Posts

Showing posts from September, 2020

Не придржување до мерките за претпазливост: зошто многу луѓе одбиваат да носат маска и да одржуваат дистанца?

 „ Ние треба да го негуваме секој момент со фамилија, не покрај, туку поради овие темни времиња во кои можеме “ - Калеб Харден'22; Guest Room Живееме во невообичаено, кризно време кое можеме да го надминиме со грижа за колективното здравје, грижа која сега вклучува придржување до мерките за претпазливост: носење на маска, дезинфекција и држење на социјална дистанца, а во иднина би вклучило и редовна вакцинација. Мора и да се има во предвид дека одредени индивидуи не можат да носат маски, кое ќе се спомени во текстов, но секој човек кој можи ( повеќето) немаат изговор зошто не носат маска. Меѓудругото ќе се зборува за како правилно се носи маска, зошто е важно да се носи и која е психологијата зад луѓето кои не носат маски. Во раните денови на COVID-19 CDC ( Centers for Disease Control and Prevention) изјави дека здрави лица не мора да носат маска, но не многу покасно ( Април 3) предлага сите да носат маска за максимална заштита. Нормално, многу луѓе беа збунети од ова, но реалноста

Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот? Поврзаност меѓу ниска самодоверба и социјални мрежи.

 „ Ниска самодоверба влијае на се, од начинот на кој се гледаш себеси, кариерата па се до начинот на одржување на врски “ Како луѓе, се што мислиме и карактеристики кои ги имаме доаѓаат до претходни искуства, дали тоа биле позитивни или негативни. Со секојдневното користење на социјални мрежи, тие стануваат уште еден фактор кој е дел од нашите искуства кои влијаат врз нашиот психолошки и социолошки развој. Социјалните мрежи се поврзани со повисоко ниво на осаменост, завист, анксиозност, депресија, нарцисоидност и намалени социјални вештини, но и доста често проблеми со самодовербата, најчесто негативни ( прв линк во референци ). Ова е главниот фокус на овој текст, односно ќе ги увидиме ефектите од социјалните мрежи, како и колку влијаат врз расположението на индивидуата и како може да влијаат врз карактерот.  Како изгледаат проблемите со самодовербата?  Прво мора да се разграничи, што се подразбира под поимот самодоверба ? Самодоверба е мислењето кое некоја индивидуа го има за себе. Зд

Како изгледа ефективно учење?

  „Едукацијата е најмоќно оружје кое ќе ти овозможи да го смениш светот“ - Нелсон Мандела   Има многу начини на учење и брзината и квалитетот зависат од многу фактори. Постигнатиот успех во учењето освен од интелектуалните способности на ученикот во голема мера зависи и од начинот на проучување односно од развиеноста на стратегиите и вештините на учење на ученикот. Од што зависи ефективното учење? Когнитивните стратегии, кои се донесуваат на сознајни способности, како што се: перцепција, мислење и помнење, на учење опфаќаат: мотивација за учење одредување оптимален однос меѓу делови на материјалот поврзување на стари информации со нови одржување внимание повторување Стратегиите на учење за да бидат ефективни, оној кој учи треба да поседува: знаење за себе, своите способности, навики, интереси, надворешни услови на учење познавање на задачите кои треба да ги научи затоа што за различни видови на задачи бараат различни вештини и начини на работа познавање на вештините на учење како упра

Креативно мислење кај децата и надареност

  „Креативно мислење инспирира идеи. Идеите инспирираат промена“ - Barbara Janoszkiewicz Креативноста е една од клучните зборови во истражувањето на човековата природа чија популарност континуирано расте во текот на втората половина на дваесеттиот век. Креативноста е ментален процес на создавање на нови идеи, концепти, проблеми, решенија или нови врски меѓу постоечки идеи. Етимолошкото значење на овој поим потекнува од латинскиот збор ''creare'' што буквално значи „да се создаде“. Многу е важно да се развива креативното размислување кај децата и да се мотивираат да мислат „надвор“ од кутијата.  Когнитивни аспекти на креативноста Креативноста е комплексен невро- психо- филозофски феномен кој ја вклучува и способноста да се разберат и изразат новите реконструирани односи. Според Гилфорд за креативноста како процес значајно е дивергентната и конвергентната мисловна продукција. Дивергентната продукција подразбира создавање низа решенија за еден проблем. Конвергентната про

Како влијаат презаштитнички настроените родители врз развојот на детето?

  „Многу родители би направиле се за нивните деца освен да ги остават да бидат себеси“ - Бански Не постои книга за тоа како да се биде родител и многу родители поведени од различни причини се поставуваат на начин кој може да биде многу поразителен за детето. Тука спаѓа презаштитиничкото родителство или кажано народски „дете држено во стаклено ѕвоно“ на кое не му се дозволува да го искуси светот со цело добро и лошо, но и после одредена возраст се смета дека можи да се снајди само иако до тој момент беше штитено. Во овој текст ќе зборуваме точно за ова и за тоа како неискусувањето на светот и неприфаќање критика носи до последици на менталното здравје кај децата. Како изгледа презаштитничко родителство? Важно е да се запрашаме, која е границата кај родител кој има оправдана грижа за своето дете и родител кој ја надминува таа граница? Претерување - родител кој е презаштитнички настроен е премногу присутен во животот на детето и многу често претерува со своите реакции. Ситуациите ги вади

Настава за време на корона: традиционална настава vs онлајн настава ( предности и недостатоци)

 „ Едукацијата е пасош за иднината, затоа што утре припаѓа на тие кои се подготвуваат денес “ - Малком Екс Со почетокот на новата учебна година, Септември на овој блог ќе биде посветен на образование, едукација, дисциплина и генерално теми кои го опфаќаат психофизичкото здравје на децата. За почеток на месецов ќе биде тема која беше беше актуелна во текот на целиот летен период, а тоа е дали децата да се вратат во училишните клупи во форма на традиционална настава во училница или да се продолжи настава онлајн? Мислењата на темава се многу поделени и баш затоа во овој текст пред се ќе зборуваме за важноста на квалитетното образование, а потоа за предностите и недостатоците на двата начини за обавување на настава. Важност на образование и едукација во едно општество Со леснотија може да се заклучи дека ние, како луѓе, не би биле каде што сме без образование и учење. Едукацијата е многу повеќе од читање и пишување и полека не спрема за остатокот од животот. Што е едукација? „Едукацијата н