(Не) прифатеност на хомосексуалност, ефекти врз ментално здравје
„Хомосексуалноста се наоѓа во повеќе од 450 видови. Хомофобијата се наоѓа само во еден“ Јуни е месец на LGBT гордост и само е соодветно месецов да се затвори на тема хомосексуалност, прифатеност и репрезентација во нашата држава и ефекти врз менталното здравје поради добиен третман од околината. Ова е тема на која се зборува многу, особено надвор од нашата држава, но во изминатите години се зборува многу повеќе. Прашања кои ќе се обработат во овој текст се: дали припадниците на LGBT се генерално прифатени во нашата држава, ментален терет од прикривање своја сексуалност од најблиските и околината, дали хомосексуалноста е болест, дали припадниците на LGBT се повеќе склони кон ментални болести поради средински фактор за да се добие слика за животот кој го води еден LGBT човек и какво влијание има (не) прифатеноста врз менталното здравје. Како што кажав и претходно, Јуни е месец на LGBT, но овој текст, овој Јуни, ќе биди посветен на сексуалноста и сексуалната ориентација, а во наредна прил...