Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?
Постојано слушаме вести, и читаме, за насилство врз животни кај нас, но и надвор од нашата држава, како на пример Јулин Фествалот во Кина. Препорачувам да НЕ продолжите со читање ако оваа тема ви створа стрес и е тригер затоа што детелано ќе се зборува за насилство. Само оваа година сме сведоци на низа настани кои вршат насилство врз животни како: сечење екстермитети, бесење, убивање со пушка и секира, фрлање отров и слично. Прашањето кое сакам да го покренам тука е: како ова влијае на нас? Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето? Насилството врз животни и луѓе се смета дека е поврзан проблем и од таму се истражувала таа поврзаност. Насилството врз животни се смета како рани знаци на идно насилство врз луѓе. Нормално, ова не значи дека секогаш е случајот и тука ќе увидиме кога е и каков е ефектот кај луѓето кои вршат насилство врз животни, но и врз луѓето кои се сведоци на тоа насилство. Поврзаноста на овие две насилства се нарекува „the link“ или „линкот“....