Што е токсична позитивност?
Дали идеалниот свет е свет само со насмевки и позитивна енергија? Дали ние сами ја правиме нашата среќа со нашите мисли? Дали единствената прифатлива реакција е позитивна? Ова се само дел од прашањата кои сакам да ги разгледаме. Прашања кои често ги среќавам како реакција на стресни ситуации пред се. Не велам дека го гледам светот низ негативна призма, и тоа има свои слаби страни, но нешто шо е кога несвесно, а се почесто свесно туркано е - позитивноста. Позитивност по секоја цена. Дури и би рекла дека ова се поврзува со првиот текст за годинава, рангирање на болка, зошто при токсична позитивност често можи да дојди и до рангирање на болка и дури и негирање на многу реално чувство како стрес и болка на сметка на тоа секогаш да сме во добро расположение. Но, кога не се пренагласува позитивноста, апсолутно ни е потребна за здрав емоционален и ментален живот. Што подразбираме под токсична позитивност е, прегенерализирање на среќата, пренагласување и форсирање на оптимизам во секоја ситуа...