Кратка "нишка": пореметувања во исхраната или eating disorders ED

Се думав како да вметнам мои лични "кратки" твитер нишки тука и обично ги парафразирам во цел текст што ми одзема време. Сега решив да пробам нешто ново и да ставам нишката цела ( со пополнети кратенки и печатни грешки) што ќе носи до поголема активност и на блогот. Најчесто се со помалку истражување, за разлика од целосните текстови и затоа ќе добиваат соодветен наслов: "кратка нишка" и таг под текстот "твитер нишка". 

Eating disorder или ED е нарушување во врската на поединецот со исхраната, и начинот на кој се гледа себеси. EDs се ретко за самата храна, туку за изгледот ( најчесто да се биде слаб). И нивното постоење нема еден фактор туку поќе.

🔴Генетски фактор - некои EDs се генетски и дури има хромозом поврзан со анорексија и булимија.

🟠Биохемиски - луѓе со ED можи да имаат дисбаланс за регулирање апетит, расположение, спиење и стрес. Покачен стрес хормон кортизол имаат лица со булимија и анорексија.

🟡Психологија - влијае многу, како и култура и средински фактор што се многу испреплетени. Како психолошки фактори се сметаат: ниската самодоверба, чувство на безнадежност, перфекционизам, импулсивност. 

Заедно со ова е и културата и социјалните стандарди кои додаваат притисок на индивидуите и "градат" на новите или веќе постоечки психолошки факори кои веќе се споменати. 

Диети, незадоволство од себе, перфекционизам, коментари од околината и очекувања - се ова додава на појава на E D.

Културолошки аспекти кои помагаат при појава на ED се: пренагласеност на изгледот, социјални стандарди на убавина, асоцијација на слабост со едино нешто шо е секси, фокус на диети, трендинг фед диети, пораки да се плашиш од масти и храна и сл.

🟢Опкружување и семејство - сигурно сте слушнале дека навиките за храна идат од дома. Општо и се во психологија има средински и семеен фактор шо ни помага да се градиме на ваков или таков начин.

Морам да додам, едни од проблемите шо се сметаат за развој на ED е она форсирање како дете со сила да јадиш, да ја испразниш чинијата по секоја цена. Па после во тин години, кога веќе има лоша навика и однос кон храна, настапват коментари за изгледот, предлог диети, па дури и средства и апчиња за побрзо слабеење за како би се прател одреден стандард. 

Но, тука спаѓа и булинг за изглед, врснички притисок за одредени стандарди, активности кои се фокусираат на изглед на телото ( а не задолжително и здравје, да дообјаснам, активности каде е важно да си слаб по секоја цена и не се дозволва градење здрава врска со храната).

Поентата е, има многу луѓе со EDs и ние, можеби и со надеж да им помогниме, ги храниме ваквите состојби. За EDs треба терапија и работа на градење здрави навики околу исхраната. 

Најмалку шо на некој можи да помогни е коментар на туѓ изглед. И туѓ изглед не е за коментирање. Се шо можи да створи е отпор и ED. И затоа се туркаат работи како fat positivity & body positivity ( FP & BP). За да се даде "амин" дека секој е убав. Вишокот не те прави грд. И мотивацијата да смениш нешто не треба да е изгледот, туку здравјето. За жал, премногу вкоренет е изгледот во се ова и затоа ваквите движења излегуваат од контрола и имаат контраефект.

Само сакам пак да повторам. Додека коментирате туѓ изглед барате промена базирана на тој изглед и така се потхрануваат EDs и можи да се створи отпор. Ако некој се смета за убав и секси и со вишок, промената која би ја правел ќе е за здравје. И здравјето е најважно. ❤️

 Користена литература:

  • https://www.singlecare.com/blog/news/eating-disorder-statistics/
  • http://www.ulifeline.org/articles/400-eating-disorders-why-do-they-happen

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита