Диети, пореметувања во исхранта и најважно: зошто рестриктивните диети се толку популарни и широкораспространети?
„ Не си копај гроб со сопствениот нож и вилушка “ - стара англиска поговорка Една од темите на кои многу сакам да зборувам е „ зошто е диет културата толку популарна и широкораспространета? “, но за да стигнам до таму мора прво да се увиди што се диети, какви ги има и кои се добри за телото, а кои не. Па покасно ќе може да се увиди зошто диетите се популарни и кои диети се најчесто применувани и дали се здрави и како ние ги перцепираме и зошто запаѓаме во диет културата. Поим: диета, балансирана храна, калории, макронутриенси Под поимот диета се подразбира било каков начин на исхрана кој го има еден човек, животно или општеството. Поимот „диета“ се користи најчесто за рестриктивните диети, кога во суштина опфаќа било каков начин на исхрана кој може да варира од многу не здрав до многу здрав. Рестриктивна диета може да биде за намалување тежина, за која ќе зборуваме во текстов и најчесто привремено, но може да биде и трајна кога мора да се исфрлат одредени јадења ради ...