Posts

Showing posts from February, 2022

Зошто терапевти не смеат да сугерираат и зошто менување терапевт можи да е тешко?

 Одамна не сум споделила Твитер нишка, па вчерашната сега е тука. Зошто психотерапевтите не смеат да сугерираат? Пред се оти носиш одговорност за се шо ќе кажиш. Второ, клиент треба сам да стигни до решение/ увид и не треба да го сервираме на тацна. Ама често ние јасно гледаме нешто што клиентот уште не можи да го види. Затоа терапевт го води разговорот. И со самото водење на разговор ние го насочваме клиентот на шо да мисли и така за иста работа да стигни до свој заклучок. Трето, се користат задачи. Задачите 'функционираат' безразлика дали и како ќе ги извршиш и се стига до заклучок и кај терапевт и кај клиент каков и да е исходот. Тука сакам да се надоврзам на "мит" да го наречам, а то е дека психотерапија се поврзва со советување од страна на терапевт. И многу тоа го очекуваат и си идат разочарани. Жал ми е. Ама терапевт треба да те насочи да стигниш до свој заклучок, а не да ти кажи шо да прајш. Зошто менување на терапевт може да е многу тешко? „Ако не ти одговара

Како да учиш јазик ефективно?

Image
 Идејата за овој текст ја имав уште кога удрив 365 дена на Дуолинго, и заклучно со денот кога го пишам текстов сум на 515 денови на Дуолинго. И идејата воопшто не ми беше да истражувам и научно да поткрепвам како да се учи зошто такви текстови имаме ( линкови на крајот од овој текст), туку идејата ми беше да иди од место на лично искуство и надеж дека тој личен осврт ете можи ќе му служи во најмала рака како мотивација на некој, а во претходниот текст, а и многу други гледавме како мотивацијата е многу важна алатка генерално.  Така да ќе почнам со ред, еден ден многу сакав да учам Исландски, ама не можев да најдам многу ресурси ( ако би почнала од постоечките ресурси, без дополнителен курс никогаш не би можела да научам доволно) па се решив да учам the-next-best-thing, а то беше Норвешкиот, како држави и јазици шо ми се мене на топ 2 листа. И така пред 515 ( а кога ќе го објавам текстов барем уште +10 дена додадете), отворив прво Дуолинго, со очекување да ми здосади како кога учев Фран