Posts

Showing posts from November, 2021

Депресија или барање внимание?

Го видовте насловот и се возбудивте? Не, не. Тука не рангираме болка , впрочем, многу сме против тоа. Како велам „ние“, како да не сум сама. Ама често се прави споредбава, депресија или барање внимание, како барање внимание да не означува своја симтоматологија подеднакво важна со било која друга психолошка состојба. Суштината на психолошките проблеми е некои имаат фатални исходи, некои не толку „драстични“ и тука се повлекува линијата кај одредени луѓе дека можи споредба. Дека има полошо. Дека не ти е најлошо. Дека „само“ бараш внимание. А, на што не се посветува внимание е дека сите одредени, помалку „тешки“ психолошки состојби, знат да бидат доста тешки и значајни за индивидуата. Можеби не е голема болка сега. Туку е малку помала болка с е к о ј еден ден. И то е товар шо не се носи од денес за утре, туку товар шо непреќинато го носиме секој ден. Товар шо денес можиме да го носиме, ама утре е потежок иако е навидум ист. То е исто кога вежбаме. Креваме тег од 3 кила. Не е многу. Можиме