Што е токсична позитивност?
Дали идеалниот свет е свет само со насмевки и позитивна енергија? Дали ние сами ја правиме нашата среќа со нашите мисли? Дали единствената прифатлива реакција е позитивна? Ова се само дел од прашањата кои сакам да ги разгледаме. Прашања кои често ги среќавам како реакција на стресни ситуации пред се. Не велам дека го гледам светот низ негативна призма, и тоа има свои слаби страни, но нешто шо е кога несвесно, а се почесто свесно туркано е - позитивноста. Позитивност по секоја цена. Дури и би рекла дека ова се поврзува со првиот текст за годинава, рангирање на болка, зошто при токсична позитивност често можи да дојди и до рангирање на болка и дури и негирање на многу реално чувство како стрес и болка на сметка на тоа секогаш да сме во добро расположение. Но, кога не се пренагласува позитивноста, апсолутно ни е потребна за здрав емоционален и ментален живот.
Што подразбираме под токсична позитивност е, прегенерализирање на среќата, пренагласување и форсирање на оптимизам во секоја ситуација. И покрај болката која ја осеќаме, се додава и притисокот да бидиме позитивни. Некогаш и не е само притисокот да си позитивен за себе, туку да си претставителен за околината. Сликата дека не допира ништо до тебе. Барање на ситница позитивна во негативна ситуација за да се почувстуваме подобро е една работа, но земање на целата ситуација како нешто позитивно е сосема друга работа, која впрочем не ни дозволува да почувствуваме болката за да можиме да се справиме и да расчистиме со неа, туку ја туркаме под превез на лажна среќа. Но, проблемот останува. И тлее во позадина. И проблем кој не е решен, туку само расти зошто го игнорираме, е многу опасен. Како и се направено во голема, пренагласена мера, позитивноста само тогаш станува токсична. Сама по себе позитивноста не е токсична, туку се смета за таква кога иди до пренагласеност на позитивноста и истиснување на реалните искуства кои ги имаме. Ние како луѓе сме грешни, и тоа е океј. И знаеме да љубомориме, и да сакаме да добиеме нешто по секоја цена, и да сме конфликтни, и ред други карактеристики кои се далеку од перфектни. Со тоа што би тврделе дека сме позитивни по секоја цена и ништо до нас не допира, директно ги бришиме реалните човекови искуства.Зошто линкував текстот за рангирање на болка погоре, е затоа што има одредена доза на споеност. Со токсична позитивност се очекува да бидиме благодарни со тоа што го имаме. Зошто би се чувствувале незадоволни кога имаме покрив на глава? Која е основата на несреќа кога има толку многу луѓе на кои им е полошо? Едноставно е - биди позитивен! Но, дали навистина е така? Дали е толку лесно да уважиш дека да, имам се што ми треба. „Треба да сум среќна во овој момент. Но, не сум.“ Која би била прва мисла која ќе ја добијам после ова? „Што не е во ред со мене?“. Не само што форсирање на среќа не го решава проблемот, туку можи да го продлабочи затоа што индивидуата која се наоѓа на лошо место емоционално и ментално, му се додава уште еден товар кој треба да го носи. Товар кој му говори дека е неблагодарен, дека мора да биди среќен зошто сите останати аспекти од животот му се средени барем према граници на општеството, дека е млад/а и дека младите немаат проблеми сеуште и слично.
Колку и да сакам да ги држам текстовите по... лесни, морам да споменам две истражувања кои сметам дека се релевантни. Постаро истражување зборува за истиснување на мисли. Земаме една мисла и ја истиснуваме. Резултатите кои ги добиле зборуваат дека колку повеќе истиснуваме одредена мисла, имаме наклонетост поќе да се фиксираме и да мислиме на таа работа. И друго истражување од 1997 година, зборува за истиснувањето на емоции и негативните ефекти по емоционално, но и физичкото здравје, односно резултатите кои ги добиле тврдат дека колку повеќе истиснуваме што чувствуваме, толку повеќе се зголемува психолошкиот стрес кај нас.
Знаци кои укажуваат на токсична позитивност
- Маскирање и криење на своите вистински чувства,
- Се обидуваме да „поминиме преку нешто“ со негирање на нашите чувства или не посветување доволно внимание на нив,
- Чувствуваме вина поради начинот на кој се чувстуваме,
- Се минимизираат искуствата на другите луѓе и на себе со цитати,
- Давање различна перспектива дека можи да биди полошо и зборување за ситуации каде што е полошо,
- Предизвикување срам кај некој друг или кај себе поради начинот на кој се чувстува бидејќи начинот не е исклучиво позитивност и
- Не посветување внимание на негативните чувства велејќи „тоа е што е“.
Форми на токсична позитивност
- Кога нешто лошо се случува, како на пример губење на работа, најчесто како форма на тешење се вели „остани позитивен“ и „гледај на позитивната страна“. Ваквите коментари, важно е да се знае дека не се кажани со цел да бидат негативни туку напротив, кажани се во знак на сочувство, начин да се бодрат најблиските и начин да им искажиме дека ние се грижиме за нив. Но, исто така овие се начини на „исклучување“ на чувствата и невалидирање на искуството кое сме го доживеале.
- Најчесто кога искусуваме некаква загуба, луѓето ни велат „се се случува со причина“. Дури и ова се вели затоа што се верува дека дава некаков комфорт, но исто, е начин да се избегни болката и да се „турни“ под тепих и да не се справи поединецот со неа.
- Кога укажуваш на тоа дека имаш некакво разочарување или слично на тоа, некогаш можи да ни биди кажано „среќата е избор“. Ова предлага дека ако се чувстуваш лошо, или искусуваш негативни чувства, ти избираш да е така. Ова е твој избор. Ти си крив затоа што се осеќаш вака. Што, само по себе прави да се чувстуваме лошо, виновно, па дури и потажно и поразочарано од претходно.
Зошто токсичната позитивност е уствари, штетна и ефектот не е она што е посакувано?
Предизвикува чувство на вина: праѓа порака дека ти не наоѓаш начин да бидиш среќен. Дури и за време на несреќа, предизвикува чувство на вина.
Предизвикува чувство на срам: кога некој страда, доста е важно да можи да најди комфорт во неговите пријатели и фамилијата. И доста е важно таквите луѓе да не му праќаат несвесни, индиректни пораки дека неговите чувства и искуства не се валидни.
Истиснување на емоции: како што увидовме од двете истражувања кои се споменати погоре, истиснување на стрес не носи кон помалку стрес туку носи кон поголем психолошки стрес и воедно ја влошува психолошката ситуација во која се наоѓаме.
Избегнува автентичка човечкова емоција: нашите емоции се најчовечното нешто кое го поседуваме. Токсичната позитивност е механизам на избегнување. Кога луѓето практикуваат токсична позитивност како начин за справување на своите проблеми, тоа им овозможува да избегаат од ситуациите кои прават да се чувстуваат нелагодно.
Изолација: кога ја негираме нашата вистина, градиме поинаква, неавтентична слика за себе пред другите луѓе и на тој начин се изолираме себеси од светот. Губиме конекција со себе и губиме конекција со тие околу нас. Изгледаме силно од надвор, но што се случува внатре?
Превентира личен раст: болка никој не сака да почувстува, но болката е неизбежен аспект на нашиот живот. Можеби боли, но мора да се соочиме со таа болка за да можиме да ја надминиме на здрав начин.
Како да се избегни токсична позитивност?
- Биди реален за тоа што треба да го чувстуваш. Кога се соочуваш со стресна ситуација сосем е нормално да чувстуваш стрес, грижа, па дури и страв. Не очекувај премногу од себе.
- Во ред е да чувстуваш повеќе од една емоција. Во исто време можиш да чувстуваш контрадикторни емоции, и навидум спротивни како страв, неизвесност, но и надеж и среќа и возбуда. Нашите емоции не се еднонасочни.
- Менаџирај ги своите негативни емоции, но не го негирај нивното постоење. Ако се истиснуваат емоции, прават повеќе проблеми по менталното здравје.
- „Не мисли за тоа, само биди позитивен!“ можи да се замени со „Објасни ми што чувстуваш. Слушам“.
- „Не се грижи, биди среќен!“ можи да се замени со „Гледам дека си под стрес, дали можам некако да помогнам?“
- „Губење не е опција“ можи да се замени со „Губењето е дел од личниот раст и го гради патот до успехот“.
- „Се ќе биди во ред на крај“ можи да се замени со „Ова е навистина тешко. Мислам на тебе.“
- „Само позитивни мисли!“ можи да се замени со „Јас сум тука за тебе и во добро и во лошо“.
- „Ако можам јас да го направам, тогаш можиш и ти!“ можи да се замени со „Сечии можности се различни, во ред е“.
- „Избриши ја негативноста!“ можи да се замени со „Болката е дел од животот, не си сам/а, тука сум.“.
- „Можи да биди и полошо“ можи да се замени со „Ох, навистина штета. Жал ми е дека се наоѓаш во ваква ситуација“.
- „Среќата е избор“ можи да се замени со „Твоите чувства се валидни“.
- „Биди позитивен по секоја цена“ можи да се замени со „ Тука сум. Те слушам.“.
Факт е дека токсичната позитивност, како и рангирањето на болка ретко се прават со цел да се повреди некој, и тоа е само непосакуван ефект кој се добива. Најчесто овие две работи идат од место на љубов и позитивност. Како да бидиме соодветна поддршка на нашите пријатели пред се вклучува да ги слушаме. Некогаш не треба ништо да изустите, доволно е само да слушате затоа што не знаеме каков ефект нашите зборови ќе имаат кон соговорникот.
Референци:
https://thepsychologygroup.com/toxic-positivity/
https://www.healthline.com/health/mental-health/toxic-positivity-during-the-pandemic#What-is-toxic-positivity?
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/3612492/
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/9103721/
https://www.verywellmind.com/what-is-toxic-positivity-5093958#forms-of-toxic-positivity
Comments
Post a Comment