Среќен прв роденден на блогот!

Среќен прв роденден на блогот! Дефинитивно не се чувстувам како да поминало една година и сосем случајно видов дека уствари 13 е роденден на блогот. Идејата за него ја имав неколку месеци ама гледајќи колку „често“ постирам прави смисла дека го отворив неколку месеци покасно, импулсивно. И ме правеше среќна многу долго. И уште ме прај само што не можам да додржам со интензитетот ради „непознати“ причини.  

Идејата секогаш ми беше блогот да биди слободно место каде можам да пишам то шо сум научила низ процесот на образование и што уште учам, што од пракса, што од други места. Честопати пробав да се цензурирам на одредени теми, да пишам политературно и слично, но секогаш, во се што правам сакам да се познава мојот карактер таму, па се надевам дека веќе гледате преку кратките лични осврти и дијалектот. Затоа и сакам да велам дека пред се блогов е персонален, па после и едукативен. 

Годинава јас дефинитивно ќе се обидам да бидам поредовна. Што за вас, што за мене. И за крај, се надевам дека ќе останиме заедно и во иднина, и повелете на парче торта! 



Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита