Posts

Showing posts with the label Сакам да кажам

Зошто терапевти не смеат да сугерираат и зошто менување терапевт можи да е тешко?

 Одамна не сум споделила Твитер нишка, па вчерашната сега е тука. Зошто психотерапевтите не смеат да сугерираат? Пред се оти носиш одговорност за се шо ќе кажиш. Второ, клиент треба сам да стигни до решение/ увид и не треба да го сервираме на тацна. Ама често ние јасно гледаме нешто што клиентот уште не можи да го види. Затоа терапевт го води разговорот. И со самото водење на разговор ние го насочваме клиентот на шо да мисли и така за иста работа да стигни до свој заклучок. Трето, се користат задачи. Задачите 'функционираат' безразлика дали и како ќе ги извршиш и се стига до заклучок и кај терапевт и кај клиент каков и да е исходот. Тука сакам да се надоврзам на "мит" да го наречам, а то е дека психотерапија се поврзва со советување од страна на терапевт. И многу тоа го очекуваат и си идат разочарани. Жал ми е. Ама терапевт треба да те насочи да стигниш до свој заклучок, а не да ти кажи шо да прајш. Зошто менување на терапевт може да е многу тешко? „Ако не ти одговара...

Како да учиш јазик ефективно?

Image
 Идејата за овој текст ја имав уште кога удрив 365 дена на Дуолинго, и заклучно со денот кога го пишам текстов сум на 515 денови на Дуолинго. И идејата воопшто не ми беше да истражувам и научно да поткрепвам како да се учи зошто такви текстови имаме ( линкови на крајот од овој текст), туку идејата ми беше да иди од место на лично искуство и надеж дека тој личен осврт ете можи ќе му служи во најмала рака како мотивација на некој, а во претходниот текст, а и многу други гледавме како мотивацијата е многу важна алатка генерално.  Така да ќе почнам со ред, еден ден многу сакав да учам Исландски, ама не можев да најдам многу ресурси ( ако би почнала од постоечките ресурси, без дополнителен курс никогаш не би можела да научам доволно) па се решив да учам the-next-best-thing, а то беше Норвешкиот, како држави и јазици шо ми се мене на топ 2 листа. И така пред 515 ( а кога ќе го објавам текстов барем уште +10 дена додадете), отворив прво Дуолинго, со очекување да ми здосади како кога ...

Депресија или барање внимание?

Го видовте насловот и се возбудивте? Не, не. Тука не рангираме болка , впрочем, многу сме против тоа. Како велам „ние“, како да не сум сама. Ама често се прави споредбава, депресија или барање внимание, како барање внимание да не означува своја симтоматологија подеднакво важна со било која друга психолошка состојба. Суштината на психолошките проблеми е некои имаат фатални исходи, некои не толку „драстични“ и тука се повлекува линијата кај одредени луѓе дека можи споредба. Дека има полошо. Дека не ти е најлошо. Дека „само“ бараш внимание. А, на што не се посветува внимание е дека сите одредени, помалку „тешки“ психолошки состојби, знат да бидат доста тешки и значајни за индивидуата. Можеби не е голема болка сега. Туку е малку помала болка с е к о ј еден ден. И то е товар шо не се носи од денес за утре, туку товар шо непреќинато го носиме секој ден. Товар шо денес можиме да го носиме, ама утре е потежок иако е навидум ист. То е исто кога вежбаме. Креваме тег од 3 кила. Не е многу. Можиме...