Како да учиш јазик ефективно?

 Идејата за овој текст ја имав уште кога удрив 365 дена на Дуолинго, и заклучно со денот кога го пишам текстов сум на 515 денови на Дуолинго. И идејата воопшто не ми беше да истражувам и научно да поткрепвам како да се учи зошто такви текстови имаме ( линкови на крајот од овој текст), туку идејата ми беше да иди од место на лично искуство и надеж дека тој личен осврт ете можи ќе му служи во најмала рака како мотивација на некој, а во претходниот текст, а и многу други гледавме како мотивацијата е многу важна алатка генерално. 

Така да ќе почнам со ред, еден ден многу сакав да учам Исландски, ама не можев да најдам многу ресурси ( ако би почнала од постоечките ресурси, без дополнителен курс никогаш не би можела да научам доволно) па се решив да учам the-next-best-thing, а то беше Норвешкиот, како држави и јазици шо ми се мене на топ 2 листа. И така пред 515 ( а кога ќе го објавам текстов барем уште +10 дена додадете), отворив прво Дуолинго, со очекување да ми здосади како кога учев Француски во училиште, па напрајв и Дуолинго, кога се лажев дека сериозно ќе го учам. И во тој момент не напрајв ништо посериозно. На почеток кога почнуваш нешто е нормално да си помотивиран и да влезиш „јако“ во учење, и +/- по една седмица почна да ми опаѓа мотивацијата. И тука донесов важна одлука шо мислам беше клучна да ги барам сите други работи ќе ги спомнам како алатки кои ги користев - решив дека нема да скршам streak на Дуолинго по никоја цена. Првата цел ми беше 365 дена, втората цел ми е  1000 дена и морам да кажам дека колку и мали цели прво да функционираат, морам да признаам дека после 365тиот ден мотивацијата значително ми опадна зошто „исполнав“ доста тешка и долга цел. Па сега јако се мотивирам со 1000 дена и само се надевам дека ќе го завршам курсот до тогаш зошто не мислам дека ќе можам да поставам уште една појака цел која ќе сакам да ја бркам. 

Во овој дел замислата ми беше да зборам за мотивацијата и што правам во ниско мотивирачки денови. Во ниско мотивирачки денови - не се форсирам. Знам дека е можеби чудно или неочекувано, ама не можам да опишам колку е важно. Во ниско мотивирачки денови не прам 10 лекции, не седам да гледам видеа, не се обидувам ни да зборам, едноставно прам една лекција на Дуолинго, идеално од поновите шо ми се потешки, ама не од најновите шо ми се сеуште претешки пошто е дополнителен притисок и оставам. Некогаш разгледвам и низ грешките. Толку за тој ден. Ова можи да трај и неколку дена, ама после тие неколку дена обично „се враќам“ помотивирана и прам пак поќе лекции, поќе труд, поќе интерес. Друго нешто што ми помага со мотивацијата, и како обично после „ниско продуктивни“ денови се враќам назад е, читање за државата и јазикот за кои учам. Во мојот случај за Норвешка и норвешкиот јазик. Многу е интересен, низ годинава и пол како се дружам со норвешкиот, мислам дека научив многу за норвешката култура, за сестринските јазици, а баш сега за Божиќниот период читав за нивниот Божиќен и празничен период и бев ф а с ц и н и р а н а. Дали знајте дека немаат еден ден за славење туку е долг период споен со пагански празник за славење на светлина? И го земаат ПРЕМНОГУ сериозно. Толку сериозно што кога имало недостаток на путер во државата, го тргувале нелегално за да си направат тортите и пецивата кои им се неопходни за празничен период зошто се големи традиционалисти. Толку големи традиционалисти што имаат „празничен оброк“ кој го јадат за време на празниците и се опишуваат себе како „фамилија шо јади XXX работа“ и тоа е како знак на гордост. И ова го наоѓам крајно интересно и е реална мотивација да прочитам нешто плус, па „како е ова на норвешки“ дур читам текст. Па ќе се префрлам на норвешки текст, па ќе се обидам колку ќе сфатам. Ех која мотивација е кога поголем дел веќе си способен да го разбериш. 

Веќе спомнав дека решив дека нема да го скршам streak на Дуолинго и сакам кратко да прокоментирам зошто сметам дека то е една од поважните одлуки кои ги донесов во поглед учење на јазикот ефективно. Сметам дека ова беше една од подобрите одлуки кои ги донесов затоа што мене ми е многу тешко да продолжам нешто еднаш кога ќе го преќинам. Ако денес скокнам ден можам да продолжам утре, можи по една недела, можи никогаш. Сега и да вложам минимум труд, утре пак ќе вложам минимум труд ама и тоа само по себе се реди и таложи дали било неколку нови зборови или повторвање на неколку стари. Впрочем, верувам строго во тоа дека јазик се учи секој ден по малку, наспроти наеднаш еднаш неделно или месечно. 

Исто така многу важно ми беше мене, користење на повеќе ресурси, на кои не одржувам стрик по никоја цена, но повремено кога сум повеќе мотивирана се ослонувам и на нив. И од кога почнав најдов многу апликации и ресурси кои мислам дека многу ми го олеснаа учењето. 

  •  Дуолинго  - мене оваа апликација ми е основата. Нуди можност да пишуваш, читаш и дава простор да размислиш. Меѓудругото нуди лекции за основно формирање реченици, а покасно и граматика и некои правила кои сам по себе не можиш да ги сфатиш. 

Како изгледа делот со лекциите ( го има само на десктоп верзијата):


И потоа се доаѓа до целата лекција:

Што многу сметам дека можи да служи како мотивација тука е дека апликацијата  е многу компетитивна. Има „лиги“ во кои влегуваш доколку правиш повеќе лекции, има одредени „медали“ кои ги добиваш ако постигниш одредени успеси ( пример да научиш 1000 зборови во еден јазик, или да си во најгорната „дијаманд лига“ и да завршиш на прво место). Иако ова можи да звучи како игра, на крај краева за да добиеш повеќе поени, мора да ја завршиш лекцијата. Ако ја завршиш лекција, сакал или не - завршуваш со знаење. 

Тука би сакала и да додам како изгледаат вежбите на Дуолинго, кои генерално се лесни, секогаш можиш да се присетиш на некој збор доколку не ти текнува, но обиди се да ѕирниш само кога си во тесно! Не постојано! 
Лекциите на Дуолинго се одвиваат на 6 нивоа каде во ниво 1 дава нови зборови, наредните 4 нивоа се вежбање и последното ниво е без помош и е како вид на „тест“. Одбрав нова лекција за сликиве за да прикажам како ги означува новите зборови. Во случајов huske е збор со кој прв пат се среќавам во апликацијата и како таков е обележан. Но, ако одиш со маус ( или прицниш во апликацијата) врз зборот - ќе ти кажи како е преводот. 

Една од омилените вежби ми се речениците за зборување. Ти ја чита реченицата, и ти треба да ја повториш. Ако точно изговараш - бравос, вежбата ја напрај! Ако не изговараш точно - треба да се обидиш пак. Дуолинго има тенденција да ти ги дава грешките наново и наново се додека почниш да не ги грешиш. Во мое искуство, многу ми помага тоа зошто сакал- неќел, потешкотијата ќе ја научиш. 

На ниво 1, каде учиш нови зборови, барем во мое искуство, не те остава сам да ја пишиш реченицата туку ја дополнуваш како на сликата погоре. Како што креваш нивоа на лекцијата вежбите и речениците се генерално потешки и имаш можност сам да пишиш што мислиш, место да избираш од листа со зборови. 
И последниот тип на вежби ми беше слушањето. Особено на почеток ми беше ова најтешка вежба,  а сега далеку полесно кога веќе се прилагодуваш на јазикот. Ама обидете се да не скокате слушање максимално. Тешко е, особено кога ќе почниш и не си запознаен со јазикот - но вреди. 

Про тип: за да добиете Дуолинго плус се што ви требаат се пријатели ( покрај класичното плаќање кое е исто така опција). Се што треба е да поканите одреден број пријатели и тие да направат една лекција. После тоа добивате одреден број недели или месеци ДуоПро. 

  • Дропс - ми е можеби втора омилена апликација. Додека Дуолинго е повеќе концентрирана на формулирање на реченици и граматика, Дропс е одлична за градење вокабулар и е така створена да „мораш“ на еден начин да се потрудиш и запамтиш, ама во исто време не се трудиш премногу. Дропс е на база на слики. Гледаш слика и го слушаш зборот на посакуваниот јазик. Потоа си прашан да го пишиш зборот, гледајќи само по сликата, да правиш поврзување на слики со соодветни зборови и низ целиот процес, на секој погодок ( или не!) апликацијата ти чита како зборот се изговара. 

Апликацијата е подредена под категории и како што правиш една лекција од одредена категорија, така ти се отклучуваат другите категории:
Исто така си има свој вокабулар ( во делот колекција седи) каде секој збор е пишан на англиски и јазикот кој го учите, пропратно со сликата со која го асоцираш дур вежбаш:
И еве како изгледаат дел од вежбите: 




И можеби најважниот дел од оваа апликација ( која пишејќи го текстот дознав дека има и декстоп верзија, јас ја користев само како телефонска апликација) е тајмерот. Дропс има тајмер кој ти дава 5 минути во денот кој ги „трошиш“ на учење јазик. Про верзијата ти дава да си ограничиш времето зошто целата поента на Дропс е да си го ограничиш времето, макар тоа било 5 минути, ама да го правиш конзистентно и постојано. Баш и го потврдува тоа што го зборував за не преќинување на streak на Дуолинго - работи на тоа да го правиш минимумот и сепак да учиш наспроти да се внесиш целосно и да се откажиш по три дена. 
  • ДуоКардс - е за учење на фрази. Нема конструкција на реченици, нема интензивно учење вокабулар како што е случајот со Дуолинго и Дропс. ДуоКардс ти кажва карта напишана на избраниот јазик, од другата страна има превод. Би рекла дека оваа апликација е идеална ако одите негде на одмор и брзо сакате да „впиете“ одредени корисни фрази. Неколку карти така ги вртиш, ти ги меша апликацијата и ги преведуваш. Преводот е двонасочен. Некогаш ги дава јазикот кој го учиш да го преведиш на англиски и обратно, англиската фраза да ја преведиш на јазикот кој го учиш. Вртење на едната страна на картичката означува дека ја погоди, ако не ја погодиш ја вртиш на другата страна и та оди назад на шпилот и после ти ја покажува пак и се така дур не погодиш. Кога ќе завршиш картичките се сортирани во картички кои се „научени“ ( повторно ќе ти дај да ги повториш после подолг период, а завршиле тука зошто ги повтори најголем број пати успешно), потоа имаш картички кои „горе- долу ги знајш“ и тука се најчесто нови картички кои си ги погодил, па за неколку часа ќе влезат пак во шпилот за учење и после е шпилот „за учење“ каде одат сите грешни картички и картички на кои ќе им помини тајмерот и им дојди време за повторвање. 
Нешто што открив сега е дека уствари екстензијата на десктоп е за додавање сетови карти само, не можев да најдам каква што е мобилната апликација, па еве слики дирек од телефон:

  • Јутуб - и можеби ова е најлогичната, а најмалку очигледна опција. За секој јазик можиш да најдиш лекција или приказни за деца ( имаше период каде читав приказни за деца на норвешки само ради едноставноста на зборовите и речениците кои ги има во детска сликовница наспроти книга за возрасни). Низ многу јутуб канали за норвешки сум налетала ама ни еден не е како Simply Norwegian, а после и Norwegian 101. Првиот сепак ми се допаѓа најмногу. Прво се состои од основна плејлиста на лекции и на што треба да запазиш ако сега почнуваш со јазикот и другиот дел се состои од рандом интервјуа со случајни минувачи во Норвешка каде одговараат сите на исто прашање. Тоа што го зборуваат на екран го пиши прво на норвешки, и под него преведено на англиски. Значи, активира слушање, читање и превод - да знајш шо се случва! 

И пошто често барам работи за јазици и начини што ќе откријам дека функционираат за мене и моето учење, почнав да добивам реклами и се прерадвав кога прочитав за што се состои апликацијата. 
  • Тукан  - која додека си пребаруваш текст ( на англиски), сосем случајно одредени зборови ти менува на јазикот кој го учиш. И тука мозокот ми се превозбуди и прво шо напрајв - ставив Тукан. За жал, норвешки не беше поддржан јазик на апликацијата, па си дадов за мисија да најдам нешто слично. И најдов.
  • Глос - на ист принцип на Тукан само „помалку“ естетски средена, и со поголема поддршка на јазици. И од тогаш ја користам кога читам за забава, сепак кога читам за учење/ истражување ми смета случајното менување на зборови од еден во друг јазик. 
Прво и најважно, на Глос можиш да му дај „тајм аут“ и да го активираш пак кога ти треба без да мора да одиш на избриши/ инсталирај како процес. Си одбираш јазик и то е се. Како што читаш, сам си ја прај „магијата“.

Еве еден пример, вчера слушав подкаст за овие животни и ми остај толкав впечаток шо морав да препотврдам некои работи шо ги слушнав: 

И то е то. То е се шо мислам дека е важно и што ЛИЧНО ми има помогнато последнава година и пол со учење на јазик, сама. Мислам дека и да посетувате курс, овие алатки можите да ги користите како начини да се мотивирате и да можите да постигните повеќе во јазикот кој го учите. За мене ова функционира, засега. Се надевам ќе функционира уште подолго. 

Што ми е најинтересно денес, јас се ова го учам на телефон. Денес открив, покрај Дуолинго, други декстоп апликации. Линкови до нив:

  • Дуолинго - https://www.duolingo.com/learn
Покрај ова можи да ујачате искуството на дуолинго со разни екстензии на Google Chrome, ама ни една немам пробано за да зборувам за неговата ефикасност. 
Баш сега читав, Дуолинго Аудио уствари ти го крие текстот и ти треба да се концентрираш на звукот само и да ги решаваш вежбите така што мислам дека е одлично и е нешто што веројатно ќе го пробам штом завршам со пишување. Потака открив Duolingo upside down tree и то ти отклучва лекциите од најтешка кон најлесна. Звучи како интересен предизвик.  
  • Дропс - https://languagedrops.com/
  • ДуоКардс - https://chrome.google.com/webstore/detail/duocards/bgojhcbkjlloemicdchpifpnbcjiijmd/related ДуоКардс е едино за кое не најдов десктоп верзија туку екстензија. 
  • Тукан - https://chrome.google.com/webstore/detail/toucan-language-learning/lokjgaehpcnlmkebpmjiofccpklbmoci
  • Глос - https://chrome.google.com/webstore/detail/gloss-learn-languages/cadmlempckeoanlfpdnalmhfmjpifaeb
Поврзани текстови:

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита