Posts

Showing posts from July, 2020

Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност

„ Како да ги држиме луѓето одговорни за своите грешки, и во исто време да останиме во допир со нивната човечност доволно за да веруваме во нивниот капацитет да бидат трансформирани “ - Бел Хукс Во последно сме сведоци на многу јавни исклучувања, на многу јавно уништени кариери каде никој не сака да се асоцира со „исклучениот“ терајќи го во изолација. Текстов одамна сакав да го пишам, а изминатиот месец беше добар потсетник да го почнам со нова исклучена личност секој втор ден. Теми кои ќе се обработуваат се правото на слобода на изразување и суштината на политичката коректност, но и тоа како влијае културата на исклучување и нејзиниот ефект врз природниот раст на личноста, исто така ќе зборуваме за опасни идеологии. Текстовите овој месец, барем дел од нив, имаа за цел да се поклопат со овој текст за да не е непотребно опсежен. За да можиме да продолжиме понатаму, ќе мора да се разбери поврзаноста и важноста на критичкото мислење обработено во текстовите „ Теории на заговор: граница меѓ

Ќотекот како воспитна мерка: зошто не е опција и негативни ефекти врз менталното здравје на детето

„ Дисциплината е помагање на детето да реши проблем. Казната го прави детето да страда затоа што има проблем. За да растиме деца кои решаваат проблеми, фокусирајте се на решенијата, а не на казните “ - Л. Р. Кност Оваа е широка и многу контроверзна тема, особено во нашето поднебје. Од една страна имаме луѓе растени со т.е. „телесни казни“ кои варираат од плескање по газ па се до други делови на телото. Од друга страна имаме луѓе кои се оттргнуваат од традицијата и се оттргнуваат од ваквите казни. Поради ова се покренува прашањето дали ќотекот е лош и какви поткрепи има за точноста? Зошто е толку тешко да се прифатат резултатите од толку различни истражувања? Вo овој текст ќе се зборува во детали за ефектите од тепањето, но и користење казни без физичко насилство и важноста на пријателскиот пристап кон детето.  Зошто некои родители користат ќотек како воспитна мерка?  Родители кои практикуваат казна на дете преку удар, најчесто во форма на удар по газе, го практикуваат ова затоа што см

Психологија на толпата: недостаток на размислување и носење на брзи одлуки

„Несвесното делување на толпата, кое го заменува свесното делување на поединецот, е една од главните карактеристики на денешницата“ - Гистав Ле Бон Во овој текст ќе се зборува за начин на мислење и носење одлуки на толпа према книгата на Гистав Ле Бон „Психологија на толпата“ објавена 1895 година. Во оваа книга Ле Бoн смета дека има неколку карактеристики на психологија зад толпа и тоа: импулсивност, иритабилност, неможност за разбирање, отсуство на критичко мислење, пренагласување на чувства и слично. „ Мнозинството не е способно многу да мудрува, но многу е ревносно на акција “ - Гистав Ле Бон Општи карактеристики Една од главните карактеристики на толпата е дека функционираат како „едно“ односно се намалува поединечниот интелект на сметка на групната реакција. Ова секогаш се изедначува со нивната несвесност. Исчезнува употребата на здрав разум кој е надвладеан од слабиот разум. Интелигенцијата ја губи својата сила и се става акцент на чувствата кои преволадуваат. Што е доста важно

Конфликти: настанување и разрешување

„Дијалогот е најефективен начин да се реши конфликт“ - Тензин Гјатсо, 14ти Далаи Лама Секој човек во својот живот се има соочено со конфликт. И тоа е нормално поради конфликт на интереси, но што е поважно - справување со конфликтите. Во овој текст акцент е ставен на справување со конфликтите овозможувајќи едукација за да разбериме подлабоко како се одвиваат конфликти и од таму како најлесно се разрешуваат. Иако конфликтот е постоење на конфликт на интереси, паралелно мора да постои и конфликтно однесување меѓу страните во конфликтот. Општа е тенденцијта на конфликтот да се гледа како на нешто што задолжително претставува закана за добрите меѓучовечки односи. Тоа е така затоа што справувањето со конфликтот најчесто има грешен пристап или пак се пристапува со страв ради претходно непријатно искуство. Во овој текст ќе се зборува за причините поради кои настанува конфликт и видови на конфликт, но и како ефективно да се разреши без предизвикување негативни чувства преку акцентирање важност

Недостаток на критичко размислување во модерното општество и PC културата

„Политичката коректност убива дискусија“ Критичкото мислење ни е најзаначaјно и ни овозможува анализа на ситуацијата и носење објективен заклучок и одлука. Секој да ги има нашите идеали и светоглед навидум е најдобар пат за иднината, но како би изгледал свет во кој сите мислиме исто? Дали едноумието и прифаќањето нешто слепо за да не сме отфрлени од општеството е иднината која ја сакаме? Дали веќе сме во зачетоци на таква иднина и дали ни одговара? Во овој текст ќе се зборува за важноста на критичкото мислење како алатка за интелектуален развој, како и за важноста на дискусијата која ни овозможува да го видиме светот со туѓи очи, зголемувајќи ја емпатијата и знаењето. „Партијата ти рече да ги негираш доказите на твоите очи и уши. Тоа беше нивната последна, најважна команда“ - 1984, Џорџ Орвел Важноста на критичкото мислење Критичкото мислење е способноста да се мисли чисто и рационално, разбирајќи ги логичките поврзувања меѓу идеите. Исто така подразбира можноста да се обавува рефлекти