Креативно мислење кај децата и надареност

 „Креативно мислење инспирира идеи. Идеите инспирираат промена“ - Barbara Janoszkiewicz

Креативноста е една од клучните зборови во истражувањето на човековата природа чија популарност континуирано расте во текот на втората половина на дваесеттиот век. Креативноста е ментален процес на создавање на нови идеи, концепти, проблеми, решенија или нови врски меѓу постоечки идеи. Етимолошкото значење на овој поим потекнува од латинскиот збор ''creare'' што буквално значи „да се создаде“. Многу е важно да се развива креативното размислување кај децата и да се мотивираат да мислат „надвор“ од кутијата. 

Когнитивни аспекти на креативноста

Креативноста е комплексен невро- психо- филозофски феномен кој ја вклучува и способноста да се разберат и изразат новите реконструирани односи. Според Гилфорд за креативноста како процес значајно е дивергентната и конвергентната мисловна продукција.

  • Дивергентната продукција подразбира создавање низа решенија за еден проблем.
  • Конвергентната продукција е создавање едно решение за проблемот. 
Надареноста не мора да значи креативност, а од друга страна креативноста значи надареност. 
Според Стеванович ( 1999) ги издвојува важните особини кои ги носат со себе учениците, за препознавање на креативноста. Карактеристики кои ги поседуваат креативните ученици се:
  • многу активни
  • вредни
  • комуникативни
  • снаодливи
  • радознали
  • читаат
  • сигурни во себе
  • самостојно решаваат проблеми и слично.

Социјални фактори во развојот и поттикнувањето на креативноста кај учениците


Главен показател за правилен креативен развој на личноста претставува поврзаноста со социјалната средина, ефикасноста и снаодливоста во креативното делување кај учениците. Тоа е така бидејќи независноста во голема мера зависи од слободата на креативното изразување на идеи, мисли и акции. 

Раното изразување на креативноста треба да се разгледува во контекст на условите кои придонесуваат за развој на креативноста на личноста, оние кои предизвикуваат креативни реакции и однесувања и помагаат за креативна продукција. Тоа ќе овозможи подобро да се запознаат посматраните феномени и да се дадат препораки за обликување на средина која ќе биде стимулативна за изразување и развој на креативноста во периодот на детството и младоста.

Постојат две спротиставени гледишта во врска со ова:
  • Не треба да се спроведува рана идентификација бидејќи постои неиздиференцираност на способностите, неразвиеност на мотивација и одсуство на вештините за креативна продукција.
  • Треба да се спроведува рана идентификација на креативноста при што ќе се нагласи поддршката на децата кои имаат одредени способности и кои се талентирани за одредена област.

Како да препознаеш креативно дете?


Креативните деца имаат можност да бидат успешни во многу полиња. Од таму, талентот кај ваквите деца можи да биде идентификуван рано и негуван соодветно. Креативноста е дар.

„За да се живее креативен живот мора да се остави нашиот страв да грешиме“ 

Претходно споменавме низа на карактеристики кои ги поседува креативното дете. Малку поконкретно можи да се речи дека дете кое е креативно има голема имагинативна сила затоа што фантазијата има огромна улога во креативниот развој на детето. Фантазиите и замислените светови се првиот чекор кој ги носи децата поблиску до креативен живот. 

Децата се често надвор од контрола и треба да се дисциплинираат и тоа е сосем во ред. Но, надарено дете доста често има самодисциплина. Често се гледаат наклонети кон ред и кон систематичност. Друга карактеристика е силна меморија која ја поседуваат, иако генерално деца имаат добра меморија поради тоа што учат вештини брзо.

Следно, надарено дете се асоцира со интерес за уметност и цртање, но исто така доста е важна љубопитноста и желбата за учење.

Заклучок


Иако има поделеност во ставови за рака идентификација на креативност, не е на одмет да се прави идентификацијата рано за да можи детето да се насочува соодветно и да се негува таа надареност. Идентификација на креативно дете отвора можност за работење на таа креативност во корист на детето. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

Референци ( и прочитај повеќе):

„Психологија на образование ( скрипта за интерна употреба)“ од проф. д-р. Кимова Ѓорѓина; стр. 30-31
„Психологија на надареност ( скрипта за интерна употреба)“ од проф. д-р. Кимона Ѓорѓина и проф. Кузмановска Марина; стр. 90-95 и 114-115

Comments

Popular posts from this blog

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

Здрава сексуалност