Posts

Showing posts from February, 2021

Што е токсична позитивност?

Image
Дали идеалниот свет е свет само со насмевки и позитивна енергија? Дали ние сами ја правиме нашата среќа со нашите мисли? Дали единствената прифатлива реакција е позитивна? Ова се само дел од прашањата кои сакам да ги разгледаме. Прашања кои често ги среќавам како реакција на стресни ситуации пред се. Не велам дека го гледам светот низ негативна призма, и тоа има свои слаби страни, но нешто шо е кога несвесно, а се почесто свесно туркано е - позитивноста. Позитивност по секоја цена. Дури и би рекла дека ова се поврзува со првиот текст за годинава, рангирање на болка, зошто при токсична позитивност често можи да дојди и до рангирање на болка и дури и негирање на многу реално чувство како стрес и болка на сметка на тоа секогаш да сме во добро расположение. Но, кога не се пренагласува позитивноста, апсолутно ни е потребна за здрав емоционален и ментален живот. Што подразбираме под токсична позитивност е, прегенерализирање на среќата, пренагласување и форсирање на оптимизам во секоја ситуа

Црвени знаменца во врска.

Еден ден бев во расположение да пишам црвени знаменца во врска. Читав и примери, а главна инспирација ми беа љубовни проблеми кои ги читам онлајн. Долго време неќев да го објавам текстот зошто осеќам како да ме шамари дур го читам ама сепак, сметам дека е доста важен и сум скоро убедена дека ќе се најди на некој кој се наоѓа во лоша ситуација. Што е важно да се знај за црвените знаменца во врска е дека инцидентно можеби и сите имаме искористено неколку, некогаш несвесно, некогаш сме сфатиле дека сме направиле грешен чекор и сме се исправиле. Кога станува алармантно и кога овие црвени знаменца имаат сила, е кога се се случува во шема. Односно, постои повторување и комбинирање на повеќе црвени знаменца и тие се случуваат постојано и притоа на партнерот- жртва на овие однесувања му влијае на расположението и психофизичкото здравје, самодовербата и генералното расположение.  🚩 Никогаш не се извинува за своето лошо однесување . Безразлика дали има било какво оправдување во однесувањето на