#ADHDAwarenessMonth - Што е ADHD?

Месецов е за свесност на две важни работи - ADHD и даунов синдром. И во текот на оваа седмица, во неколку наврати ќе зборуваме за ADHD во низа кратки текстови, а следната седмица ќе зборуваме за даунов синдром во неколку кратки текстови. Целта ми е да опфатам повеќе аспекти во кратки и лесно дигестивни текстови. Откако тргнав се ова од патот, да почниме: што е ADHD? Кога се јавува? Дали е дијагноза само за деца или останува да трае и кај возрасни? 

ADHD го добива своето име од: Attention Deficit Hyperactivity Disorder. Со тоа се имплицира дека има недостаток на внимание и фокус, и видна хиперактивност. Но, ова не е прво име за ADHD пред да го добие 1980тите, и ова сега, но и како претходно се нарекувало е точна причина зошто треба да сме свесни за разликите меѓу нас и да работиме на инклузија на сите деца и возрасни. Како се нарекувало ADHD претходно? ADHD за прв пат бил опишан од Џорџ Стил во 1902 година. Низ годините се нарекувал: „недостаток на морална контрола“, „минимално мозочно оштетување“, минимална мозочна дисфункција“, „хиперкинетичка реакција на детството“ и на крај да стигни до „недостаток на внимание со или без хиперактивност“.Иако важно е да се нагласи, сега се знае дека името е базирано на видливи стереотипи, и сега знаеме дека не се работи за немање доволно внимание кај луѓе со ADHD туку потешкотии со насочува и задржување на вниманието на една работа. Или визуелно, имаме премногу внимание и мозокот е како брза машина која скока од тема на тема, од активност, на активност. 




ADHD најчесто се забележува кај деца, но не значи дека кога децата ќе пораснат исчезнува. Најчесто учиме да живееме со него и немаме очигледни проблеми краткорочно, но доста често прави проблеми на долг план. Симптомите на ADHD се: невнимание, хиперактивност и импулсивност. Од таму се препознаени 3 категории: првата категорија е „инатентивна“ односно се фокусира на „невнимание“, можи да нема видлива хиперактивност. Втората категорија  е „хиперактивна“ односно со видлива хиперактивност и поголем акцент на него. И третата категорија е „комбинирана“ односно комбинација од невнимание и хиперактивност. Сликата која ја ставам во прилог е за двете категории, минус комбинацијата. 

Како да препознаеш симптоми на ADHD?

Повеќето ADHD симптоми се најчесто видливи кај деца, како шо се: тешкотии да седи во место, тешкотии да се фокусира на час, правење галама, постојано мрдање како и потешкотии со однесување дома, на училиште и со пријатели. 

Веќе споменавме дека има 3 категории на ADHD и од таму 3 дијагностички критериуми.

Критериум базиран на невнимание или inattentive тип треба да исполни 6 од критериумите на листата ( 5 за лица над 17 години): 
  • прави ненамерни грешки,
  • не внимава доволно,
  • потешкотии да се фокусира на задача,
  • не личи како да се фокусира на разговорот,
  • често „не слуша“ односно се „исклучува“ од разговорот,
  • има потешкотии да прати упатства,
  • кога прати инструкции, дел од нив не ги „гледа“ односно не ги забележува,
  • има потешкотии со организација,
  • често губи работи,
  • лесно губи внимание, односно му се пренасочува на нешто друго,
  • заборава дневни и често повторливи обврски.
Критериум базиран за хиперактивност/ импулсивност треба да исполни 6 од критериумите на листата ( 5 за лица над 17 години): 

  • постојано е во движење,
  • постојано мрда со екстермитети,
  • тешко му е да седи во место,
  • постојано се качува некаде дури и кога ситуацијата не е соодветна за тоа,
  • не знај да обавува задачи тивко,
  • многу зборува,
  • постојано е „во движење“,
  • одговара дури пред прашањето да е кажано целосно,
  • има тешкотија да чека за својот ред,
  • прекинува други во збор.
ADD vs ADHD

ADD можеби го имате слушнато, но е термин кој не се користи веќе извесен период. На негово место сега е една од категоризациите на ADHD, инатентивниот тип, односно типот кој се карактеризира со „невнимание“. Накратко, се користи за да се опиши невнимание, со отсуство на видлива хиперактивност. Оваа промена настана со DSM-V во Мај 2013. 

Причини поради кои настанува ADHD

Точните причини сеуште не е целосно познати за настанок на ADHD, но има цврсти докази дека меѓудругото, е и генески условено. Три, од четири деца со ADHD имаат блиска роднина со истата дијагноза. 

И во овој текст ќе опфатиме уште нешто кратко, а тоа е ADHD кај деца и ADHD кај возрасни. Затоа што има разлики, исто има разлики и по пол, но денес барем нема да пипниме на таа тема. 

ADHD кај ( школски) деца

Едно од десет деца од 5 до 17 години е дијагностицирано со ADHD, правејќи го ова едно од најчестите ненеуротипични дијагнози кај школски деца во Соединетите Американски Држави. Кај децата, оваа дијагноза е често асоцирана со проблеми во училиште, најчесто со тешкотии да се „покори“ на строгите правила во училница, гласност, проблеми при учење, фокусирање и слично. Момчиња се за двојно поверојатни да добијат дијагноза од девојчиња. Ова најверојатно е така затоа што укажуваат на повидливи симптоми на хиперактивност за разлика од девојчиња. Иако има и девојчиња кои имаат видлива хиперактивност, почесто тие имаат симптоми на: фантазирање и „исклучување“ од реалност, хипер- зборливи наместо хиперактивни. 

ADHD кај возрасни 

Голем дел од возрсните со ADHD не се свесни дека имаат ADHD. Целосна дијагноза и евалуација за дали возрасен има ADHD вклучува: преглед на поранешни и сегашни симптоми, медицински преглед и историја, чеклисти и тестови за возрасни. Повеќе од 60% од децата со ADHD, остануваат со истата дијагноза и како возрасни. Но, за повеќето луѓе симптомите се намалуваат за разлика од нивната манифестација во детскиот период. Но, терапијата е сепак важна. Нетретиран ADHD може негативно да се одрази врз животот на индивидуата, дали тоа било постојано каснење, трошење многу пари затоа што постојано нешто се губи и мора повторно да се земи, импулсивно купивање работи, менаџирање на време, менаџирање на фокусот и како тој ќе се одрази на професионален живот, проблеми дома, на работа и во интерперсонални односи и слично. 

Дијагностицирање возрасни е генерално потешко ради низа причини. Прво е забележано намалување на интензитетот на симптомите, следно ADHD симптомите се доста слични со други дијагнози како депресија и анксиозност, а голем дел од возрасните имаат една од тие дијагнози па често има одреден преклоп ( а важно е да се знае дека депресија и анксиозност се коморбидитети на ADHD, но за тоа во некој нареден текст).

За денешниот текст толку, е гледаме утре со нов текст за ADHD само од друг аспект. 


Прочитај повеќе:
https://www.psychiatry.org/patients-families/adhd/what-is-adhd
https://www.healthline.com/health/adhd
https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/adult-adhd/symptoms-causes/syc-20350878
https://www.cdc.gov/nchs/fastats/adhd.htm

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита