Водење дневник како поткрепа на менталното здравје

Многу често кога некој има претек на емоции, нешто што го велиме најчесто е „ кажи го да ти олесни “ или „ извај го лошото од тебе “ и слични фрази. И што е доста важно да се заклучи е, ова се дел од тие фрази кои уствари навистина можат да помогнат во дадена ситуација. Држење на емоциите внатре можи само да ни наштети . Но, зошто ако оставиме да ни е лошо, уствари ни е подобро? Истиснување на емоции не значи дека тие престануваат да постојат, туку скриени, без да сме свесни за нив, тие почнуваат и продолжуваат да растат и стануваат помоќни, „полоши“ и можат да нанесат само поголема штета. Затоа и се вели дека е доста важно емоциите да ги вадиме од нас, или „негативната енергија“, „лошото“, како и да одбериме да се поставиме кон ситуацијата. „ Колку повеќе ги криеме емоциите, толку повеќе се покажуваат. Колку повеќе ги негираме чувствата, толку повеќе растат .“ - Непознат автор Штом заклучивме дека вадење на емоциите е доста добро за нашето ментално здравје, треба да увидиме...