Posts

Showing posts with the label Твитер нишки

Зошто терапевти не смеат да сугерираат и зошто менување терапевт можи да е тешко?

 Одамна не сум споделила Твитер нишка, па вчерашната сега е тука. Зошто психотерапевтите не смеат да сугерираат? Пред се оти носиш одговорност за се шо ќе кажиш. Второ, клиент треба сам да стигни до решение/ увид и не треба да го сервираме на тацна. Ама често ние јасно гледаме нешто што клиентот уште не можи да го види. Затоа терапевт го води разговорот. И со самото водење на разговор ние го насочваме клиентот на шо да мисли и така за иста работа да стигни до свој заклучок. Трето, се користат задачи. Задачите 'функционираат' безразлика дали и како ќе ги извршиш и се стига до заклучок и кај терапевт и кај клиент каков и да е исходот. Тука сакам да се надоврзам на "мит" да го наречам, а то е дека психотерапија се поврзва со советување од страна на терапевт. И многу тоа го очекуваат и си идат разочарани. Жал ми е. Ама терапевт треба да те насочи да стигниш до свој заклучок, а не да ти кажи шо да прајш. Зошто менување на терапевт може да е многу тешко? „Ако не ти одговара...

Кратка "нишка": пореметувања во исхраната или eating disorders ED

Се думав како да вметнам мои лични "кратки" твитер нишки тука и обично ги парафразирам во цел текст што ми одзема време. Сега решив да пробам нешто ново и да ставам нишката цела ( со пополнети кратенки и печатни грешки ) што ќе носи до поголема активност и на блогот. Најчесто се со помалку истражување, за разлика од целосните текстови и затоа ќе добиваат соодветен наслов: "кратка нишка" и таг под текстот "твитер нишка".  Eating disorder или ED е нарушување во врската на поединецот со исхраната, и начинот на кој се гледа себеси. EDs се ретко за самата храна, туку за изгледот ( најчесто да се биде слаб ). И нивното постоење нема еден фактор туку поќе. 🔴Генетски фактор - некои EDs се генетски и дури има хромозом поврзан со анорексија и булимија. 🟠Биохемиски - луѓе со ED можи да имаат дисбаланс за регулирање апетит, расположение, спиење и стрес. Покачен стрес хормон кортизол имаат лица со булимија и анорексија. 🟡Психологија - влијае многу, како и култура и ...