Растење на посвоено дете: најчести грешки кои ги прават родителите

Нема несакани деца, само непронајдени фамилии“ - Национален центар за посвојување

Растење дете е огромен предизвик. Растење посвоено дете е уште поголем предизвик. Посвојување е процес каде човек зема старателство врз друг човек, најчесто дете, од биолошки и/ли легални родители. За разлика од вдомувањето, и други системи дизајнирани да се грижат за децата, посвојувањето е трајна промена на статусот. Првото прашање кое си го поставуваат родителите на посвоено дете е дали да му кажиме дека е посвоено? И најчестата грешка е одбирање да му се кажи прекасно, или да не му се кажи воопшто. Но повеќе за тоа покасно. 

Зошто луѓето посвојуваат?

„За родителството потребна е љубов, не ДНК“

Одлуката за посвојување е многу лична и варира од човек до човек и од семејство до семејство, но има одредени заеднички причини кои може да се одделат. 

Има места во срцето кои не знаеш дека постојат се додека не сакаш дете“ - Ан Ламот
  1. Поради нефертилност некои парови не можат да имаат биолошко дете и е можеби една од најчестите причини зошто некои родители се одлучуваат за посвојување.
  2. Покрај нефертилност, некои жени не можат да износат бременост или останување бремена е голем ризик. 
  3. Родителите не сакаат да пренесат генетски болести, се плашат дека шансите за дете со генетска болест која е „во фамилијата“ е доста голема, па решаваат да се исполнат како родители преку процес на посвојување.
  4. Возрасна личност која е спремна да биди родител, но нема партнер. Најчесто се има можност и за вештачко оплодување, но фамилијата е повеќе од биологија.
  5. Хомосексуален пар кој сака да се исполни како родител ( во држави каде има можност за тоа).
  6. Пар кој сака да даде топол дом на дете. Посвојувачките родители се свесни дека има многу деца во домовите кои чекаат да добијат дом.
  7. Сакаат да помогнат на трудната мајка за која може да исполни и други аспекти од животот.
  8. Сакаат да помогнат на член од фамилијата или пријател кој не е во позиција да расти дете.
  9. Сакаат да растат повозрасно дете ради лични причини. Тука можи и да е фактот дека колку детето останува подолго без посвојувачко семејство, шансите да биде посвоено се намалуваат, за жал. 
  10. Посвојување дете од партнер кое биолошки не е негово, но сега живеат заедно и имаат цврста врска родител- дете, исто така и поради легални причини во поглед наследство.
  11. Човек кој познава фамилија која има посвоено и го гледа тоа како нешто позитивно и се стреми кон истото.
  12. И самиот поединец е посвоен и сака да го даде истото искуство на некој друг.
Зошто некој човек се одлучува на посвојување е индивидуално, а ова е само дел од причините зошто некој би се решил на ваков чекор. Само важно е да се знае дека родител прави желбата за дете и љубовта и грижата која ја дарува. 

Фамилиите не треба да се совпаѓаат. Не треба да личиш на некој за да го сакаш“ - Леиг Ан Тиох

Важни страни застапени во процесот на посвојување

Во процесот на посвојување има три најважни страни без кои се ова не може да биде возможно: дете, посвоители и биолошка мајка.

Најважна страна се разбира е детето. Децата зависат од возрасните и немаат многу да кажат за одлуките кои им се прават во поглед на нивните животи. Наша одговорност е да ги носиме точните одлуки за нашето дете. Има премногу деца во домовите или во згрижувачки семества без трајно живеалиште, и ова е една од причините која треба да е најважна за посвојувањето. Према UNICEF има 15 милиони деца кои чекаат да бидат посвоени на глобално ниво. Што значи посвојување за овие деца? Недостаток на стабилно семејство, полно љубов резултира со физички, ментални и развојни недостатоци. Потешкотии за оформување здрави побрзувања со други луѓе, проблеми на социјално ниво и слично. Секое дете има потреба од семејство кое го сака и секое дете заслужува семејство кое го сака. 

Друга страна се родителите посвоители. Тие се возрасните личности кои земаат старателство врз детето. Безразлика која е причината за родителите да се одлучат на ваков чекор, тие мора да поминат низ административни прецедури за да посвојат дете.

И третата страна се биолошките мајки. Во САД 50% од бременостите се несакани. Некои жени имаат можност и средства да се грижат за тоа дете, но голем дел не можат. Кој и да е факторот кој ги поттикнува мајките на овој чекор, тие ја носат тешката одлука да го остават детето на посвојување.

Љубов е несебично бирање благосостојба на друг“ - Ц. С. Луис

Покрај трите најважни страни за посвојување има уште две, односно самото семејство и општеството. Посвојување на семејство е опција која се разгледува кога се планира семејство, но за некои семејства е единствен начин да имаат дете, како парови кои се борат со нефертилност или хомосексуални парови. Нормално, детето нема глас да биди родено или не, но секое дете заслужува да биди во дом полн со љубов и поддршка. 

Посвојување на дете во Република Северна Македонија

Без одење во детали, во оваа точка ќе се увиди кој може, а кој не, да биде посвоител и каква документација е потребна. Информациите се преземени од вебстраната ( трет линк во референци) на Министерството за труд и социјална политика. 

Кое лице може да биде посвоител? Согласно со Законот за семејство, посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителски права и да не е постаро од 45г. Посвоителот мора да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. 

Кое лице не може да биде посвоител? Согласно со законот за семејство посвоител не може да биде лице: 
  • на кое му е одземано или ограничено родителсткото право, како и лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеца, 
  • на кое му е ограничена или одземена деловната способност,
  • за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе ја употреби на штета на посвоеникот,
  • кое е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој, како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност здравјето и животот на посвоеникот, 
  • чија физичка попреченост е од таков степен што може оправдано да се сомнева во можноста да се грижи за детето,
  • ако е постаро од 45 години,
  • зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол,
  • кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечлива зарасна болест и 
  • ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е негативно во однос на можноста тие лица да бидат родители. 
Кои документи се потребни за започнување на постапка за посвојување? Постапката за посвојување на дете започнува со поднесување на барање за посвојување до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика, ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје. Кон барањето потребно е да се приложат следниве документи:
  • уверение за државјанство;
  • извод од матична книга на родените;
  • извод од матична книга на венчаните;
  • лекарско уверение за здраствената и психофизичката способност да посвои дете;
  • уверение дека не е лишено од родителско право;
  • уверение дека не се осудувани;
  • уверение дека не им е одземана деловната способност;
  • уверение за материјална состојба;
  • доказ за сопственост на стан;
  • потврда за завршено образование; и 
  • документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат.

Растење на посвоено дете

Растење на посвоено дете носи низа на предизвици за родителот, и секое родителство е предизвик и многу често со идеја да го заштитиме детето можеме да му наштетиме. Многу често посвојувањето значи посвојување мало бебе. За мало бебе првите неколку години од животот немаат разлика дали се со биолошки родител или родител посвоител. Бебињата се врзуваат за своите родители, односно тие кои се грижат за нив. Во мали возрасти, родители посвојување може да препишат одредени однесувања на детето со тоа дека се посвоени, односно дека детето чувствува дека родителот не е биолошки родител, и многу често се преиспитуваат за своите родителски инстикти. Најчесто се работи за однесувања на дете карактеристично за дадена возраст, неповрзано со биолошкиот статус на родителот ( пр. плачење кога родителот ја напушта собата). Затоа е важно родителите да ги изучат фазите на развој на децата и какви однесувања се карактеристични за разни периоди во развојниот живот.

Како врз детето влијае процесот на посвојување е тесно поврзано со тоа дали знае за посвојувањето или не. Дали да се кажи на детето дека е посвоено и ако да кога е прашање кое ќе се обработи детално во наредната точка. Деца го разбираат процесот на посвојување различно како што растат. Повеќето деца не можат да го сфатат концептот на посвојување до 5-6 годишна возраст. Доколку децата се подготвени соодветно претходно, посвојувањето не ги шокира толку кога ќе сфатат што точно значи. Подготовка за концепт на посвојување би вклучила градење здрава врска со идејата за посвојување што овозможува детето да не асоцира посвојување со нешто лошо. Тоа може да се постигни со читање приказни за посвоени деца, каде главниот лик е самото дете. Како што растат, децата имаат прашања за биолошки родители. Клучно е да бидете спремни за тие прашања.

Дали да се кажи на детето дека е посвоено? Кога е идеално време да му се кажи, и како?

Родителите посвоители е важно да му кажат на детето дека е посвоено од повеќе причини. Додека е мало детето може да прифати фактот дека е посвоено како дел од неговата реалност, а од друга страна постаро дете може да се чувстува изневерено и излажено и да има недостаток на доверба кон своите родители. Советите од социјалните работници се сведуваат на едно исто, а тоа е да се запознаат децата со терминот „посвојување“ најрано што можи и да се работи на тоа да се асоцира со нешто позитивно. Која возраст би била точна зависи од повеќе фактори, вклучително дали детето е посвоено пред или после 2 годишна возраст и дали личи на родителите посвојувачи. Доколку детето е посвоено постаро од 2 години се препорачува во периодот од 2 до 4 години да му се кажи дека е посвоено затоа што може да памти животот во дом или згрижувачко семејство и сосем природно е да има прашања. Исто така е препорачано кажување за посвојувањето доколку детето не личи физички на родител посвојувач. Тоа е така затоа што самото дете ќе ги забележи разликите, но има шанси и околината да забележува и да му нагласува на детето дека не личи на родителите. Препорачана најрана возраст за кажување дека е посвоено, без факторите погоре, би било од 4 до 5 години каде ќе можи да го разбери концептот посвојување, а не само да ги слуша зборовите. Нормално, ова подразбира детето претходно да биде спремено од страна на родителите и посвојувањето да го асоцира со позитивни чувства. За да се избегни страв од загуба на родители која се јавува кај претшколски деца, припремата која доаѓа пред кажување за самото посвојување може да трае до шестата година, најкасно до осмата, према Доктор Стивен Никмен. Сепак, важно е да се разграничи дека детето прво се роди, па потоа се посвои, затоа што мали деца мислат дека е или едното или другото. Или дека е родено или дека е посвоено. Чекање до адолесценција ( или покасно) да се кажи на детето дека е посвоено не е воопшто препорачано. Према Доктор Никмен, тоа ќе влијае многу лошо на неговата самодоверба, ќе ја наруши довербата кон родителите и ќе верува дека неговиот живот е лага. Не кажување на детето дека е посвоено е еднакво на било кое детство, но тоа можи лесно да се искомплицира. Прво, се лишува детето од знаење за дел од својот идентитет, и второ, многу често околината е свесна за тоа дека дете е посвоено и многу често можи да му се кажи, да му се сугерира или да слушни од други личности или прикриен разговор на родителите за неговата вистина. Тоа нахнадно може да го оштети односот со родителот. 

Секоја една минута вреди, секое едно дете вреди, секое едно детство вреди“ - Каилаш Сатиарти

Можеби поважно од тоа кога се кажува на детето дека е посвоено би било начинот на кој ќе му се кажи. Ова е доста деликатна тема и мора да се пристапи внимателно. Многу е важно да имате позитивен став за процесот на посвојување, но подеднакво важно е тоа да го пренесите на детето. Тоа вклучува позитивни приказни за неговото минато и зошто не можело да остани со биолошките родители. Зборувајте му колку бевте возбудени кога прв пат го донесовте дома и колку ви значи. Објаснете му дека тоа што не е ваше биолошко дете, не значи дека го сакате помалку, напротив. Најдете едноставни начини како глумење улоги и читање приказни, или користете албуми со слики од кога биле бебе за да објасните што е посвојување и за да се постигни таа позитивна врска кон посвојувањето. Тоа вклучува и вие да ги презентирате како такви пред него за да можи да го прифати посвојувањето како дел од својот идентитет. Можи да се случи детето да е мирно и тивко кога му кажувате дека е посвоено, но покасно да изрази бурни емоции, бидете припремени за ова и очекувајте го. Шансите се дека детето ќе сака да зборува за процесот на посвојување повторно и повторно, и грешка е да се зборува само еднаш. Да, зборување на оваа тема е тешко, но не е неизбежно. И идеално, пред да им се кажи дека се посвоени, размислете што можи да ве праша и спремете се како ќе одговорите на начин кој ќе биде најдобар за детето. 

Најчести грешки кои ги прават родители на посвоено дете

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но многу често со цел да го заштитиме можиме да го повредиме. Во поглед растење посвоено дете има одредени правила, но и теми кои се избегнуваат баш за нивно добро иако се мисли дека спротивното е подобро. 
  • Не ги игнорирајте или критикувајте биолошките родители: доколку родителот посвоител одбива да зборува на оваа тема или критикува биолошки родители, праќа порака дека нешто не е во ред со нив, вели Вилбурдоз. 
  • Не чекајте детето да почни да прашува прашања: децата може да не прашуваат прашања затоа што не сакаат да ги повредат чувствата на родителите. Добро е да се споменува за биолошките родители, за децата да се чувстуваат комотно да кажат доколку сакаат да ги пронајдат. 
  • Не зборувај на детето како е среќно дека е посвоено: се створа ситуација каде детето мора да се чувстува благодарно и дека барање биолошки родители и идентитет е нешто лошо. подобро е да се вокализира дека вие сте среќни дека го имате. 
  • Кажување на историјата на вашето дете: кое беше вашето дете пред да е со вас е дел од неговиот идентитет и е нешто кое треба да одлучи кога и дали ќе го споделува. 
  • Не мислете на вашето дете како на ваше посвоено дете: тоа е ваше дете кое ви го разубавува секојдневието. Кога му се обраќате, обраќајте му се како ваше дете, а не ваше посвоено дете.
  • Немој да мислите дека посвојувањето е реверзибилно: секое дете заслужува дом во кој ќе биде сакано и не е фер да се залажува со дом и потоа да му се одзема. 

Синдром на посвоено дете

Синдромот на посвоено дете најчесто се користи за да се опиши состојба која се добива како резултат на различни психолошки и емоционални потешкотии со кои се соочува посвоено и/ли згрижено дете, најчесто деца кои се посвоени покасно или често кои имаат менувано згрижувачки семејства. Мора да се знае дека ова не е формална дијагноза, но има многу стручни лица кои се бават со неговите ефекти. Социјалниот работник Џин Патрон, која и самата била посвоено дете, е прва која го проучува ACS ( Adopted Child Syndrome) во 1953 година, но терминот прв пат се официјализира од страна на Давид Киршнер во 1978 година. 

Дете кое во најмалите возрасти е изложено на често менување згрижувачки домови, или растење во дом за деца без родители, носи товар и траума со себе од таквото искуство, и многу често резултира со бихевиорални проблеми. Симптоми на посвоени деца со ACS  вклучува:
  • ниска самодоверба,
  • депресија,
  • проблеми со идентитет
  • анксиозност,
  • чувство на тага и 
  • чувство на неприпаѓање. 
Дел од коморбидитетните нарушувања се: 
  • Oppositional defiant disorder (ODD) - знаците на ODD обично почнуваат во претшколска возраст, но може и да се развие покасно. Према DSM-5 симптомите мора да се присутни барем 6 месеци. Симптомите вклучуваат шеми на агресија, иритабилност, карање, спротиставување и насоченост кон одмазда, и тоа одмазда насочена кон родителите или авторитативните фигури.
  • Attention- deficit/ hyperactivity disorder (ADHD) - тука е застапена комбинација на проблеми кои траат и се повторуваат како тешкотии за задржување на внимание, хиперактивност и импулсивно однесување. Деца со ADHD исто така имаат проблем со ниска самодоверба, неквалитетни врски и лош перформанс во училиште. Симптомите некогаш се намалуваат со возраст, но тоа не е случај секогаш.
  • Major depressive disorder - депресија е растројство на расположението кое предизвикува чувство на тага и губење на интерес. За време на депресивни епизоди може да има чувсто на тага, празнина и безнадежност, но и иритабилност, фрустрација врз ситници, губење интерес, проблеми со спиење, умор, недостаток на енергија, анксиозност, бавно мислење, успорено движење, чувства на безвредност, вина, смрт и многу други. За многу луѓе симптомите се толку лоши што предизвикуваат видни проблеми врз секојдневните активности.
  • Separation anxiety disorder е нормална фаза во развојот на мали деца. Повеќето деца ја надминуваат оваа фаза до третата година. Но, кај некои деца, анксиозност при одделување од родител можи да значи и посериозно нарушување почнувајќи од претшколскиот период. Се карактеризира со страв од тоа да се биде далеку од дома или далеку од саканите, постојана грижа од губење на родител или некој сакан поради болест и/ли некаква непогода. Вклучува и постојана грижа дека нешто лошо ќе се случи. Овој вид на анксиозност нема да исчезни сам по себе без третман и можи да резултира со панични растројства и појава на анксиозност како возрасна личност.
Причини кои предизвикуваат ACS се:
  1. Напуштеност и загуба.
  2. Криење на детали во врска со неговата историја.
  3. Етнички разлики
  4. Чувство на вина.
  5. Товарот да се биде „избраното“ дете.
Но можеби и најважно за оваа точка е тоа како да се спречи настанување на ACS? Психологот Ден Хигс зборува за акронимот PLACE ( playful, loving, accepting, curious, emphatic). 
  • Playful или разигран значи да се игра со детето и затоа што вака ќе сфати дека вреди и дека можи да се релаксира. Ова може да биди многу работи како допирање на коса, кажување шеги, намигнување.
  • Loving или грижлив ние треба да сме првите луѓе кои носат љубов во таа нова врска на родител и дете. Држи го за рака, гушни го, покажи дека го сакаш.
  • Accepting или прифатлив значи да се прифати детето онакво какво што е. Тоа е прв чекор за да може да се промени. 
  • Curious или љубопитен кога детето прави нешто не прифатливо, не го казнувајте. Заинтересирајте се зошто тоа го направило, и зборувајте за ситуацијата.
  • Emphatic или емпатичен имајте емпатија за вашето дете. Доколку има потешкотии, пример со читање и пишење, не го форсирајте и дадете му до знаење дека разбирате. 
Покрај ова треба да се гради постојаност околу детето за да не се плаши дека ќе биде оставено и заборавено. Важно е родителот да има контрола врз своите чувства и да го научи детето дека ако некогаш се налутите има причина и дека не е затоа што не го сакате. Дисциплината на детето не треба да биде со казни, туку позитивна, со разговор и објаснување. Треба да се заменуваат казни со логички последици, да не се даваат команди туку детето да има извор и најважно, нервозни изливи да не траат долго и да се избегнат колку што можи и да се стави акцент на разговорот за разрешување на ситуацијата.

Заклучок

Како што беше споменато многу пати низ текстот, секое дете заслужува среќно и сакано детство, и родителството претставува љубов без разлика на ДНК. Одлуката за посвојување е многу различна за секоје семејство, но подеднакво важна. Пред да се кажи на детето дека е посвоено треба да се спремни соодветно и да му се изгради позитивна слика за концептот на посвојување и од 5 до 8 години е способно да разбери, и позитивно да ги прифати промени доколку е соодветно подготвено. Некажување дека дете е посвоено можи да е поразително од повеќе аспекти. Прво, мора да дојди од родителите колку и да е тешко, а вака можи да дојди од некој друг. И второ, доколку дознае од друг покасно, или родителот му кажи покасно, детето можи да мисли дека животот му е лага и да изгуби доверба во родителите. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Референци ( и прочитај повеќе):

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита