Рана изложеност на порнографија кај деца и ефекти врз идниот сексуален живот

Ако децата имаат пристап до уред со Интернет конекција - а можеме да се кладиме дека имаат - подеднакво добра кладба е дека биле изложени на порнографски слики“ - Џенер Росенвеиг, Ms, PhD, MPA

Децата со телефон во рака, намерно или не, може многу порано да биде изложено на порнографија од претходните генерации. Има милиони нецензурирани страни на интернет кои го пренасочуваат корисникот кон експлицитни содржини, често грешни и дури и опасни. Тука спаѓа и децата да се изложени на сексуалниот живот на родителите, кое не е инцидентно, а се смета за нормално од одредени родители, за кое ќе се зборува покасно. Доколку се увидат фазите на сексуална зрелост во текстот здрава сексуалност ќе се увиди дека децата немаат интерес за секс, ни пак го разбираат и тоа не доведува до прашањето ако децата не разбираат што гледаат, како уствари тоа ги афектира? Дури и децата да разберат што е секс и важноста на сексот во врската, не е доволно затоа што сликите кои ќе ги видат се врежуваат длабоко во меморијата. Затоа и многу производи во маркетинг светот се презентираат на сексуализиран начин - привлекува внимание. Тоа е само уште еден начин како децата прерано се изложени на сексуализација и порнографија. 

Колку рано се изложени децата на порнографски содржини?

Во истражување во универзитетот од New England, студентите увиделе дека 93% од машките и 62% од женските деца биле изложени на порнографија во адолесцентен период. Машките деца имале поголеми шанси да бидат изложени на порнографија од женските, додека изложеноста на сексуални содржини кај женските најчесто било против нивна волја. Чувствата кои ги доживеале при откривањето порнографија варираат од позитивни чувства како возбуда и среќа, до негативни чувства како срам, вина и гадење. 

Други истражувања укажуваат дека 1 од 10 деца под 10 години имаат сретнато и гледано порно и дека просечна возраст на изложеност е 11 години. Истражувњата од Bitdefender укажува дека 10 годишни деца пополнуваат 22% од популацијата под 18 години која гледа порно. Оваа информација е сама по себе поразителна укажувајќи на тоа дека младата популација учи за сексот и сексуалната едукација од порно видеа воглавно градејќи грешна слика за сексот. 

Како порнографијата влијае на децата?

Како најважна последица од ( рана) порнографија е искривена слика за што уствари претставува сексот, и доколку детето нема соодветна сексуална едукација, порнографијата му служи како примарно место за едукација за нешто кое е ново и возбудливо, притоа не добиваат вистинска слика за реален секс, ни пак како да се заштитат од бременост и сексуално преносливи болести. Исто така раната порнографија се врзува со рано започнување на сексуални активности, притоа најчесто имајќи ризичен и незаштитен секс за кое ќе биди пишано во наредните точки.
  • Рано сексуално искуство не е условено само од порнографијата туку и од филмовите кои се несоодветни за возраст и се сексуализирани. Поддржано е дека тинејџери кои гледаат филмови или слушаат музика која промовира пиење, користење дрога и насилство имаат тенденција да ги вршат истите дејствија. Истражување од 2012 објавено во Psychological Science, тврди дека тинејџери изложени на сексуални материјали во филмови и порнографија резултира со почеток на сексуални активности рано, и најчесто со незаштитен секс, без соодветна сексуална едукација.
  • Високо ризичен секс колку порано детето е изложено на порнографија и колку порано почни со сексуални активности, шансите се дека таквите сексуални активност се високо ризични. Тоа е така поради недоволна информираност и недостаток на сексуална едукација, па детето не знае како соодветно да се заштити. Во истражување од страна на доктор Џенинг Брајант, повеќе од 66% од момчињата и 40% од девојчињата изјавиле дека сакаат да пробаат сексуални активности кои ги имаат видено и до средно веќе ги имаат пробано, со што се зголемува ризик за невнимание, сексуално преносливи болести и несакана бременост. 
  • Зависности со секс, љубов и врски не значи дека ако некое дете е изложено на сексуални содржини дека ќе има посериозни последици по менталното здравје. Но, во истражување со 932 зависници од секс, кај 90% од мажите и 77% од жените беше врзано со рана изложеност на порнографија. 
  • Сексуална насилност се шпекулира дека рана изложеност на порнографија може да се поврзи со обиди за насилен секс и фетишизми за таков секс, исмевање, малтретирање па дури и силовање.
Но сепак, нешто кое беше споменато претходно, е нереалната слика за сексот, како најчест негативен ефект од порнографијата. Несигурноста за сексот или при искуство кога нешто не е како тоа што е видено доведува до „сексуална несигурност“ и може да се поврзе и со сексуално незадоволство, анксиозност и страв. Исто така порнографијата може да гради грешни двојни стандарди за активна машка сексуалност во споредба со пасивна женска сексуалност. Машки адолесценти кои често гледаат порно, има поголеми шанси да ја објектифицираат жената, и да поддржува сексистички ставови од типот „си го барала“. Исто така порнографијата охрабрува сексуално насилство.

Како да ги заштитиме децата од рано и прекумерно изложување на порнографија? 

Најважна би била отворена комуникација меѓу родителот и детето за да може да му се укажи на вистинската опасност. 
  • Треба да се знае што гледа детето и доколку налета на несоодветни содржини да се искористи ситуацијата да се разјасни што не е јасно и да им се одговорат прашањата доколку ги имаат.
  • Сподели ги своите мислења и вредности во врска со сексот и врските.
  • Зборувај со твоето дете за репрезентацијата на сексот, врските и родовите улоги и учете го да се сомнева во точноста на пораката која ја добива. 
Важно е да комуницираме со детето и да го поттикнуваме неговото критичко размислување. Младите луѓе не се пасивни конзумери на порнографија. Критичкото размислување овозможува да се размисли за пораката која се добива со сите позитивни и негативни страни. Ова ќе помогне да разликуваат онлајн порнографија од нивните лични сексуални искуства и потреби. Следно е многу важно да се работи на дигитална писменост на детето. Родителите тука ги охрабруваат децата да учат за ризиците и придобивките од интернет комуникацијата и да бидат свесни за начинот на кој се одвива истата. И нешто кое често се занемарува е имањето поддршка. Деца и тинејџери кои биле изложени на порнографија треба да можат на здрав начин да се справат со тоа. Доколку детето е изложено на вакви содржини канцеларијата за е- заштита на деца во 2016 година, советува:
  1. Охрабри го детето да зборува за тоа што го вознемири.
  2. Дајте му до знаење дека нема да биде казнето ако признае дека гледало несоодветни содржини.
  3. Едуцирајте го дека доколку некој му прати несоодветни содржини - да кажи. 

Изложеност кај децата на сексуалниот живот на родителите

Дали е во ред да се има секс со детето во соба? Секој родител сака да го раздели својот родителски живот од својот сексуален живот и многу често се тоа се одвива по план, но некогаш се нема услови за засебна соба или можи да се случи инцидентно упаѓање на детето во собата за време на сексуален акт. Но, оваа тема е зборувана многу: дали зависи од возраста или можеби нема врска? Што ако се нема услов за засебна соба? Што ако детето спие? Психологот Ема Кени за Daily Mail тврди дека ова е врзано со возраста. Се става нагласок на сексот за одржување на интимноста во врската, но кога се во прашање децата не сакаш да ги вознемириш. Приватноста и интимноста треба да се одделени од родителството. Сексот не е нешто кое едно дете може да го разбери и може да помисли дека родителите се повредуваат. Исто како и со советите за порнографија, доколку децата улетаат во соба за врема на сексуален чин, важно е да се остани смирен и да им објасните што уствари се случува за да не прават сами претпоставки. Доколку не им се објасни, шансите се дека сами ќе скокаат до заклучоци. 

Имање секс во соба со дете е ризично и повеќе експери тврдат дека е врзано со возраста. Мишел Борба, автор на книгата „Големата книга за родителски решенија“ тврди дека ако дете е помало од 6 месеци, нема зошто да се грижите дали би имале секс во иста соба или не и дека поверојатно е дека нема да има проблеми туку само среќни и задоволни родители. За повозрасни бебиња и деца е веќе покомплесна територија. Дете до 2г. се плаши да биде само, па мора да спие за да би имале родителите секс. Доколку не спие, или се разбуди за време додека родителите имаат секс, може да ја сфати ситуацијата како таткото да ја повредува мајката. Од друга страна Иан Кернер Ph.D. и автор на книгата „Тој доаѓа следен“ тврди дека подобро е за мајката да не е во иста соба со бебето за време на секс за да можи целосно да се релаксира. Со предшколски деца и школски деца е далеку од препорачано да се има секс во иста соба.

Твојата врска е важна, но стави ја напред благосостојбата на твоето дете“ - Ејми Ленг

Ленг објаснува дека децата не разбираат што се случува и слушање и гледање на сексуални активности на родители може да ги вознемири. И се ова е одговнорност на родителот за да ги заштити. Кај деца кои се способни да гледаат телевизија сами, може да им се објасни дека родителите имаат повремени потреби да бидат сами во засебна соба, безразлика за што, тврди Кернер. Тие моменти на приватност можи да бидат за било што, не само за секс, но кога детето ќе се навикни на ситуацијата може да се искористи и за секс. 

Заклучок

Можеби е невозможно целосно да ги заштитиме децата од порнографија, па дури и инцидентна забелешка на сексуалниот живот на родителите, но важно е да знаеме како да се справиме со ситуацијата покасно. Градење пријателски однос со детето кој води до здрава и отворена комуникација е „тактика“ која треба да се користи во секој аспект од родителството.

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Референци ( и дознај повеќе): 


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита