Моето дете гледа порно, што сега?

„Повеќето деца ќе гледаат порнографски содржини пред да наполнат 18, ова е проблем со кој се соочуваат сите родители“ 

За разлика од претходниот текст каде се зборува за деца изложени на порнографија против нивна волја, овој текст зборува за деца, најчесто во пост- пубертетска возраст, кои доброволно гледаат порнографски содржини. Прашање кое ќе се обработува е како родителот треба да реагира кога дознава дека неговотo дете доброволно гледа експлицитни материјали на интернет?

Гледање порно од страна на тинејџери не е ништо ново и необично

Причини зошто тинејџери гледаат порно варираат. Може да биди затоа што сакаат да бидат кул, а во помали возрасти за да ги импресионираат пријателите, нешто исто како посегнување по пороци како цигари само за да се импресионира некој, и за да се докаже нивната независност. Но, најголем дел од децата кои гледаат порно во пубертетски период е за задоволство и стимулација. Интерес за секс и гледање порнографија за да се задоволат сексуални нагони е сосем нормално. Ова чувство може да се задоволи со правење слики во главата кои ги добива од реалниот свет, сериите, филмовите, магазините и слично.

Најточниот одговор би било да не паничите. Добро размислете за ситуацијата пред да направите било што. Доколку е возможно зборувајте и со другиот родител на детето прво. Како ќе изреагирате на ситуацијата има поголем ефект од самата изложеност на порнографија.

Родителите треба да пристапат на порното како кон секој проблем од сексуалноста. Има правила и одговорности кои се вклучени и има долготраен ефект без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не. Родителите треба да се изјаснат за своите морални чувства во врска со сексот, и порното е дел од тоа. Односот на родителот може да има трауматичен ефект доколку вика и се заканува“ - Доктор Тофт

Доктор Марти Клеин, психотерапевт, брачен советник и секс терапевт тврди дека родителите не можат да сфатат дека децата растат и со тоа ја откриваат нивната сексуалност. Ја игнорираат оваа тема кога се помали и е шок на 14 години кога ќе увидат дека детето гледа порно. Доктор Клеин тврди дека ова можи да се види како нешто позитивно, односно да почни да се зборува на тема секс отворено и без предрасуди. 

Не чекаме децата да не прашаат за како да одржуваат орална хигиена. Ги учиме од мали. Исто е и со сексот“ - Доктор Марти Клеин

Не ви треба психолог или педијатар да потврди дека ако детето гледа порно е незгодно за двете страни, и особено затоа што се навлегува во приватноста на детето. Не треба да се бара професионална помош за детето само затоа што ја открива својата сексуалност, се додека не се работи за зависност. Но, доколку родител има проблем да прифати дека детето расти, во ред е да се советува со стручно лице за како да се справи со новонастанатата ситуација. Во никој случај не треба да се направи детето да се чувстува абнормално и перверзно. 

Зошто е важно да зборуваме со детето доколку гледа порно, но не и да го забраниме?

Веќе е јасно дека голем дел од тинејџерите гледаат порно и не е тоа нешто кое може да се спречи. Од претходната точка се увиде дека за да можеме да зборуваме со детето не смееме да направиме да се чувствува абнормално и перверзно. Корелиа Андерсон, консултант за сексуално здравје, прави одлични поенти кога зборува дека мора да зборуваме на тема секс со децата за главен избор на едукација да не биде порнографијата. Доколку детето не добива соодветна сексуална едкација и доколку родителите не разговараат со него на темава, останува да се учи за секс од порно видеа и други порнографски содржини. И тоа е поразително воглавно затоа што се добива грешна слика за сексот, но и од други аспекти. Порнографијата содржи пораки за пол, еднаквост, секс и сексуалност и колку и да е добро да се зборува за овие теми, порното може да даде погрешна слика за истите. Ова се работи кои треба да се добијат надвор од ваквите експлицитни видеа зошто многу често пораката која се добива од нив се коси со она што би сакале детето да го знае.

Доколку вие, како родител, зборувате на тема секс со детето и го учите да биде комотно во своето тело и да гради здрави врски, повремено гледање порно не е опасност. Тофт аргументира дека порнографски материјали се проблем кога се примарен извор за сексуална едукација и кога постои трошење повеќе часа на ден гледајќи вакви содржини и имајќи колекции на вакви видеа. 

Насилно наспроти ненасилно порно

Тоа што го гледаме сакаме да го правиме, исто е тоа и со порното. Истражување од 2011 на тема агресивно однесување го потврдува тоа. Истражувачкиот тим предводен од Доктор Мишел Ибара открил дека изложеноста на агресивни порнографски содржини резултира со зголемени шанси за сексуална агресивност, за разлика од тие кои беа изложени на неагресивни порнографски содржини каде застапеноста на сексуална агресија е статистички незначајна. 

Најчести грешки кои ги прават родителите кога ќе откријат дека детето гледа порно

Се осудува детето и пробуваат да предизвикаат срам кај него: важно е да не се осудува детето за да не се почувстува како „лошо“ дете, исто така ова ќе го затвори детето доколку има каков било друг проблем. Срамот ги тера децата да се кријат.

Игнорирање на проблемот: некои родители имаат став дека порното е во ред и решаваат да „глумат“ дека ништо не виделе. Ова можи да резултира детето во порното да гледа примарен едукативен систем за секс. Зборувајте со детето, одговорете на прашањата кои ги имаат и слободно изразете кои ставови ги имате вие. Да, ова може да биде незгодно, но е неопходно. Порното е далеку од невино и треба да се разграничат одредени пораки кои се добиваат и да се поучат да избегнуваат насилно порно. 

Казни со земање технологија: ова е тесно поврзано со осуда за гледање порно и се кажано во таа точка е релевантно и тука. Срамот, како и стравот само ќе направат детето повеќе да се затвори во себе и да крие дека гледа порно, и го тера да се затвори кога ќе има и други проблеми поврзани со секс, но и други аспекти од животот.

Правење претпоставки: кога паничиме имаме тенденција да правиме претпоставки и доста често грешни. Ако детето гледа порно не значи дека постојано активно бара нови видеа, ни дека ви се спротиставува, ни пак дека е на пат да прави сексуални девијации. Имате опција да се смирите, па да зборувате со детето како кон пријател. Справете се со ситуацијата како што е сега, а не како што се плашите дека може да биди.

Се обвинувате себеси за се: тие ( децата) се свои и засебни луѓе. Вие им давате план за однесување, но некогаш тие отстапуваат од него и тоа е во ред. Не сте лош родител дека детето ја открива својата сексуалност, ни пак тоа е лошо дете.

Зборување само еднаш со детето на оваа тема: родители кои решаваат отворено да зборуваат на темава некогаш прават грешка затоа што го гледаат ова како „разговорот“ кој се прави еднаш. Добро е да се зборува на оваа тема во повеќе наврати и да се одговара на прашања доколку ги има.

Заклучок

Мислам дека во овој текст заклучокот е споменат многу пати. Доста важно е отворено да се зборува на оваа тема со детето. Не смее да се предизвикуваат негативни чувства како срам и страв затоа што детето ќе почни да крие работи од вас и ако крие работи нема да можи да го заштитите. 

Релевантни текстови

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Референци ( и дознај повеќе):

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита