Црвени знаменца во врска.
Еден ден бев во расположение да пишам црвени знаменца во врска. Читав и примери, а главна инспирација ми беа љубовни проблеми кои ги читам онлајн. Долго време неќев да го објавам текстот зошто осеќам како да ме шамари дур го читам ама сепак, сметам дека е доста важен и сум скоро убедена дека ќе се најди на некој кој се наоѓа во лоша ситуација. Што е важно да се знај за црвените знаменца во врска е дека инцидентно можеби и сите имаме искористено неколку, некогаш несвесно, некогаш сме сфатиле дека сме направиле грешен чекор и сме се исправиле. Кога станува алармантно и кога овие црвени знаменца имаат сила, е кога се се случува во шема. Односно, постои повторување и комбинирање на повеќе црвени знаменца и тие се случуваат постојано и притоа на партнерот- жртва на овие однесувања му влијае на расположението и психофизичкото здравје, самодовербата и генералното расположение.
🚩Никогаш не се извинува за своето лошо однесување. Безразлика дали има било какво оправдување во однесувањето на партнерот, доколку дојди до појава на лошо однесување, партнерот мора да ги уважи чувствата и да се извини. Доколку партнерот не се извини, значи дека не ги уважува чувствата на партнерот и смета дека начинот на кој се однесува е во ред. Со тоа што се продолжува со тој партнер без да се извини, се дозволува неговото однесување и се прифаќа како нешто што е нормално во таа врска и од таму, нема да се искорени.
🚩Одбива да зборува за проблемите во врската и се обидува да ги турни под тепих. Без да се извадат проблемите во врската на површина, тие проблеми нема да можи да се решат, безразлика дали тоа би било со разговор или на друг начин. Одбивање да се најди решение за проблемот, е одлагање на проблемот и евентуално негово повторно појавување.
🚩Сметаат дека сите бивши не чинат, и не гледаат зошто нивните врски не успеале. Апсолутно можи да се случи сите бивши да имаат одреден проблем и да влијаеле лошо на вашиот партнер. Но, колку често се работи за недостаток на интроспекција и поглед кон себе? Особено е важно да се увиди зошто раскинале и дали има заедничка точка на тие раскини. Во заедничката точка на тие раскини можи да лежи проблем на кој ако се работи, можи да не се повтори.
🚩Користење на ултиматуми и уцени за да се добие тоа што го сакаат. Покрај одредени, поневини црвени знаци, тука се обработуваат и обиди за емоционална манипулација. Ова е еден од нив. На овој начин партнерот се обидува да ве форсира во неговиот избор, најчесто заканувајќи се дека ќе го изгубите него ако не го направите тоа што го сакате. На овој начин влегувате во круг каде немате збор, немате избор и правите се што сака партнерот.
🚩Постојано зборува како тој/таа е во право, и сите пријатели и роднини не ти мислат добро. Ова, исто така е манипулативна техника каде партнерот се обидува да те оддалечи од пријателите и роднините, со цел да те има само за себе. Се издигнува себеси над нив, како фигура која треба да се уважи, и доколку има моќ и би ставил забрана, или уцена за намалување на контакт со личности кои можеби би увидиле проблем со врската. Прво направив мапа од реченици кои се релевантни, ама како што пишам детали, сфаќам дека дел можам да ги спојам. Тука исто така, влегува дека често те обвинува тебе, и тие околу тебе дека лажат. Ова исто така е начин да се издигни себеси и да земи топката во свои раце. На овој начин партнерот го оддалечува другиот партнер од најблиските кои би можеле да увидат други проблеми, но исто така работи на намалување на самодовербата на партнерот и неуважување на неговите мислења и ставови. Исто така, МОРА да ги знае твоите пасворди на сите социјални мрежи. На овој начин можи да се осигура со кој имаш контакт и колку често. Дали има непосакувани потенцијални партнери, но и да се увери дека контактот со непосакуваните личности од кои пробува да ве изолира - е навистина преќинат.
🚩Се обидува да контролира што носиш, како изгледаш и како се претставуваш во јавноста. Потребата на партнерот да контролира движење и изглед може да иди поради различни причини и несигурности, но многу често се поистоветува со класична манипулација и начин на кој партнерот се обидува да го наметни своето мислење. Исто како и со претходната точка, се обидува да се прикажи како единствена фигура која треба да се уважи и чие мислење е најважно често обидувајќи се да ја намали самодовербата на партнерот за да можи да добие контрола врз него. Ова ќе го ставав како засебно црвено знакче, но совршено се вклопува со оваа точка. Се обидува да контролира кој те прати, кој пратиш и што постираш на социјалните мрежи. Се е до потребата за контрола.
🚩Не враќаат на пораки, а постојано се со својот телефон или пак се активни на други социјални мрежи. Сосем е нормално партнерот да не одговара одма на пораките, ни пак треба да пишуваме 24/7. Но, секогаш има некое црвче кое не јади кога знаеме дека партнерот е секогаш со телефонот и е слободен, па во многу случаеви и онлајн, но сепак, не ни одговара на пораките. Многу често се вели дека игнорирање е најдобра одмазда, а и најболна. Можи да се претпостави дека партнерот губи интерес, но и можеби дека сака да глуми одредена ладност за да добие тоа што сака.
🚩Не ти се допаѓаат неговите пријатели. Често, пријателите се рефлексија на тоа каков човек имаме покрај себе. Ако партнерот се дружи со одредените пријатели, тие најверојатно имаат заеднички линк, иако не е тоа секогаш случајот. Што е тоа што не ви се допаѓа за пријателите на партнерот? Дали и партнерот го поседува истото, но го игнорирате затоа што сеуште го гледате со различни очи?
🚩Држат одредена листа на работи кои сте ги згрешиле и постојано ги држат над вас, или народски кажано - е злопамтило. Тука ќе тргнам малку настрана од темата. Лично, не можам да простам нешто ако не сум 100% сигурна дека утре кога ќе се скараме нема да го користам како „оружје“ против некој. Од тука, ако некогаш сте згрешиле нешто, и партнерот простил, но при првата кавга го користи тоа за да ве омаловажи или да направи вашето мислење да е помалку важно ради таа грешка - тоа е сериозно црвено знаменце.
🚩Прави да се чувстуваш виновно за своите избори. Избори кои не смееш да ги правиш сам. Избори кои мора да ги одобри тој. Мислам дека јасно се гледа поврзаноста со другите точки. Партнерот сака да ве оневозможи да носите одлуки сами. Одлуките мора да поминат преку него.
🚩Не те бодри и не се радува за твоите успеси. Партнерот е пред се наша потпора. Затоа и се користи зборот „партнер“, означувајќи дека сме еднакви и заедно во тоа. И како наша потпора партнерот треба да ни е најголема поддршка, и да е прв кој најискрено ќе се радува за нас и нашите избори.
🚩Се лути кога излегуваш со било кој друг ( пријатели, семејство) без него/ неа. Ова е најчесто знак на љубомора, која се смета за знак на токсична врска. Најчесто се ограничува просторот и слободата на својот партнер во знак на контрола, поради љубомора.
🚩Сака да ја држи врската тајна. Постојат различни типови на врска. Но, кога некој тврди дека сака да има a happy ever after со вас, и дека вие сте љубовта на неговиот живот, но во исто време не сака да биди виден јавно со вас или пак асоциран како ваш партнер, природно е да се запрашате зошто. Која е иднината на ваквата врска? Кога се оди јавно? Што се чека?
🚩Не е во добри односи со сите. Како ги третираме другите е често одлика како би реагирале и со партнерот. Тешко е да промениме како се однесуваме, но не е невозможно. Но, доколку сме на почеток во врска, лесно можеме да знаеме каков е нашиот партнер набљудувајќи каков е со пријателите, вработени како келнери, шанкери и генерално дали е во добри односи со повеќето блиски роднини и пријатели или е во постојан конфликт со нив.
🚩Ти поставува правила, најчесто наметнати. Ова е партнер кој не е фелксибилен и ако не е по негово тогаш нема да биди никако. Тој е исто така партнер кој постојано вели дека добива се што сака. Овој партнер нема да престани додека не го добие тоа што го сака и тоа најчесто значи задоволување на потребите на само еден партнер и занемарување на потребите на другиот.
🚩Секогаш ти треба да се извинуваш и да завршуваш кавги инаку никогаш не би завршиле. Дали се работи само за тврдоглавост или нешто друго, можеби и не е важно. Партнерот има научено дека другиот партнер попушта. Или пак, партнерот никогаш нема да се погази себеси безразлика дали тоа прави врската да е на цедило.
🚩Не нудат емоционална потпора во тешки времиња. Како што споменав и претходно, партнерството означува и еднаквост, но и разбирање и љубов. И давањето и примањето на разбирањето и љубовта мора да е балансирано и еднакво, затоа што кога не постои баланс постои несреќен партнер. Кога сме емоционално истоштени или пак врвиме низ лош период лично, најмногу што ни треба е поддршката на партнерот.
🚩Се лутат кога се зборува за неговите грешки. Партнер кој смета дека не греши или пак одбива да уважи одредени грешки, е партнер со кој ќе имате проблем кој никогаш нема да можи да го решите затоа што партнерот ќе одбива дека постои.
🚩Често држат „двојни стандарди“ за многу ситуации. Сите малку држиме кисела насмевка кон нашите најблиски кои имаат двојни стандарди. Океј е за овие, но не е океј за другите. Ваквите ставови, често контрадикторни се тешки за разграничување и не можи да се знае кога партнерот ќе најди оправдување дека нешто е океј ( најчесто на база на пол) за него, што не е во ред за тебе.
🚩Не им е грижа за работите освен ако директно не ги засегаат. И под директно засегање се мисли на активност која му створа задоволство или пак активност од која има директен интерес. Се останато не е релевантно за таков партнер и тука се поврзува со другите поддршки, поради тоа што не му е важно не е поддршка на својот партнер во активностите кои го интересираат, и доколку не добие тоа што сака можи да биди ладен и незаинтересиран додека не добие тоа што сака, индиректно наметнувајќи.
🚩Уживаат во карање. Ова прилично само се објаснува. Партнер кој сака да се кара, секогаш ќе врти разговор на кавга за лично задоволство.
🚩Ги проектираат своите проблеми. Често слушаме дека партнер кој се плаши дека ќе биди изневерен, најчесто проектира затоа што сам има такви мисли, нагони или желби, па можеби и само фантазии. И најчесто ваквиот партнер своите стравови, мисли, нагони и слично, ги проектира на својот партнер верувајќи дека тоа што го прави и сака да го прави тој, уствари го наметнува како реалност на својот партнер, сосема свесен дека таквите активности не се во ред и можат негативно да се одразат на емоционалното и ментално здравје на својот партнер.
🚩Постојано бришат пораки. Тука можи да се додаде и дека е таинствен за многу аспекти од својот живот особено од својот живот на социјалните мрежи. Сите имаме право на приватност и никој не смеј да пречекори во нашата приватност, но има одредени „замаглени“ граници кои не оставаат со прашалници дали партнерот има скриени намери, а тоа е речиси „религиозно“ бришење на пораки, не оставајќи никаков доказ за тој разговор. Исто така често читам за партнери кои сеуште чуваат дејтинг апликации затоа што „заборавиле“ да ги избришат и мислам дека спаѓа во оваа точка.
🚩Стануваат сосема различен човек после првите неколку месеци врска. Во првите месеци од врската и запознавањето ние сме идеалното јас. Јас кое сакам да бидам. Јас кое е посакувано. Јас кое е привлечно за партнерот. Но, како што врската расти и се запознаваме подлабоко, ги откриваме пореалните страни на себе. Сепак, реалната страна и не е толку далеку од идеалната страна на нас. Доколку партнерот е драстично поразличен покасно, за разлика од првите месеци врска, шансите се дека тоа е неговото вистинско, подлабоко „јас“, и презентираното до сега е само идеалното „јас“.
🚩Прави да се чувстуваш како лошиот во врската и тука би додала и прави да се чувстуваш глупаво. Исто така се работи тука за манипулативни техники со цел контрола на партнерот. Ако ти си секогаш лошиот во врската, тогаш ти си тој кој секогаш се извинува. Ти си тој кој постојано се менува, а партнерот само седи во својата комфорт зона. Друг начин за контрола е намалување на самодоверба на партнерот кое е споменато неколку пати до сега. А, тоа се постигнува со предизвикување на чувство кое прави партнерот да мисли дека е глупав, некомпетентен и недоволно добар генерално, но и за својот партнер пред се. Накратко, прави и да се чувстуваш како никогаш да нема да бидиш доволно добар за него.
🚩Ги тестира твоите физички граници дури и кога велиш „не“. Дали те скокотка дури и кога ќе речиш не? Дали кога си зафатен и јасно кажуваш дека имаш работа, продолжува да те задева? Слатките игри имаат свои граници, и непочитување на едни физички граници, можи лесно да се преточи во пречекорување на други физички граници, суптилно и полека.
🚩Изневери претходниот партнер со тебе. Ова се двоумев дали да го пишам поради повеќе причини, но сепак решив дека треба да се најди на листата. Ова е исто така шема на однесување. Ако нештото се случило еднаш, шансите се дека ќе се случи два пати и три пати и ... Поентата е, доколку партнерот е океј со изневерување, често се засадува мислата: „Кои се шансите дека мене ќе ми биди верен?“ и тоа е добро прашање иако не е можеби чест случај, партнер кој е океј со изневерување, има шанси да изневери пак. Големи или мали шанси, се работи за нешто што се случило претходно.
Кога ќе видам колку многу уствари напишав, ме фати страв. Како уствари ние можиме да бидиме во здрава врска при толку можни проблеми? Но, црвени знаменца не се нешто врз кое веднаш земаме некакво дејство. Сите партнерите, особено во подолги врски, ги познаваме добро. Знаеме како реагираат, каков јазик користат и слично. Инцидентни црвени знаменца можи и да се основа за голем проблем како што прави се ова да изгледа, но шансите се дека не се. Но, не е лошо да ни се „назад на ум“ да видиме дали постои шема и да внимаваме на однесувањето во иднина. Проблем уствари постои кога има токсична шема на однесување каде црвените знаменца се случуваат постојано и ротираат постојано и никогаш не преќинуваат и пред се, можеби и најважно за да се кажи дека нештото е лошо, влијаат неповолно, негативно врз партнерот на кои се користени, го истоштуваат емоционално и тој се потчинува на ваквото однесување.
Зошто текстот е толку драматичен, има причина, а тоа е затоа што често гледам јасни црвени знаменца на кои барем лично би застанала и би се запрашала што можи да е проблемот. И ги читам ваквите проблеми онлајн и пробвам да разберам дали некој не ги гледа или пак е нешто друго во прашање? Ама можи да настани и игнорирање на ваквите знаци, но и целосно незабележување. Но, за тоа во наредна прилика. Ова беше повеќе за луѓе кои се во некаков круг, шема, односно се жртва на постојано вакво однесување, да можат да го увидат.
Исто така притисни тука, тоа е текстот за токсични врски и како би изгледал излез од таква врска.
Референци:
https://www.lifehack.org/375731/50-red-flags-you-should-watch-for-your-relationship
https://www.self.com/story/relationship-red-flags-never-ignore
https://socialetiquettemk.blogspot.com/2020/06/toksicni-vrski-izlez.html?m=1
Comments
Post a Comment