Водење дневник како поткрепа на менталното здравје

Многу често кога некој има претек на емоции, нешто што го велиме најчесто е „кажи го да ти олесни“ или „извај го лошото од тебе“ и слични фрази. И што е доста важно да се заклучи е, ова се дел од тие фрази кои уствари навистина можат да помогнат во дадена ситуација. 

Држење на емоциите внатре можи само да ни наштети. Но, зошто ако оставиме да ни е лошо, уствари ни е подобро? Истиснување на емоции не значи дека тие престануваат да постојат, туку скриени, без да сме свесни за нив, тие почнуваат и продолжуваат да растат и стануваат помоќни, „полоши“ и можат да нанесат само поголема штета. Затоа и се вели дека е доста важно емоциите да ги вадиме од нас, или „негативната енергија“, „лошото“, како и да одбериме да се поставиме кон ситуацијата. 

Колку повеќе ги криеме емоциите, толку повеќе се покажуваат. Колку повеќе ги негираме чувствата, толку повеќе растат.“ - Непознат автор



Штом заклучивме дека вадење на емоциите е доста добро за нашето ментално здравје, треба да увидиме на кои начини можиме да го сториме тоа. Најчест начин за искажување на тоа што не мачи е со зборување, дали тоа било со пријател, колега, родител, терапевт, доктор, некој непознат, независно. Но, меѓудругото пишувањето е начин на искажување на емоции. Дали е тоа со покажување на благодарност во една кратка реченица како бележник за секој ден, или пак детално зборување за своите емоции. Вадење од себе на емоциите и проблемите надвор, разговарање за нив или читање на напишаното ни дава и нова перспектива на проблемот која не би можеле да ја увидиме кога проблемот ни е во главата. 

Кои се придобивките од водење дневник како поткрепа на менталното здравје?

Пред се, самото пишување можи да има смирувачки ефект. Како што зборувавме веќе, со самото пишување доаѓа и смирување само затоа што тоа што не мачи го „кажуваме“ на некој, макар тој некој да е парче хартија или потенцијален човек кое ќе го прочита тоа ливче хартија. 

Но, кога ќе се стави проблемот во перспектива, можи многу лесно да се видат повторувачки, проблематични шеми. Проблемот се гледа од друг аспект, „со нови очи“. Кога сме сами со себе во главата не можиме да разграничиме што се случува и често запаѓаме во кругови на претерано мислење и стрес. Кога нештото е на хартија можиме да се „одделиме“ од него и како такво да увидиме нешто што претходно не сме можеле. 

Ставање на зборовите на хартија можи да ни помогни да си дадеме блискост за одреден настан со тоа што го преживуваме повторно пишувајќи го, како и да добиеме чистост за тоа како се одвиваат одредени работи. Ова е тесно поврзано со претходната точка.

Заклучок

Причините за ова можи да личат мали, но се неизмерно важни за одредено ниво на терет. Секако, ова не можи да реши задински проблем на тоа што ни се случува, но што е најважно, можи да ослободи одредено ниво на стрес и да ни внеси малку свежина и можност да размислиме од друга перспектива. Воведување на нова перспектива и мислење со трезвена глава дава можности за нови решенија и намалување на стрес. 

Еднаш додржав да бидам пократка како што ветив на почеток на годинава. Интересно е чувството да успеам да бидам пократка. 

Користена литература:

https://tinybuddha.com/blog/why-letting-ourselves-feel-bad-is-the-key-to-feeling-better/
@katies.self.care.diaries
@healthyvibesatl

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита