денес ќе почниме со тоа, пред да преминиме на некои попрактични совети кои би ви помогнале да сте помотивирани и полесно да можете ефективо да научите материјалот.  Мотивацијата е таа движечка сила која ги стимулира луѓето да извршат одредна активост или да се движат кон зацртана цел. Мотивацијата има многу лица, колку што има човечки желби. Мотивацијата се сведува на сакање. Ние сакаме промена во однесување, мисли, чувства, околина и сл. Накратко, мотивите се внатрешни икуства во форма на потреби, когниции и емоции кои се директо причинтели на мотивациски подвиг.  Но, што пр...

Врсничко насилство: како доаѓа до него? Поглед во семејство каде детето е вршител на булинг.

Image
Најзастапен проблем кај младата популација е постоењето на булинг. Булинг во суштина значи извршување на насилство, вербално или физичко, од една индивидуа или група на луѓе кон друга, најчесто послаба индивидуа. Училишниот булинг може да биди застапен за време на часовите, одморите, но и надвор од училиште како и онлајн, познато како сајбербулинг. Неодамна прочитав нешто кое ме инспирира да го пишам ова, а тоа беше жалба од сега пораснато дете, врз кое беше вршен булинг и рече „ како што ме има дете повредено, никој толку “. И колку и да сакам да се согласам, почетната идеја на ова е дека децата сепак не се лоши и дека само примаат од околината, а пред се од родителите. Но, и покрај тоа се многу искрени и од таму суровоста на повредите и последиците. Но, прашањата кои ме интересираат се: дали вршењето насилство во форма на булинг е уствари плач за помош? Каде се родителите на детето кое врши булинг? Дали го одобруваат ова или не се свесни? Каков е односот на детето со родителите? Ка...

Како изгледа ефективно учење?

  „Едукацијата е најмоќно оружје кое ќе ти овозможи да го смениш светот“ - Нелсон Мандела   Има многу начини на учење и брзината и квалитетот зависат од многу фактори. Постигнатиот успех во учењето освен од интелектуалните способности на ученикот во голема мера зависи и од начинот на проучување односно од развиеноста на стратегиите и вештините на учење на ученикот. Од што зависи ефективното учење? Когнитивните стратегии, кои се донесуваат на сознајни способности, како што се: перцепција, мислење и помнење, на учење опфаќаат: мотивација за учење одредување оптимален однос меѓу делови на материјалот поврзување на стари информации со нови одржување внимание повторување Стратегиите на учење за да бидат ефективни, оној кој учи треба да поседува: знаење за себе, своите способности, навики, интереси, надворешни услови на учење познавање на задачите кои треба да ги научи затоа што за различни видови на задачи бараат различни вештини и начини на работа познавање на вештините на учење ...

Креативно мислење кај децата и надареност

  „Креативно мислење инспирира идеи. Идеите инспирираат промена“ - Barbara Janoszkiewicz Креативноста е една од клучните зборови во истражувањето на човековата природа чија популарност континуирано расте во текот на втората половина на дваесеттиот век. Креативноста е ментален процес на создавање на нови идеи, концепти, проблеми, решенија или нови врски меѓу постоечки идеи. Етимолошкото значење на овој поим потекнува од латинскиот збор ''creare'' што буквално значи „да се создаде“. Многу е важно да се развива креативното размислување кај децата и да се мотивираат да мислат „надвор“ од кутијата.  Когнитивни аспекти на креативноста Креативноста е комплексен невро- психо- филозофски феномен кој ја вклучува и способноста да се разберат и изразат новите реконструирани односи. Според Гилфорд за креативноста како процес значајно е дивергентната и конвергентната мисловна продукција. Дивергентната продукција подразбира создавање низа решенија за еден проблем. Конвергентната про...

Како влијаат презаштитнички настроените родители врз развојот на детето?

  „Многу родители би направиле се за нивните деца освен да ги остават да бидат себеси“ - Бански Не постои книга за тоа како да се биде родител и многу родители поведени од различни причини се поставуваат на начин кој може да биде многу поразителен за детето. Тука спаѓа презаштитиничкото родителство или кажано народски „дете држено во стаклено ѕвоно“ на кое не му се дозволува да го искуси светот со цело добро и лошо, но и после одредена возраст се смета дека можи да се снајди само иако до тој момент беше штитено. Во овој текст ќе зборуваме точно за ова и за тоа како неискусувањето на светот и неприфаќање критика носи до последици на менталното здравје кај децата. Како изгледа презаштитничко родителство? Важно е да се запрашаме, која е границата кај родител кој има оправдана грижа за своето дете и родител кој ја надминува таа граница? Претерување - родител кој е презаштитнички настроен е премногу присутен во животот на детето и многу често претерува со своите реакции. Ситуациите ги в...

Настава за време на корона: традиционална настава vs онлајн настава ( предности и недостатоци)

 „ Едукацијата е пасош за иднината, затоа што утре припаѓа на тие кои се подготвуваат денес “ - Малком Екс Со почетокот на новата учебна година, Септември на овој блог ќе биде посветен на образование, едукација, дисциплина и генерално теми кои го опфаќаат психофизичкото здравје на децата. За почеток на месецов ќе биде тема која беше беше актуелна во текот на целиот летен период, а тоа е дали децата да се вратат во училишните клупи во форма на традиционална настава во училница или да се продолжи настава онлајн? Мислењата на темава се многу поделени и баш затоа во овој текст пред се ќе зборуваме за важноста на квалитетното образование, а потоа за предностите и недостатоците на двата начини за обавување на настава. Важност на образование и едукација во едно општество Со леснотија може да се заклучи дека ние, како луѓе, не би биле каде што сме без образование и учење. Едукацијата е многу повеќе од читање и пишување и полека не спрема за остатокот од животот. Што е едукација? „Едукација...

Ќотекот како воспитна мерка: зошто не е опција и негативни ефекти врз менталното здравје на детето

„ Дисциплината е помагање на детето да реши проблем. Казната го прави детето да страда затоа што има проблем. За да растиме деца кои решаваат проблеми, фокусирајте се на решенијата, а не на казните “ - Л. Р. Кност Оваа е широка и многу контроверзна тема, особено во нашето поднебје. Од една страна имаме луѓе растени со т.е. „телесни казни“ кои варираат од плескање по газ па се до други делови на телото. Од друга страна имаме луѓе кои се оттргнуваат од традицијата и се оттргнуваат од ваквите казни. Поради ова се покренува прашањето дали ќотекот е лош и какви поткрепи има за точноста? Зошто е толку тешко да се прифатат резултатите од толку различни истражувања? Вo овој текст ќе се зборува во детали за ефектите од тепањето, но и користење казни без физичко насилство и важноста на пријателскиот пристап кон детето.  Зошто некои родители користат ќотек како воспитна мерка?  Родители кои практикуваат казна на дете преку удар, најчесто во форма на удар по газе, го практикуваат ова зат...