Posts

Showing posts from October, 2020

Парасоцијални врски: колку се слични со реалните интерперсонални врски?

 „Ј ас сум во врска со фиктивен лик “  Дали некогаш си се двоумел што би правел лик од филм, славна личност или телевизиска личност во одредена ситуација, дури и кога не ги гледаш на телевизија? Дали си се почувствувал близок со лик или славна личност иако никогаш не си ги запознал во живо? Доколку си почувствувал нешто од ова, си имал парасоцијална интеракција, и најверојатно врска со таа личност. Парасоцијалните врски се модерен проблем кој се значително се зголемува со развиток на технологијата. За да можи да се зборува нахнадно на оваа тема, мора прво да се разбери, што е парасоцијална врска? Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „ интеракција “ со некоја личност на интернет или телевизор. Најчесто оваа врска е меѓу познати личности кои ги обожуваат, но многу се зголемува со подемот на Јутубери кои на еден начин се обраќаат кон својата публиката и имаат одредена врска со нив и комуникација, но не доволна за да би се

Зошто сакаме да се плашиме? Halloween, страшни приказни, хорор филмови и опседнати места.

 „ Чудовиштата се вистински, и духовите се исто така вистински. Тие живеат во нас  и некогаш, тие победуваат. “ - Stephen King, ''The Shining' '  Може јасно да се увиди дека голем дел од луѓето имаат афинитет кон содржина која се карактеризира како страшна, грозна и генерално содржина која те држи на врв од столицата. Но, голем број луѓе во сосем истите ситуации реагираат сосем спротивно. На што се должи ова? Зошто одредени луѓе сакаат да бидат уплашени и која е психологијата зад тоа? Зошто луѓето сакаат да се плашат? Иако овој текст ќе се концентрира повеќе тематски на самиот месец Октомври и денот на вештерката, не значи дека луѓето сакаат да бидат плашени само пред екран, или на оспеднати места. Тука спаѓаат и екстремни спортови, за кои ќе зборуваме некој нареден пат подетално, но и други побезбедни активности кои ни го креваат адреналинот како рингишпил, „луда железница“ или Ролеркостер и слично.  Кога си во потенцијално опасна ситуација, но нема реална опасност и т

Зошто луѓето се екстремизираат: политички екстремизам и влијание на социјалните мрежи врз градењето ставови на популацијата ( слобода на говор)

  „ Ако не веруваме во слобода на говор за тие кои не ни се допаѓаат, тогаш не веруваме во тоа воопшто “ - Noam Chomsky Овој текст ќе биди голем микс за слобода на говор и колку „далеку“ е доволно „далеку“ во полед социјална експресија. Без разлика дали се работи за политичка експресија или не, можи да се увиди екстермизам во ставови кај голем број на луѓе, или барем во најгласните луѓе во онлајн светот. Не е спорно дека секогаш имало екстермизам по ставови, но која е причината за негово постоење денес? Во претходни текстови (  Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност ) увидовме дека луѓето имаат тенденција да се групираат со луѓе со кои имаат исти или слични ставови, и со избегнување на разговор и дискусија со неистомисленици се продлабочуваат повеќе во своите ставови. Тоа можи да се увиди и во минатото кога се немало голем избор на не- исто мисленици и укажување на непопуларен став можи да значи да бидат социјално изолирани. Исто т