#ADHDAwarenessMonth - како изгледа ADHD кај жени и зошто е поразлично?

Разлики во манифестацијата на ADHD кај момчиња и девојчиња е различен. Во суштина, момчиња се со поголема веројатност ( скоро дупло повеќе) да ја добијат дијагозата за разлика од девојчиња. Се смета дека момчињата се „пре“дијагностицираат, додека девојчињата не се дијагностицираат доволно. Тоа е така затоа што момчињата имаат поочигледни, постереотипни однесувања за разлика од девојчињата, а за стереотипи ќе зборуваме некој од наредните денови посветени на ова. 



Како што споменавме во пртходниот текстADHD го добива своето име од: Attention Deficit Hyperactivity Disorder. Симптомите на ADHD се: невнимание, хиперактивност и импулсивност. Кога велиме ADHD најчесто мислиме на хиперактивно и „бељаџиско“ школско машко дете, иако опсегот и интензитетот на симптомите кај двата пола е ист, иако тоа што го гледаме е навистина различно и потешко за дијагностицирање кај женски. Како резултат на тоа, многу жени растат несфатени, па нивните потешкотии се препишуваат на анксиозност и хормоналност. И ADHD e спектар. Симптомите варираат, но „горе-долу“ се тие. Кога гледаме машко дете со ADHD обично го гледаме тоа кое е гласно на час, постојано е во движење. Кога гледаме женско дете со ADHD обично гледаме девојче кое многу зборува, но и има тенденции за фантазирање, daydreaming, и не слушање кога треба со тенденции за „исклучување“ (zoning in and out). Претходно споменавме дека има 3 типа на ADHD. Тип кој е инатентивен, хиперактивен и комбиниран. Кај жени, најчесто е дијагностициран инатентивниот тип на ADHD затоа што е „внатрешно“ насочен и како таков е потежок да се забележи и дијагностицира. Кај мажи симптомите се повеќе „надворешно“ насочени и затоа се полесни за забележување и дијагностицирање. Повеќето жени добиваат дијагноза покасно во животот. 

„Тешко е да си дијагностицирана како девојче, ако не си хиперактивна како момче“


Тестирање и дијагноза

Тестирањето и добивањето дијагноза е исто за сите. Кога некој бара дијагноза, стручното лице можи да ја воспостави таа дијагноза со низа тестови и во согласност со Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders, Fifth Edition  (DSM-V). Тука се состои критериуот за дијагноза на ADHD кој го споменавме и во текстот претходно. Ќе сака докторот да знај за семејна историја, ваша лична историја, од кога се протегаат симптомите и како се менувале низ годините. Веројатно е и дека прво ќе сака да тргни дијагнози како анксиозност и други пореметувања на личност.

Зошто е потешко кога нема дијагноза?

Многу често се вели дека ние сме повеќе од дијагнозата и тоа е точно. Ние сме како слагалица, или мозаик на повеќе делчиња кои прават целина и не сме целосно едно нешто. Но, имање одредена дијагноза може да ни олесни многу работи. За почеток, ќе сфатиме кои сме и зошто ни се случуваа дел од искуствата кои сме ги имале и така да добиеме чувство на припадност. Во поглед чувство на припадност, како што веќе и споменавме, личноста можи да бара лица со иста дијагноза и да разменат повеќе искуства. Но, најважното од сите е справување со симптоми. Кога имаме формална дијагноза, знајме каде и како да ги насочиме нашите напори за разрешување на симптомите и справување со нив. Дали тоа било со терапевт или со личнот која веќе го поминала истото. Општо, имаше ADHD носи други коморбидитети со себе. Кај жени особено се забележани високи шанси за ниска слика за себе и ниска самодоверба како и повисоки шанси за психолошко вознемирување. 

Коморбидитети

Самата дијагноза со себе носи свои коморбидитети за кои ќе зборуваме во детал наредна прилика, но сега ќе спомниме дека кај жени е поверојатно да се јави анксиозност, депресија и ниско расположение. ADHD кај жени може да се манифестира како:
  • потешкотии со учење,
  • дислексија,
  • ниска самодоверба,
  • проблеми со врски,
  • проблеми со храна,
  • проблеми со зависност и 
  • ризички сексуални односи.
Докази кои покажуваат разлики помеѓу мажите и жените
  • Норвешка студија објави значајни разлики помеѓу мажите и жените со ADHD за фреквенцијата на афективни нарушувања (28% наспроти 49%, соодветно), нарушувања во исхраната (0% наспроти 6%, соодветно) и дислексија (9% наспроти 4%, соодветно).
  • Пресечната студија откри значајни разлики помеѓу мажите и жените со ADHD за фреквенцијата на коморбидна зависност од алкохол (10,0% наспроти 4,0%, соодветно), злоупотреба на супстанции (5,2% наспроти 0,7%, соодветно), зависност од супстанции (23,6% наспроти 9,4 %, соодветно) и булимија/анорексија (1,1%наспроти 13,0%, соодветно).
Доказите не покажуваат разлики помеѓу мажите и жените
  • Голема, шведска студија базирана на популација, не објави значајна разлика помеѓу полот во зголемениот ризик од симптоми на зависност од алкохол, биполарно растројство, генерализирано анксиозно растројство, голема депресија и опсесивно-компулсивно растројство кај 227 возрасни лица со ДСМ-IV ADHD.
  • Пресечната студија, исто така, не објави значајни разлики помеѓу половите на лицата со ADHD во агорафобија, злоупотреба на алкохол, биполарно растројство, генерализирано анксиозно растројство, голема депресија, опсесивно-компулсивно растројство, панично растројство, посттрауматско стресно нарушување, психотично растројство, социјално фобија и самоубиство.
 „Се чувствувам како мојата несреденост, заборавеност и проблем да се концентрирам како да се срамни лични карактеристики“

 ADHD симптоми кај жени и најчести проблеми со кои се соочуваат

  • неможност да се релаксираш и мозокот само работи продолжува и продолжува ...
  • постигнуваш многу, но се фрустрираш ако не го исполниш целиот твој потенцијал,
  • потешкотии да се исполнат целите,
  • заборавени проекти,
  • заборавени неплатени сметки,
  • на социјални собири има чувство на престимулација, 
  • може да изгледа нервозно и срамежливо,
  • се „исклучува“ на сред разговор,
  • пријателствата може да се проблем затоа што социјалните правила личат комплицирано,
  • додека растеше беше полна енергија и хиперактивна, но како растиш се чувстуваш изморено и прегорено,
  • обично си надохнадуваш како комензација за нешто,
  • тешкотии при работа во гласни средини,
  • преголема емоционалност,
  • тешко е да се релаксираш,
  • домот и работната маса најчесто не се средени и се хаотични,
  • лесно заборава важни дати,
  • импулсивен шопинг,
  • лесно престимулирана,
И за крај, на ADDitudemag има прашалник кој е оставен во прилог подолу ( прв линк во користена литература). Према прашалникот, доколку одговорите потврдно на повеќето прашања можеби се работи за одредена форма на ADHD, но е само обичен онлајн прашалник. Доколку мислите дека имате ADHD - обратете се кај својот терапевт! Во поглед ADDitudemag, високо препорачувам да читате тука доколку ве интересира оваа тема, последната година и пол најдов безброј важни информации таму. 

Користена литература:
https://www.additudemag.com/adhd-symptoms-in-women/
https://psychiatry-uk.com/adhd-in-girls-and-women/
https://www.medicalnewstoday.com/articles/adhd-in-women#symptoms-and-behaviors
https://www.adhdcentre.co.uk/adhd-for-women/
https://www.theatlantic.com/health/archive/2013/04/adhd-is-different-for-women/381158/

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита