Менталното здравје за време на социјална дистанца и после олабавување на мерките

Човекот по природа е социјално животно; индивидуа која е несоцијализирана природно, а не инцидентно е надвор од нашето разбирање. Општеството е нешто кое ја надминува индивидуата.“ - Аристотел

За подобро да се разбери зошто социјалната дистанца ќе има голем ефект врз просечниот човек и општеството мора да се разбери дека човекот во суштина е социјално суштество кое, безразлика дали спаѓа во категорија екстроверт или интроверт, во кората на неговото постоење се содржи социјалниот аспект. Тоа укажува дека човекот надвор од општеството не можи да преживее затоа што ќе тежнее да се социјализира, и ако преживее, не без одредени загуби. Социјалната дистанца удира директно во суштината на човекот и затоа мора да се преземат мерки за заштита на менталното здравје. 

Промени во менталното здравје за време на изолација

Промените во менталното здравје, зависно дали индивидуата е високо социјализирана или ниско, и зависно дали индивидуата е ригидна или флексибилна, промените може да варираат од благи, до умерени и многу големи. Покрај промени во расположението, важен фактор е појава на психосоматика, односно кога менталните болови избиваат на површината како физички болови. Сепак, земајќи дека ние сме „програмирани“ на еден начин да имаме потреба за мрежа за социјални контакти, социјалната изолација можи да врши стрес на менталното здравје, па и физичкото. Сепак, ради низа фактори, кај возрасна индивидуа, може да дојде до осаменост и поради други причини и затоа прво мора да се разграничи што е социјална изолација, а што е осаменост. Осаменоста не ја чувстуваат сите луѓе исто. На прашање „кој човек е осамен?“ одговорот би бил човекот кој најверојатно живее сам, но и не мора, а во исто време не го добива посакуваното ниво на контакт и социјализација дали тоа било ради повлеченост или поради посериозни причини како висока анксиозност. Од друга страна, на прашање „кој човек е изолиран?“ одговорот би бил човек кој барем еден месец нема никаков контакт со други луѓе. Ова би било во општествени услови кога контактот за искрени и длабоки врски се сведени на минимум, пример ког анекој е во затвор, или поригидна форма на изолација - самица. Доста важно е да се спомени дека социјалната изолација е полиберална од тој аспект затоа што го исклучува само физичкиот контакт, но пред се благодарение на технологијата, овозможува други видови на социјализација. Во некои инстанци се вели дека човек е осамен ако тој не припаѓа во моментот на некаква група. Исто така мора да се заклучи дека, во нормални услови, изолацијата е префериран начин на живот за некои луѓе, иако во многу мал број. Тука можи да се направи претпоставка дека ефектите, за кои ќе зборуваме покасно, од принудна изолација би биле поблаги кај индивидуи на кои изолацијата им е префериран начин на живот, и потешки кај тие кои водат високо социјален живот. Луѓе кои се форсирани во изолација, имаат поголеми шанси да се осетат осамено. За чувство на осаменост не е важна само фреквенцијата на контактите, туку и длабочината на истите, односно луѓето можат да се осетат осамени дури и кога се опкружени со други луѓе. Социјална изолација, со или без осаменост, има голем ефект на морталитетот ради доминантно седечки живот, а со тоа се зголемува ризик за зголемена телесна тежина и посегнување по зависности, како цигари и други наркотици, ради досада. 

Кризни ситуации знаат да бидат многу стресни

Кризните ситуации најчесто ни даваат до знаење дека нешто не е во ред и дека животот ни е во опасност. Главно доминира чувството на страв и анксиозност што го држи телото во неизвесност и константна спремност за борба. Стрес за време на пандемија вклучува:
  • страв и грижа за своето здравје и здравјето на најблиските
  • промени во спиењето
  • промени во шеми на исхрана
  • потешкотии во спиење, инсомнија
  • слаба концентрација
  • влошување на менталните проблеми
  • зголемување на користење на алкохол, цигари и дрога
Како некој би реагирал за време на пандемија зависи од позадината на индивидуата, работите кои се разликуваат од другите, и општеството во кое живее. Луѓе кои можат да имаат поголема реакција би биле:
  • постари луѓе и луѓе со хронични болести кои се со зголемен ризик ради пандемијата
  • деца и тинеџери, дел ради не разбирање на ситуацијата, дел ради неконтролирана паника 
  • луѓе кои се директно засегнати од ситуацијата на пандемија - доктори, болничари, медицински сестри
  • луѓе кои имаат проблеми со зависност поради зголемен ризик за повторување на зависностите или продлабочување 

Начини на справување со стрес ( за време на пандемија)

Многу е важно да се земаат паузи од информирање за ситуацијата. Претпазлив, но не анксиозен би требало да биди мотото кое треба да го пратиме. Константно информирање за бројки на новозаразени, смртни случаеви и шпекулации за вакциини и лекови само го зголемува нивото на стрес. Јасно е дека сите сакаме да знаеме, и знаејќи повеќе мислиме дека можиме да се заштитиме, кога уствари ние само штетиме на своето ментално здравје со прекумерен стрес. Најмалку што можиме да направиме е да бидиме претпазливи и да ги пратиме сите препорачани мерки, и да се заштитиме максимално што можиме затоа што тоа е наш дел, кој е во наша моќ. Друго ништо не е во наша моќ. 

Следна многу важна точка би била грижа за своето тело. Многу е лесно да не се движиме и да си дајме неколку денови и недели одмор. Но, не е добро подеднакво за менталното и физичкото здравје. Намалено движење и негрижа за своето тело доведува до зголемена телесна тежина која е пропратена со болести како висок крвен притисок, висок холестерол и дијабет. Исто така доведува до нерасположение, зголемена анксиозност и депресивни епизоди. Затоа потребно е да се практикуваат:
  • вежби за дишење, тегнење и медитација
  • здрава, балансирана исхрана
  • регуларно вежбање
  • стремење кон квалитетен сон
  • одбегнување алкохол и дрога
Исто така доста важно, кое многу го земаат или премногу строго или пак премногу либерално, без да се увиди балансот е, дека за време на социјална изолација не мора да бидиме комплетно изолирани. Технологијата ни овозможува комуникацијата со најблиските да не страда. Сепак не е исто да се пишува само по текст, луѓето имаме тенденција да памтиме и се врзуваме за гласови. Баш затоа можиме да останиме во видео контакт со тие кои ни се гради и ефектите од социјалната дистанца да бидат значително намалени. Не мора да се работи за за обичен видео чат, секогаш можите да ги направите поинтересни со воведување на активности, дали било тоа играње игра паралелно, вршење на иста активност, секој во својот дом ( пример. цртање, украсување, боење).

И за крај за овој дел - направете место во вашиот распоред за вашите интереси. Пробувајте нови активности, практикувајте ги тие кои ве прават среќни. Впрочем, сега е време да си посветиме повеќе време на себе и нега на нашите интереси. 

Грижете се за вашето ментално здравје

Обратете се кај стручно лице при зголемен стрес кој влијае на дневните активности. Луѓето со веќе постоечка терапија - продолжете си ја нетечено, по инструкции на доктор. Бидете свесни дали имате нови симптоми или пак дали постои влошување на постоечките и известете го вашиот доктор. 

Стрес кај деца и млади

Многу често се потценува афектираноста на децата и младите во вакви ситуации, но ни тие не се имуни, напротив можат да бидат изложени на голем стрес. Многу често нивните реакции се мимика на тие на возрасните, и паника се крева ако не се разбира ситуацијата јасно и ако не им е добро објаснета. Кога возрасните и родителите се справуваат со пандемијата ( или друга кризна ситуација) смирено и разумно, ќе бидат способни да издадат соодветна поддршка за своите деца. 

Не сите деца и млади исто реагираат. Но, чести промени кои можи да се забележат се:
  • зголемено плачење и иритантност
  • враќање назад со развој кон фази кои се одраснати
  • претерана загриженост и тага
  • нездраво хранење
  • промени во шеми за спиење
  • иритабилност и избувливост кај тинејџери
  • намален квалитет во учење
  • проблеми со внимание
  • намалена концентрација
  • одбивање на активности кои ги уживал претходно
  • необјасливи главоболки и други физички болови
  • користење алкохол, цигари и дрога
Многу е важно детето да ја добие соодветната поддршка, а тоа се постигнува ако со детето на темава се збора искрено за да можи да ја сфати ситуацијата и да се сугерира дека мора да биди претпазливо, но во исто време дека нема простор за паника. Важно е да се знај дека е на безбедно и дека е во ред да се чувстува загрижено. Нешто кое е споменато и претходно, добро е да се лимитира изложеноста на цело семејство од вестите за моменталната ситуација, туку да се примаат само неопходните информации, односно да се врши селекција. И можеби најважно од се е да се држи рутина. Држењето на рутина е доста важно и за време на изолација, но и после изолација затоа што ни овозможува да бидиме продуктивни и дава одредено значење на денот. Иако децата не се на училиште, тоа вклучува правење на распоред на активности кои ќе го пополнуваат денот на детето. 

Што после изолација? 

Доста важно е периодов да одиме против себе и да останиме дома онолку долго колку што е потребно, а враќање назад во општеството ќе биди голем чекор. Кризна ситуација која трае го носи телото во констатна напнатост и згрчена форма и акумулира стрес. Задршка на стрес подолго време има низа на проблеми со менталното и физичкото здравје кои може да ги предизвика, за кои зборувавме претходно во овој текст. Враќање во нормала ќе биди предизвик, но не толку голем доколку држиме здрави соционални контакти со најблиските и имаме рутини за обавување на обврски, и можеби најважното, да се пратат промените во расположението и да се збора со стручно лице доколку ви влијаат во секојдневните обврски. Шансите се дека негативни промени во расположението сами нема да се решат, туку ќе се влошат. 

Заклучок

Влијанието на стресот врз менталното здравје на човекот е огромно за време на социјалната дистанца, но и покасно, после завршеток на оваа ситуација. Можи да повлечи проблеми во исхрана, спиење, расположение, и низа здраствени проблеми. Недостатокот на физички активности кои се присутни во нормална ситуација, а која отсуствува за време на пандемија и социјална дистанца, можи да предизвика зголемување на телесната тежина и од таму пропратни проблеми. 

За да можиме да решиме некој проблем мора прво да прифатиме дека го имаме, па така и сега. И најважно, претпазлив, но не анксиозен

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Референци ( и причитај повеќе)


Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита

Здрава сексуалност