Posts

Showing posts from May, 2021

Водење дневник како поткрепа на менталното здравје

Image
Многу често кога некој има претек на емоции, нешто што го велиме најчесто е „ кажи го да ти олесни “ или „ извај го лошото од тебе “ и слични фрази. И што е доста важно да се заклучи е, ова се дел од тие фрази кои уствари навистина можат да помогнат во дадена ситуација.  Држење на емоциите внатре можи само да ни наштети . Но, зошто ако оставиме да ни е лошо, уствари ни е подобро? Истиснување на емоции не значи дека тие престануваат да постојат, туку скриени, без да сме свесни за нив, тие почнуваат и продолжуваат да растат и стануваат помоќни, „полоши“ и можат да нанесат само поголема штета. Затоа и се вели дека е доста важно емоциите да ги вадиме од нас, или „негативната енергија“, „лошото“, како и да одбериме да се поставиме кон ситуацијата.  „ Колку повеќе ги криеме емоциите, толку повеќе се покажуваат. Колку повеќе ги негираме чувствата, толку повеќе растат .“ - Непознат автор Штом заклучивме дека вадење на емоциите е доста добро за нашето ментално здравје, треба да увидиме на кои н

Среќен прв роденден на блогот!

Image
С р е ќ е н п р в р о д е н д е н н а б л о г о т ! Дефинитивно не се чувстувам како да поминало една година и сосем случајно видов дека уствари 13 е роденден на блогот. Идејата за него ја имав неколку месеци ама гледајќи колку „често“ постирам прави смисла дека го отворив неколку месеци покасно, импулсивно. И ме правеше среќна многу долго. И уште ме прај само што не можам да додржам со интензитетот ради „непознати“ причини.   Идејата секогаш ми беше блогот да биди слободно место каде можам да пишам то шо сум научила низ процесот на образование и што уште учам, што од пракса, што од други места. Честопати пробав да се цензурирам на одредени теми, да пишам политературно и слично, но секогаш, во се што правам сакам да се познава мојот карактер таму, па се надевам дека веќе гледате преку кратките лични осврти и дијалектот. Затоа и сакам да велам дека пред се блогов е персонален, па после и едукативен.  Годинава јас дефинитивно ќе се обидам да бидам поредовна. Што за вас, што за мене. И з