Sexual etiquette
Затоа што решив малку почовечка страна да добие блогот, полична и персонална решив дека сакам да зборам на ова прикажувајќи лично мислење, па дури и искуства. Сакам да ја доближам просечната женска реалност кон секој кој за среќа ја нема искусено. Често имам зборувано за секс и недостаток на сексуална едукација и здрава сексуалност кај нас. И тоа што се случува веќе долго време назад, но особено е забележано сега, изминатиов месец, е дека мора активно да се залагаме за едукација на оваа тема, за нормализирање на тоа дека жените, и општо ние како луѓе генерално, сме сексуални битија. И тој дел не можиме да го негираме од себе и мора да го разбериме и да научиме што е прифатливо, а што не во една сексуална врска. Текстот надолу е малку тежок и обработва сензитивни теми, ова како напомена.
Прво и најважно би било барање согласност за се што правиме со партнерот. Дали било тоа нешто невино како бакнеж, праќање на голи слики или пак посериозно како секс, согласноста и заедничката почит меѓу партнерите е основа на ваквиот однос.
Телеграм и споделување на експлицитни слики и видеа од поранешни партнерки и споделување на слики крадени од инстаграм профилите со впишани податоци како телефонски број, адреса, град:
За да дојди до сексуален однос, прво мора да постои сексуален нагон. При постоење на тој нагон, негово негување носи до тоа да сме посреќни со еден притисок помалку и да не стигниме до ниво каде сме фрустрирани ради лична сексуална неисполнетост. Уште малку ќе има една година како живееме во период на пандемија. Паралелно на тоа технологијата зема толкав подем, па поради затвореноста дома како преку ноќ да стана уште поатрактивна алатка која ја користиме постојано. Од таму, иако постојат од претходно, сајбер секс и секстинг е новата реалност. Задоволнување на нагони кои инаку ради новонастаната ситуација би било тешко да се задоволат. И тука се одразува таа согласност и почит и разбирање кои ги имаме кон партнерот. Дека тој нема да ја издае нашата интима само затоа што е евидентирана онлајн.
Со постоење на технологијата сајберсекс и секстинг е начин на блискост меѓу партнерите. И споделување интимна слика која е пратена во доверба е изневерува и прекршување на таа доверба. Но, зошто некој би препратил слика? Кој е крајната цел? И можеби поважното прашање, зошто се жените толку на тапет и осудувани за постапки кои се толку чести, толку дел од нашето секојдневие, нормализирани, и доста често, активности во кои и мажите учествуваат, но не добиваат ист третман?
Основата зошто некој би споделил туѓа интимна фотографија која му е пратена во доверба, и тука сериозно се воздржувам, е една од две причини: 1) докажување на што тој имал, фалба и/ли 2) одмазда. Особено мислам дека ова е видно на сликите кои се споделени од случајни јавни инстаграм профили, со вклучени приватни мобилни телефони, градови во кои живеат и слично. Ова е тесно поврзано со последното прашање, жените не се перцепираат како сексуални суштества. Тие се нежни. Добри. Фини. Тивки. Затоа за исти работи им се простува на мажите и така доаѓа до раѓање на двојни стандарди. Тоа што е океј за маж, не е океј за жена. И сите ова го знаеме, колку и да се бориме против ова, свесни сме дека повеќето луѓе на потсвесно ниво веруваат во ова, и затоа, можи лесно да се искористи против некој. Вака би изгледало се ова несвесно: Како да се одмаздиш на поранешната девојка? Извади нудс. Не си ти крив јер си ги издал. Не си крив дека си имал секс. Таа е крива зошто пратила. Таа е крива зошто имала секс. Многу често луѓе ме караат дека се расфрлам со зборот токсично, ама, да бидиме реални. Ваквиот мајндсет е ... токсичен.
Двојните стандарди постојат во општеството уште пред да постои зборот „сексизам“ да постои во речниците. Дури и во светот на славните е исто. Голото тело на големото платно е охрабрено кај жените за три пати повеќе. И ако нудс од актерка се објавени е скандал, а кога се објавени нудс од актер, е само уште еден ден во Холивуд. За подобро да се разбери зошто постојат двојни стандарди од овој тип и како доаѓа до нормализација на одредени однесувња, препорачувам да прочитате за психологија на толпата. Се објаснува како се почнува од чувство кое се продлабочува и пренесува трансгенерациски. И колку што време е потребно тоа чувство да се вгнези, толку време е потребно и тоа чувство да се искорени. Не чека долга борба.
Но, да одиме на нешто поконструктивно. Споделување туѓи интимни слики и видеа спаѓа под revenge porn или одмаздничко порно. По дефиниција, одмаздничко порно е експлицитна содржина, споделена од друг човек без дозвола од индивидуата која се наоѓа на содржината. Најчесто се користи како средство за одмазда и уцени. Во истражување објавено во 2017 од страна на истражувачи на универзитетот Кент во Обединетото Кралство, 87% од учесниците покажале возбуда и укажале на одобрување на одмаздничко порно. Исто така тие тврдат дека 99% од испитаниците покажале некој вид на одобрување кон одмаздничко порно кога биле соочени со сценарио каде раскинуваат со партнерот. Како заклучок било утврдено дека воајерите во најголем % биле океј со одмаздничко порно доколку е како резултат на раскин/ изневерување.
Према статија од доктор Дејвид Леј за Psychology Today, тој издвојува неколку причини зошто неговите пациенти сметаат дека одмаздничко порно е океј, или пак кои биле причините за тие самите да објават експлицитни содржини од претходни партнери:
- Некои мажи немале сфатено колку е мал светот и каква штета ова можи да има врз жртвата.
- Некои мажи се едноставно „лути на сите жени“ и само сакаат да наштетат. Доктор Леј верува дека ова е ретка причина, но во одредени пациенти се случува често.
- Некои мажи мислеле дека жените ќе се возбудат ако нивните слики биле споделени јавно. Како што вика, на сечие изненадување.
И нека биди како заклучок за овој дел ќе напишам неколку важни точки:
🔴Жртвата не можи да биди виновна. Ова иди исто како да обвинуваме само една страна, во која учествувале две страни. Да се обвини едната страна, кога и другата страна го доживеала истото задоволство.
🟠Личност која одбира да се слика, не повредува никој. За нешто да се речи дека не е во ред, нели е подобро ако има жртва од истото? Која е жртвата тука? За разлика од ова, споделување на слики пратени во доверба има жртва.
🟡Никој сам не си го бара. Овој е истиот менталитет кој е често застапен при силувања. Еквивалентот тука е „сами сте криви што постирате такви слики“. Жртвата не е крива зошто е нападната/ вознемирувана. Насилникот е.
🟢Поддршката за жртвите е доста важна. Доволно е жртвата да знае дека сме со неа и да слушаме што има да кажи.
Сексуално вознемирување и насилство од тип довикување, покажување сила, допирање без дозвола, пипкање во автобус, при чекање ред, не прифаќање „не“ како одговор, како и „не сум заинтересирана“:
Неколку важни точки за овој дел:
🔵Немаме право на туѓото тело.
🟣Без дозвола не смееме да правиме ништо со туѓото тело.
🟤Нашето однесување можи да наштети некому.
⚫Доколку некој ве злоупотреби, не сте вие виновни и нема ништо срамно во тоа да се побара помош!
⚪НЕ значи НЕ!
Многу е важно да се знае дека никој/а не си го бара со облеката, однесувањето, шминката. Немаме никакво право да одлучиме ние што треба да се прави со туѓото тело. Кога се работи за деца, тие не се ваши играчки. Тие се живи суштества кои сеуште не се способни да разберат што чувстуваат и што вистински сакаат и затоа се смета дека не можат да дадат согласност до одредена возраст.
Најдов информации за зачестеноста на сексуалните злосторства во Англија во 2017 година:
- 20% од жените таму, и 4% од мажите доживеале некаква форма на сексуално насилство врз нив до 16тата година. Тоа се 3.4 милиони жени и 631,000 мажи.
Во Јануари 2013, на истата територија, објавен од Англиското министерство за правда, укажува дека:
- Околу 85,000 жени и 12,000 мажи ( 16-59 години) искусиле силовање, обид за силовање или друга форма на сексуално насилство каде е вклучена пенетрација само во последната година.
- Околу 15% од тие кои искусиле сексуално насилство врз нив, пријавиле.
- Околу 90% од тие врз кои е извршено сексуално насилство, го знаеле својот напаѓач од претходно.
Зошто сакам да внесвам вакви информации, барем во овој текст е за да се долови тежината на ситуацијата. И зошто е ова важно е, ваквите однесувања и напади, остава траума и трајни последици по менталното здравје на жртвите. Често слушам луѓе кои велат дека најлошо осудуваат силувачи, камо да ги силувале и во затвор. И после додаваат „ама...“. Ова се ситуации каде нема „ама...“. Жртвата не носи никаква вина за да постои „ама...“.
National Violence Against Women Prevention Research Center објави студија која зборува за влијанието од силувањето врз менталното здравје на жртвите. Студијата се заснова на тоа да укажи дали жртвите на сексуално насилство се посклони кон одредени проблеми, за разлика од другите. Нема да ги набројам сите параметри зошто би било предолго, но линк ќе најдите најдолу под наслов Mental Health Impact of Rape.
- Скоро 1/3 од жртвите ( 31%) на сексуално насилство развиле PTSD. Жените кои биле жртви на силување за 6.2 пати биле посклони кон развивање на PTSD од другите жени ( 31% наспроти 5%).
- Жртвите на сексуално насилство биле по склони кон тешка депресивна епизода за три пати повеќе (30% наспроти 10%).
- Една третина или 33% од жртвите на сексуално насилство одговорија позитивно на прашањето дали би извршиле самоубиство.
Главни грижи на жртвите на сексуално вознемирување и насилство:
- Загрижена е од тоа да не знаат роднините за тоа што се случило.
- Загрижена е дека ќе биди обвинета, иако е жртва.
- Загрижена е дека ќе дознаат луѓето надвор од нејзината фамилија.
- Загрижена е да не излези нејзиното име на вестите.
- Загрижена е да не затрудни.
- Загрижена е да не има сексуално пренослива болест.
Како и да е, иако издвоив најважното, топло препорачувам да се прочита целиот текст во линкот подолу затоа што има многу, многу важни информации.
Неколку важни точки за овој дел:
🔴Жртвата не можи да си го бара и не е крива за ништо. Вината единствено ја има насилникот.
🟠Ако го познавате насилникот, само зошто према вас не би направил нешто - не значи дека е вистина. Насилниците се најчесто луѓе кои ги познаваме, од таму, не очекуваме да се такви.
🟡Едно е да се свесни девојките за онлај предатори пошто, има. Друго сосем е бившиот да му објави сликите оти е лут дека му раскина. Едукацијата почнува прво дома, а после продолжува на училиште.
🟢Жртвата не мора да кажи одма ради низа причини: се плаши, срами, или пак сеуште се нема соочено со реалноста, а дури и можи да негира што се случило. Ако насилникот е постар и форма на авторитет, времето на кажување можи да се одложи поќе. Зато сега, а не претходно.
🔵Досетки и мајтапи на темава генерално не во ред.
🟣Оцрнување за жал постои ама исто така е незначајна бројка према вистинските случаеви шо се алармантно поголеми. И евентуално ова ( ако е лага) ќе се докажи ако е точно. Ама дур се докажи, следна точка:
🟤Поддршка на жртвите е многу важна од моментот штом се охрабрат да кажат, па натаму. Ова е така за да добијат блискост и за да се охрабрат и други жртви да прозборат против своите насилници.
⚫Не е тешко да му кажиш на некој дека си таму за него и да слушаш. Ако не можиш ни тоа да го направиш, подобро не прај ништо него да правиш гнасни мајтапи и повеќе штета.
Кој е тој морален аспект во сексуална работа, секс за една вечер? Морални вредности и поштеност и општествени норми како водилка:
⚪Не можи да држи било каква вина некој ако прави тоа што сака со својот живот и притоа не повредува некој друг. Моментот кога повредува некој друг, држи одговорност кон тој некој друг. Во спротивно не.
Каде влегува сексуалната едукација тука и зошто е важна?
Сексуална едукација е нешто кое очајно ни треба. И како таква, исто така планирам посебен текст само за неа и нејзината важност и специфичност и се што би опфатила. Но, пред тоа сакам да кажам каде уствари сексуалната едукација влегува во ваква тема? Во тема каде зборуваме за сексуално вознемирување, ситуации каде едната страна не дава согласност за тоа што се прави, објавување експлицитни содржини без дозвола и сл.? Сексуалната едукација е многу повеќе од учење само за своето тело.
Теми кои би опфаќала сексуалната едукација се:
- Да се избегнат негативни последици по здравјето. Тука влегуваат сексуално преносливи болести, како и несакана бременост. Правилно користење контрацепција, секундарни промени на телото и абнормални промени на телото кои можи да бидат последица на некаква инфекција, рак или нешто друго.
- Да можи да комуницираме отворено за сексот и сексуалноста. Сексот е нешто што го правиме сите. Дел ни е од интимата и можеби не сакаме со сите да зборуваме за тоа. И тоа е во ред. Но, тука спаѓа слободата да купиш кондоми без срам, или пак играчки за самозадоволување. Да си сигурен во својата сексуалност, како и да си слободен во кажување што сакаш на партнерот.
- Да можиме да разликуваме здрави и не здрави врски. Да се одржува врска е способност која многу млади луѓе не ја знаат зошто никој не зборува за тоа: позитивна комуникација, менаџирање на конфликти, спогодби и барање компромис. Тука исто така спаѓа и препознавање на манипулативни техники кои можи партнерот да ги користи, да се свесни кога се наоѓаат во токсична врска и како да излезат од неа и како да бидат другар со својот партнер пред се.
- Да го разбираат своето тело и да имаат контрола врз него, знаејќи дека е само нивно и само тие имаат право над него. Сексуалната едукација е многу повеќе и не учи дека телото е само наше и без наша дозвола никој не смеј да прави ништо со него.
- Да научиме да почитуваме дека туѓото тело е туѓо. Како што сакаме да имаме право да правиме што сакаме со нашето тело, така и другата страна има право на истото.
- Да покажуваме почит и достоинство кон сите безразлика на нивната сексуална историја, сексуалност и преференци. Последните неколку декади беа револуционерни за прифаќањето на приапдниците на LGBT, но и покрај тоа голем број сеуште мора да се кријат, и се тепани и исмевани за тоа што се и тоа што е нивна преференца.
Ова е тоа што е релевантно за оваа точка и во наредна прилика ќе ги разгледаме позитивните страни на сексуалната едукација.
Прочитај повеќе:
Психологија на толпа: недостаток на размислување и носење брзи одлуки
Генерално ќе гледам да објавувам текстови еднаш на две недели, во Среда. Колку да постои некаква структура. Ако најдам некоја тема која е „поитна“ или тема која лично многу ме интересира, ќе има вака изненадни текстови во неопределено време. А, и да. Длабоко се извинувам за должината на текстов. Свесна сум дека во претходниот текст пишав дека ќе се држам до пократки и поконцизни текстови. И сега го добивте ова. Сори. И уште едно извини за тежината на текстот. Не ми беше сеедно ни дур го пишував, ни дур го пречитвав. Идни текстови за месец Февруари се:
Црвени знаменца во врска - 03/02/2021
Што е токсична позитивност? - 17/02/2021
Линковите до текстовите ќе можат да ве однесат до текстот после дата впишана до насловот.
Користена литература:
The Malevolent Side of Revenge Porn Proclivity: Dark Personality Traits and Sexist Ideology
Comments
Post a Comment