Posts

Showing posts from August, 2021

Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?

 Постојано слушаме вести, и читаме, за насилство врз животни кај нас, но и надвор од нашата држава, како на пример Јулин Фествалот во Кина. Препорачувам да НЕ продолжите со читање ако оваа тема ви створа стрес и е тригер затоа што детелано ќе се зборува за насилство. Само оваа година сме сведоци на низа настани кои вршат насилство врз животни како: сечење екстермитети, бесење, убивање со пушка и секира, фрлање отров и слично. Прашањето кое сакам да го покренам тука е: како ова влијае на нас? Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?  Насилството врз животни и луѓе се смета дека е поврзан проблем и од таму се истражувала таа поврзаност. Насилството врз животни се смета како рани знаци на идно насилство врз луѓе. Нормално, ова не значи дека секогаш е случајот и тука ќе увидиме кога е и каков е ефектот кај луѓето кои вршат насилство врз животни, но и врз луѓето кои се сведоци на тоа насилство. Поврзаноста на овие две насилства се нарекува „the link“ или „линкот“.  Ample  ис

Техники против прокастинација

Сите некогаш се случува да одложиме нешто. Но, настанува проблем кога овој начин на функционирање ни е секојдневие и влијае неповолно на нашиот секојдневен живот. Оваа тема ја почнавме претходно во текстот за мотивација  и предлагам да се виде и тој претходно затоа што се зборува и за мотивацијата која е тесно поврзана со денешната тема. Но, за разлика од тој текст, тука директно скокаме на поентата. За да може да совладаме одреден проблем, прво треба да сфатиме што е тој проблем. Од тука се крева прашањето - што е прокастинација? Сите понекогаш одложуваме, но кога тоа го правиме постојано и постојано бараме нешто да ни земи внимание - се работи за прокасинација. Прво прокастинацијаа се поврзува со ниска самоконтрола, но покасно и намалено ниво на мотивација поради првично разочарување ради ненавремено исполнување на целите. Дури се теоризира дека прокастинаторите се перфекционисти кои радо не би направиле нешто наместо да не го направат „совршено“. Друга група прокастинатори смета дек