Posts

Showing posts from January, 2021

Sexual etiquette

Затоа што решив малку почовечка страна да добие блогот, полична и персонална решив дека сакам да зборам на ова прикажувајќи лично мислење, па дури и искуства. Сакам да ја доближам просечната женска реалност кон секој кој за среќа ја нема искусено. Често имам зборувано за секс и недостаток на сексуална едукација и здрава сексуалност кај нас. И тоа што се случува веќе долго време назад, но особено е забележано сега, изминатиов месец, е дека мора активно да се залагаме за едукација на оваа тема, за нормализирање на тоа дека жените, и општо ние како луѓе генерално, сме сексуални битија. И тој дел не можиме да го негираме од себе и мора да го разбериме и да научиме што е прифатливо, а што не во една сексуална врска. Текстот надолу е малку тежок и обработва сензитивни теми, ова како напомена. Прво и најважно би било барање согласност за се што правиме со партнерот . Дали било тоа нешто невино како бакнеж, праќање на голи слики или пак посериозно како секс, согласноста и заедничката почит м

Рангирање на болка: чест феномен кој треба да ни служи како утеха, но како устварни влијае на човекот на кој му треба поддршка?

Image
После  кратка  пауза од блогот, прва тема со која решив да се вратам е „ рангирање на болка “. Сигурно ова на сите ви е слушано, а многу често и изустено и тоа целосно добронамерно дали кон себе или кој некој друг. Што мислам тука е намалување на важноста на болката и чувствата на другиот со рангирање на неговата болка, и правење споредба со туѓа ( или своја) болка. Важно е да се знае, сите различно се справуваме со болка, физичка и емоционална. Сите различно реагираме на болка и сите имаме различно ниво на толеранција.  Некогаш се случува да се чувстуваме лошо за оценка, паѓање на испит и тука се јавуваат чувства како „ Ама зошто се чувстувам вака? Ова е само оценка “. И безразлика дали е само оценка, стресот кој го осеќаме поради неа е реален и релевантен и остава траг на нашето ментално здравје. Не е помалку важен стрес за да се осеќаме виновно дека го осеќаме. Ова беше од аспект како себеси можиме да си правиме рангирање на болката која ја чувстуваме. Од друга страна, за истата си