Posts

Showing posts from June, 2020

(Не) прифатеност на хомосексуалност, ефекти врз ментално здравје

„Хомосексуалноста се наоѓа во повеќе од 450 видови. Хомофобијата се наоѓа само во еден“ Јуни е месец на LGBT гордост и само е соодветно месецов да се затвори на тема хомосексуалност, прифатеност и репрезентација во нашата држава и ефекти врз менталното здравје поради добиен третман од околината. Ова е тема на која се зборува многу, особено надвор од нашата држава, но во изминатите години се зборува многу повеќе. Прашања кои ќе се обработат во овој текст се: дали припадниците на LGBT се генерално прифатени во нашата држава, ментален терет од прикривање своја сексуалност од најблиските и околината, дали хомосексуалноста е болест, дали припадниците на LGBT се повеќе склони кон ментални болести поради средински фактор за да се добие слика за животот кој го води еден LGBT човек и какво влијание има (не) прифатеноста врз менталното здравје. Како што кажав и претходно, Јуни е месец на LGBT, но овој текст, овој Јуни, ќе биди посветен на сексуалноста и сексуалната ориентација, а во наредна прил

Токсични врски: како да излезиш од токсична врска?

„Тргни се себеси од луѓе кои те третираат како твоето време да не е важно, како твоите чувства да се безвредни, или како твојата душа да е заменлива“ - С. Мачнут Уште во претходни текстови  установивме дека луѓето се социјални животни, и со мали исклучоци тие се способни емоционално и физички да се блиски едни до други. Како и во останатите аспекти од животот, така и во врските кои ги градиме со другите луѓе, тие мора да се здрави. Како и да е, врските, како и други аспекти од животот, бараат да вложуваме во нив. Ние како поединци, луѓе, не сме совршени. Не сме ние, но не се ни луѓето околу нас совршени: родители, роднини, пријатели, партнер. Ние заемно учиме кои сме и како да комуницираме на начин на кој сите ќе бидеме среќни. Колку си близок со некој шансите се дека знаете како фунцкионира и токму тоа знаење мора да го користиме за градење здрави врски, а не токсични со луѓето кои ни се драги. Важно е да се запомни дека ние не сме клонови, туку засебни индивидуи и одредени врски бара

Растење на посвоено дете: најчести грешки кои ги прават родителите

„ Нема несакани деца, само непронајдени фамилии “ - Национален центар за посвојување Растење дете е огромен предизвик. Растење посвоено дете е уште поголем предизвик. Посвојување е процес каде човек зема старателство врз друг човек, најчесто дете, од биолошки и/ли легални родители. За разлика од вдомувањето, и други системи дизајнирани да се грижат за децата, посвојувањето е трајна промена на статусот. Првото прашање кое си го поставуваат родителите на посвоено дете е дали да му кажиме дека е посвоено? И најчестата грешка е одбирање да му се кажи прекасно, или да не му се кажи воопшто. Но повеќе за тоа покасно.  Зошто луѓето посвојуваат? „За родителството потребна е љубов, не ДНК“ Одлуката за посвојување е многу лична и варира од човек до човек и од семејство до семејство, но има одредени заеднички причини кои може да се одделат.  „ Има места во срцето кои не знаеш дека постојат се додека не сакаш дете “ -  Ан Ламот Поради нефертилност некои парови не можат да имаат биолошко дете и е

Моето дете гледа порно, што сега?

„Повеќето деца ќе гледаат порнографски содржини пред да наполнат 18, ова е проблем со кој се соочуваат сите родители“  За разлика од претходниот текст каде се зборува за деца изложени на порнографија против нивна волја, овој текст зборува за деца, најчесто во пост- пубертетска возраст, кои доброволно гледаат порнографски содржини. Прашање кое ќе се обработува е како родителот треба да реагира кога дознава дека неговотo дете доброволно гледа експлицитни материјали на интернет? Гледање порно од страна на тинејџери не е ништо ново и необично Причини зошто тинејџери гледаат порно варираат. Може да биди затоа што сакаат да бидат кул, а во помали возрасти за да ги импресионираат пријателите, нешто исто како посегнување по пороци како цигари само за да се импресионира некој, и за да се докаже нивната независност. Но, најголем дел од децата кои гледаат порно во пубертетски период е за задоволство и стимулација. Интерес за секс и гледање порнографија за да се задоволат сексуални нагони е сосем

Рана изложеност на порнографија кај деца и ефекти врз идниот сексуален живот

„ Ако децата имаат пристап до уред со Интернет конекција - а можеме да се кладиме дека имаат - подеднакво добра кладба е дека биле изложени на порнографски слики “ - Џенер Росенвеиг, Ms, PhD, MPA Децата со телефон во рака, намерно или не, може многу порано да биде изложено на порнографија од претходните генерации. Има милиони нецензурирани страни на интернет кои го пренасочуваат корисникот кон експлицитни содржини, често грешни и дури и опасни. Тука спаѓа и децата да се изложени на сексуалниот живот на родителите, кое не е инцидентно, а се смета за нормално од одредени родители, за кое ќе се зборува покасно. Доколку се увидат фазите на сексуална зрелост во текстот здрава сексуалност ќе се увиди дека децата немаат интерес за секс, ни пак го разбираат и тоа не доведува до прашањето ако децата не разбираат што гледаат, како уствари тоа ги афектира? Дури и децата да разберат што е секс и важноста на сексот во врската, не е доволно затоа што сликите кои ќе ги видат се врежуваат длабоко во