Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето?

 Постојано слушаме вести, и читаме, за насилство врз животни кај нас, но и надвор од нашата држава, како на пример Јулин Фествалот во Кина. Препорачувам да НЕ продолжите со читање ако оваа тема ви створа стрес и е тригер затоа што детелано ќе се зборува за насилство. Само оваа година сме сведоци на низа настани кои вршат насилство врз животни како: сечење екстермитети, бесење, убивање со пушка и секира, фрлање отров и слично. Прашањето кое сакам да го покренам тука е: како ова влијае на нас? Дали насилството врз животни раѓа насилство кај луѓето? 

Насилството врз животни и луѓе се смета дека е поврзан проблем и од таму се истражувала таа поврзаност. Насилството врз животни се смета како рани знаци на идно насилство врз луѓе. Нормално, ова не значи дека секогаш е случајот и тука ќе увидиме кога е и каков е ефектот кај луѓето кои вршат насилство врз животни, но и врз луѓето кои се сведоци на тоа насилство. Поврзаноста на овие две насилства се нарекува „the link“ или „линкот“. 

Ample  истражување ја поддржува идејата за ваква поврзаност, како и што е дискутирано од група автори кои зборуваат за Бионфенбереновиот биоеколошки систем. Но, прво ќе почнеме со првото истражување:

  • Истражување во 1997 извршено од страна на Друштво за спречување на суровост кон животните од Масачусетс и Североисточниот Универзитет откриваат дека насилниците кон животни за 5 пати имаат поголема веројатност да повредат и луѓе.
  • Друго истражување, во 2013, открива дека 43% од тие кои извршуваат училишни масакри, исто така претходно имале пријави за насилство врз животни, најчесто мачиња или кучиња. 
  • Истражување од 1983 укажува дека 88% од домовите во кои има семејно насилство, имало и насилство врз животно.
  • Истражување од 2017 укажува дека 89% од жените кои чувале миленик за време на насилна врска, имале искуство каде партнерот претел со насилство врз животното, или пак го извршувал.
Но, не се поврзува насилството врз животно само со семејно насислтво, туку и насилство генерално, а и како рани знаци на антисоцијално однесување.
  • Џефри Дамер, кој распарчил 17 луѓе, првично вежбал на кучиња и мачиња и главите им ги бодел на прачки.
  • Иан Брејди, кој малтретираше и уби 5 деца во 1960тите се фалеше дека ја убил својата прва мачка кога имал 10 години, па веднаш после тоа запалил мачка жива, убивал кучиња со каменување и сечел глави од зајци пред да се префрли на луѓе. 
  • Роберт Томпсон и Џон Венаблс убиваа гулаби и врзуваа зајци на шини и гледаа како умираат.
Но, можеби и најопсежното истражување на оваа тема е извршено на територијата на Романија каде со закон е дозволено убивање улични кучиња, па дури и охрабрено. Истражувачи од Teesside Универзитетот зборувале со тинејџери од Романија. 
  • 9 од 10, или 86,3% сметаа дека е нормално да се малтретираат и убиваат животни.
  • Овие тинејџери имале и поголеми тенденции кон себе повредување и суицид, за разлика од германската конролна група.
Со ова се заклучува дека покрај поттикнување на насислтво, дека може да ескалира во траума кај децата, која покасно ќе се одрази на менталното здравје. 

Споменавме многу истражувања, но ова во Романија е од особена важност поради легалноста на чинот и овозможува споредба со други држави каде ова не е случајот. Поради ова, тука се истражува „линкот“. 

Во Обединетото Кралство, 13 убијци, 22 силувачи на деца и 99 луѓе виновни за детско насилство, претходно биле осудени или предупредени за насилство врз животни. Стотици силувачи имаат историја со насилство врз животни.

Исто така ако насилството врз животни е криминализирано и прописо спроведено, се дава граници на идните генерации за што е исправно и пропратно не се директни сведоци на нешто што може да влијае негативно на нивното ментално здравје. 

На места каде насилството врз животни не е криминализирано, децата ги гледаат животните како помалку важни и тоа поддржува „флексибилен“ криминал, или можеби е подобро ако речам селективен. Но таквата изложеност носи до зголемено насилно однесување кај нив, како и низа проблеми со менталното здравје кои може да произлезат. 

Ако немате доволна сериозност на казната, луѓето ја сметаат за дозвола на насилство и агресија“ - Малком Плант
Како заклучок на овој текст би било мал потсетник дека сите имаме различно ниво на емпатија. Но, насилството врз животните не ги засега само нив како жртви, туку и нас како поединци и нас како дел од општеството. Тоа е така затоа што линкот меѓу насилството врз животни и генерално насилство постои и се смета за важен маркер на идно однесување на сторителите, а тоа е пред се полезно за општеството како целина. 

И за крај, често темава е актуелна на неколку месеци, кога имаме масивно труење на животни, конкретно кучиња. Факт е дека имаме проблем со улични кучиња, но циклуси на фрлање отров или „catch and kill“ законот од Романија не го решаваат проблемот. Светската здраствена организација и светската организација за здружение на животните, како единствено трајно решение предлагаат стерилизација на училни кучиња и чипирање на домашни, за да не би се почнал нов круг на училни, нестерилизирани кучиња. 


Користена литература:

https://www.independent.co.uk/news/long_reads/domestic-violence-animal-cruelty-abuse-neglect-murder-children-dogs-a9018071.html

https://nationallinkcoalition.org/what-is-the-link

https://www.animallaw.info/article/link-cruelty-animals-and-violence-towards-people

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита