Posts

Showing posts with the label Здравје

Поддршка на луѓе кои одат на терапија и се справуваат со потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје: афирмативен јазик

Image
Иако насловот го ставив и за луѓе кои одат на терапија, замислата на овај текст ми беше пристапот кон луѓе кои се соочуват со некој проблем или едноставно врват низ потешкотии со нивното ментално и емоционално здравје. Зборовите кои ги користиме се најчесто "make it or break it'' односно или прават да сме навистина подобро, не променуваа ништо или прават да е многу полошо. И сакаме да ја избегниме последната ситуација. И нешто што го опишав во темата за токсична позитивност , е всушност ова, мали насоки како нашиот јазик да биди афирмативен и да ги уважи туѓите чувства. Многу е лесно да западниме во замката на фразите промовирани во токсичната позитивност како начин да тешиме некој и како што споменав таму, најчесто ваквите фрази идат од добро место - место каде што сакаме да помогниме на некој сакан, но сепак да не го добиеме посакуваниот резултат.  Оваа тема ми беше планирана од претходно, ама вистинската мотивација дојде баш од едно прашање кое го сретнав на интернет за...

Животни за поддршка: нов начин на справување со емоционални проблеми

„Сите животни се терапевтски миленици. Повеќето работат тајно.“ Како метод за подобрување на менталното и емоционалното здравје, се внесени и животните како опција. Акцентот на овој текст ќе бидат животни за емоционална поддршка, зошто се користат и кои се животни можат да се користат во психологијата.  Разлика меѓу животно за емоционална поддршка, терапевтско куче и сервис куче Трите поими се различни иако имаат слична намена. Сопствениците на кучиња често зборуваат за бенифитите од нивните миленици за намалување на стрес и анксиозност, помагајќи им да ги исполнуваат дневните обврски полесно. Животно , најчесто куче, за емоционална поддршка се дефинира со способноста да прават луѓето да се чувстуваат комотно и удобно преку наклонетост и дружба. Иако не добиваат официјален тренинг, тие се од голема помош за тие кои страдаат од ментални и/ли емоционални проблеми. Овој вид животни не треба да помагаат на луѓето за исполнување на специфични задачи кои не можат сами да ги направат. По...

Дали алтернативната медицина е само додаток и ја надополнува медицината или опстојува самостојно?

„Најдобар лек од сите е да ги учиме луѓето да не им треба“ Кога би погледнале кон минатото, долго пред постењето на медицината онаква каква што ја знаеме, луѓето користеле традиционална, често хербална медицина и многу често „магична“. Денес, се што не е во модерната медицина се карактеризира како алтернативна. Вид на алтернативна медицина која е благо речено најраспространета би била природната, која се наоѓа во аптеки во форма на таблети и прашоци. На одредени места е доста популарна хомеопатијата, натуропатијата, ароматерапијата и кинеската и ориенталната медицина. Бидејќи акцент за овој текст е можен баланс меѓу модерна медицина и алтернативна, но и често избегнување на модерната медицина на сметка на алтернативната, би спомнала и врачанство и баење како начини на избегнување медицински третман. Зошто одредени луѓе преферираат алтернативна медицина наспроти модерна медицина? Моменталните докази не ја поддржуваат ефективноста на одредени алтернативни третмани, но и покрај тоа огроме...

Важноста на медикаментозната терапија при проблеми со менталното здравје

„Секогаш е полесно да се прават позитивни животни промени со поддршка од другите“ Менталното здравје е многу опсежна област и е дел од нашето целокупно здравје за кое сме одговорни и треба да се грижиме. Но, многу често, менталното здравје се става на скалило подолу од физичкото што е голем проблем во нашето општество. Постои голема стигма кога некој посетува психотерапија, но уште поголема доколку некој треба да прима и медикаментозна терапија. Клучно е да се сфати дека пиеме лекови за нега на физичкото здравје и сосем исто е и со медикаментозната терапија за менталното здравје. Само затоа што е „во главата“ не значи дека имаме целосна контрола врз нашето ментално здравје. Овој текст нема за цел ни да демонизира, ни да форсира медикаментозна терапија, туку да се укажи на нејзината важност кога е потребна. Не секогаш е потребна, но доколку се изостави кога е потребна, може да биде фатално. Зошто се одбива медиакментозна терапија? Медикаментозна терапија за подобрување на ментално здрав...

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

„ Ако ние не зборуваме за децата, како ќе очекуваме децата да зборуваат за себе ?“ Менталното здравје на децата е подеднакво важно на тоа со возрасните. На глобално ниво 10-20% од децата и адолесцентите имаат проблеми со менталното здравје. Половина од сите проблеми со менталното здравје започнуваат пред 14 години, а 3/4 до средината на 20тите години. Нетретирани, ваквите појави можи негативно да влијаат врз развојот на детето, неговата едукација, потенцијалот за живеење исполнителен и продуктивен живот. Децата со ментални растројства се соочени со големи предизвици, стигма, изолација и дискриминација од околината и врсниците.  Ментална нелагодност Менталното здравје се негува од најрана возраст и раното детство не е само за првите чекори и зборови, туку и за градење врски со луѓето околу себе, градење за очекувањата за себе и за светот околу себе. 1-5 години - децата под 5 години го откриваат светото околу себе и учат нови вештини секој ден. Деца во оваа возрасна граница покажува...

Диети, пореметувања во исхранта и најважно: зошто рестриктивните диети се толку популарни и широкораспространети?

„ Не си копај гроб со сопствениот нож и вилушка “ - стара англиска поговорка Една од темите на кои многу сакам да зборувам е „ зошто е диет културата толку популарна и широкораспространета? “, но за да стигнам до таму мора прво да се увиди што се диети, какви ги има и кои се добри за телото, а кои не. Па покасно ќе може да се увиди зошто диетите се популарни и кои диети се најчесто применувани и дали се здрави и како ние ги перцепираме и зошто запаѓаме во диет културата.  Поим: диета, балансирана храна, калории, макронутриенси  Под поимот диета се подразбира било каков начин на исхрана кој го има еден човек, животно или општеството.  Поимот „диета“ се користи најчесто за рестриктивните диети, кога во суштина опфаќа било каков начин на исхрана кој може да варира од многу не здрав до многу здрав. Рестриктивна диета може да биде за намалување тежина, за која ќе зборуваме во текстов и најчесто привремено, но може да биде и трајна кога мора да се исфрлат одредени јадења ради ...