Зошто терапевти не смеат да сугерираат и зошто менување терапевт можи да е тешко?

 Одамна не сум споделила Твитер нишка, па вчерашната сега е тука.

Зошто психотерапевтите не смеат да сугерираат?

Пред се оти носиш одговорност за се шо ќе кажиш. Второ, клиент треба сам да стигни до решение/ увид и не треба да го сервираме на тацна. Ама често ние јасно гледаме нешто што клиентот уште не можи да го види. Затоа терапевт го води разговорот. И со самото водење на разговор ние го насочваме клиентот на шо да мисли и така за иста работа да стигни до свој заклучок. Трето, се користат задачи. Задачите 'функционираат' безразлика дали и како ќе ги извршиш и се стига до заклучок и кај терапевт и кај клиент каков и да е исходот. Тука сакам да се надоврзам на "мит" да го наречам, а то е дека психотерапија се поврзва со советување од страна на терапевт. И многу тоа го очекуваат и си идат разочарани. Жал ми е. Ама терапевт треба да те насочи да стигниш до свој заклучок, а не да ти кажи шо да прајш.

Зошто менување на терапевт може да е многу тешко?

„Ако не ти одговара еден терапевт ЕдНоСтАвНо смени го“ - Да. Има добри и лоши терапевти и има терапевти што ти одговараат или што не ти одговараат. И логично е да смениш некој ако не ти одговара. Ама ова е easier said than done. Пошто, психотерапијата не допира на "друго" ниво. Едноставно има прво стигма со одење на терапија и ако не добиеш барем приближно океј терапија можи да не се вратиш никогаш. Следно има страв од отворање и искажвање чувства, особено ако одиш прв пат, и лош терапевт кој е џеџи ес фак само ќе напрај да ти е страв да се отвориш пак. Пошто ако еден терапевт не те почитува, зошто би те почитувал друг? Знајш дека има различни ама та мисла ти останува назад. Лош терапевт можи многу штета да напрај и клиент да неќи поќе ни да стигни кај добар. За жал познавам поќе од еден ваков пример. 


 

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита