Posts

Showing posts with the label Социјални норми

Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?

 „Ј ас сум во врска со фиктивен лик “  Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност. Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „ интеракција “ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за ...

Зошто луѓето се екстремизираат: политички екстремизам и влијание на социјалните мрежи врз градењето ставови на популацијата ( слобода на говор)

  „ Ако не веруваме во слобода на говор за тие кои не ни се допаѓаат, тогаш не веруваме во тоа воопшто “ - Noam Chomsky Овој текст ќе биди голем микс за слобода на говор и колку „далеку“ е доволно „далеку“ во полед социјална експресија. Без разлика дали се работи за политичка експресија или не, можи да се увиди екстермизам во ставови кај голем број на луѓе, или барем во најгласните луѓе во онлајн светот. Не е спорно дека секогаш имало екстермизам по ставови, но која е причината за негово постоење денес? Во претходни текстови (  Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност ) увидовме дека луѓето имаат тенденција да се групираат со луѓе со кои имаат исти или слични ставови, и со избегнување на разговор и дискусија со неистомисленици се продлабочуваат повеќе во своите ставови. Тоа можи да се увиди и во минатото кога се немало голем избор на не- исто мисленици и укажување на непопуларен став можи да значи да бидат социјално изолиран...

Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот? Поврзаност меѓу ниска самодоверба и социјални мрежи.

 „ Ниска самодоверба влијае на се, од начинот на кој се гледаш себеси, кариерата па се до начинот на одржување на врски “ Како луѓе, се што мислиме и карактеристики кои ги имаме доаѓаат до претходни искуства, дали тоа биле позитивни или негативни. Со секојдневното користење на социјални мрежи, тие стануваат уште еден фактор кој е дел од нашите искуства кои влијаат врз нашиот психолошки и социолошки развој. Социјалните мрежи се поврзани со повисоко ниво на осаменост, завист, анксиозност, депресија, нарцисоидност и намалени социјални вештини, но и доста често проблеми со самодовербата, најчесто негативни ( прв линк во референци ). Ова е главниот фокус на овој текст, односно ќе ги увидиме ефектите од социјалните мрежи, како и колку влијаат врз расположението на индивидуата и како може да влијаат врз карактерот.  Како изгледаат проблемите со самодовербата?  Прво мора да се разграничи, што се подразбира под поимот самодоверба ? Самодоверба е мислењето кое некоја индивидуа го и...

Kако социјалните медиуми влијаат на љубовниот живот?

  „Целта на онлајн дејтин е побрзо да се оди офлајн“  Социјалните медиуми ни помагаат да останиме во контакт со најблиските на полесен начин, но следователно, имаат голем ефект врз дејтинг и љубовен живот. Сите гледаме какви проблеми имаат луѓето околу нас - кој на кој лајкнал, дали ја виде пораката, за колку време врати на пораката и слично. Некогаш дури и ќе видиме нешто прерано, за што не сме спремни, поради социјалните мрежи. Дали социјалните мрежи ни олеснуваат љубовниот живот, или пак нахнадно го отежнуваат? Краткиот одговор е - и двете. Тие ни овозможуваат да имаме потрајна комуникација и попостојана што е позитивно и е особено важна за врски на далечина или каде нема можност за чести физички средби. Од друга страна, одредени парови чувстуваат нахнаден притисок во врската обидувајќи се да најдат смисла на секој клик. Во овој текст ќе увидиме како се може да влијаат и веќе влијаат социјалните мрежи на љубовниот живот, вклучително и рпедности, но и негативни страни. Но, и...

Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност

„ Како да ги држиме луѓето одговорни за своите грешки, и во исто време да останиме во допир со нивната човечност доволно за да веруваме во нивниот капацитет да бидат трансформирани “ - Бел Хукс Во последно сме сведоци на многу јавни исклучувања, на многу јавно уништени кариери каде никој не сака да се асоцира со „исклучениот“ терајќи го во изолација. Текстов одамна сакав да го пишам, а изминатиот месец беше добар потсетник да го почнам со нова исклучена личност секој втор ден. Теми кои ќе се обработуваат се правото на слобода на изразување и суштината на политичката коректност, но и тоа како влијае културата на исклучување и нејзиниот ефект врз природниот раст на личноста, исто така ќе зборуваме за опасни идеологии. Текстовите овој месец, барем дел од нив, имаа за цел да се поклопат со овој текст за да не е непотребно опсежен. За да можиме да продолжиме понатаму, ќе мора да се разбери поврзаноста и важноста на критичкото мислење обработено во текстовите „ Теории на заговор: граница меѓ...