(Не) прифатеност на хомосексуалност, ефекти врз ментално здравје

„Хомосексуалноста се наоѓа во повеќе од 450 видови. Хомофобијата се наоѓа само во еден“

Јуни е месец на LGBT гордост и само е соодветно месецов да се затвори на тема хомосексуалност, прифатеност и репрезентација во нашата држава и ефекти врз менталното здравје поради добиен третман од околината. Ова е тема на која се зборува многу, особено надвор од нашата држава, но во изминатите години се зборува многу повеќе. Прашања кои ќе се обработат во овој текст се: дали припадниците на LGBT се генерално прифатени во нашата држава, ментален терет од прикривање своја сексуалност од најблиските и околината, дали хомосексуалноста е болест, дали припадниците на LGBT се повеќе склони кон ментални болести поради средински фактор за да се добие слика за животот кој го води еден LGBT човек и какво влијание има (не) прифатеноста врз менталното здравје. Како што кажав и претходно, Јуни е месец на LGBT, но овој текст, овој Јуни, ќе биди посветен на сексуалноста и сексуалната ориентација, а во наредна прилика ќе бидат обработени и други прашања кои се релевантни за оваа група. 

Исто така овој текст е дел од мини серијал наречен „социјални норми“ во кои ќе се дискутираа норми кои се точни во нашето општество, но и тие кои се табу. Нови текстови има секоја Среда и секоја втора Сабота, а текст од категоријата „социјални норми“ секој последен текст во месецот.

Што претставува хомосексуалноста?

За да можи да се зборува на темава, како и во претходните текстови, прво ќе дефинираме што е хомосексуалноста и какви други сексуални ориентации има и како се дефинираат. 

Хомосексуалноста е романтична привлечност, или сексуално однесување меѓу членови од ист пол. Како сексуална ориентација, хомосексуалноста е „шема на однесување“ кое вклучува емоционална, романтична и/ли сексуална привлечност кон луѓе од ист пол. Не се знае зошто точно настанува хомосексуалноста и дали е генетски предоредена или научена од околински фактор, во научните кругови сексуалната ориентација не се гледа како избор. Процент на луѓе кои се во хомосексуални врски и релации не се знае точно затоа што голем број вакви врски не ги носат јавно ради страв од осуда од околината. 
Дискриминација на база на сексуалност се нарекува:
  • Хомофобија се карактеризира со негативно однесување кон хомосексуалноста и лица кои се идентификуваат како хомосексуалци, бисексуалци и се забележува одбивност, избегнување, аверзија, апатија, иритантност и слични негативни чувства. 
  • Хетеросексизам е систем на однесувања и дискриминација кон хомосексуални врски и тврди дека единствена норма е хетеросексуалноста и од таму дека е супериорна сексуалност.
Хетеросексуалност е романтична привлечност, сексуална привлечност меѓу лица од различен пол. Како сексуална ориентација, хетеросексуалноста прати „шема на однеусвање“ на емоционални, романтични и/ли сексуални привлекувања кон лица од спротивен пол. 

Бисексуалност е романтична привлечност, сексуална привлечност меѓу лица кои се и машки и женски, односно постои привлечност кон повеќе од еден пол. Не секогаш привлечноста е еднаква, но најчесто доколку постои се „прифаќа“. 

Асексуалност, за разлика од претходните три, е недостаток на сексуална привлечност кон други, или ниска заинтересираност за сексуални активности, или пак целосно отсутна. Може да се смета како сексуална ориентација или пак недостаток на сексуална ориентација. Асексуалноста е различна од свесно апстинирање од сексуални активности кои се мотивирани од фактори како: лични, социјални и религиски верувања. Некои асексуални луѓе имаат секс и покрај недостаток на желба за секс ради различни причини: желба да се задоволат самите и партнерот и/ли желба за дете. Да се биде асексуален, не значи дека индивидуата не смее да има романтични чувства. Доколку постои недостаток на романтична привлечост се користи терминот аромантичен, но нема да се зборува на оваа тема во овој текст затоа што фокусот е на сексуалноста.

Прифатеност во општеството

Прифатеноста на хомосексуалноста ( бисексуалност, асексуалност) зависи од нација до нација, има места во светот каде хомосексуален пар не може да има цивилна заедница, но и такви места каде не е ни легално да се биде поразличен од „нормата“ - хетеросексуалност. Но, како е кај нас?

Законски, хомосексуални парови не можат да стапат во брачна/ цивилна заедница и да ги уживаат правата од таа заедница како поделба на имот, наследство, па дури и посвојување на дете. Но, за подобро да се долови мислењето на просечниот жител на оваа држава се добива само со впишување на зборот „хомосексуалност“ на страните за пребарување. Покрај првите  2-3 резултати кои се информативни од Википедија остатокот гласат:
  • Италијански научник тврди дека ја пронашол причината за хомосексуалност - ако детето ви е геј тоа е поради ... 
  • Лечење хомосексуалност
  • Овој човек лечел од хомосексуалност, но сега признава дека тој самиот не ја примил својата терапија
  • Српски доктор лечел хомосексуалност?
Слободно можи да се заклучи дека хомосексуалноста не е прифатена кај нас без разлика колку млади луѓе јавно ја прифаќаат својата сексуалност. Се оди толку далеку да би се напаѓале припадници на LGBT и нивниот центар во „Стара Чаршија“ ( во 2013 нападот беше извршен додека се одржуваше проекција и трибина за правата на транс лицата, притоа се користеше говор за омраза која поттикнува насилство и дискриминација). Во референци ( и прочитај повеќе) се наоѓаат три линкови за три одделни напади во 2013, 2015 и 2019. Ваквите активности зборуваат за себе и прифатеноста на хомосексуалноста и општо припадниците на LGBT во нашата држава. Но, не смее да се изостави дека хомосексуалноста е тема за која се зборува повеќе, покрај нелагодноста, после првата парада на гордост лани и се повеќе индивидуи и млади се отворени и прифаќаат личности различни од себе. За жал, ваквите промени се бавни. 

Мотивации за насилство и неприфатеност

  • Мачо култура и социјална хомофобија укажува на тоа дека агресијата и дискриминацијата доаѓа доминантно од агресори - мажи врз жртви - мажи. Теоретичари, Калвин Томас и Џудит Батлер предлагат дека хомофобијата е уствари страв кај агресорот, страв да не биде идентификуван како хомосексуалец. Од тука, се смета дека хомофибијата кај мажи е поврзана со лична несигурност за својата машкост. Овие теории укажуваат на тоа дека човек кој е хомофобичен, не ги укажува само своите ставови околу хомосексуалноста, туку сака и да се дистанцира од неа. Голем број на психоаналитички теории ја објаснуваат хомофобијата како закана за сопствените исто полови импулси, без разлика дали се вистински или замислени. 
  • Религија се интерпретира како против хомосексуалност и од таму голем дел од луѓето го гледаат ова како мотив за дискриминација и давање ептитети како „неприродно“. Како се прифаќа, или не се прифаќа, хомосексуалноста варира од религија до религија, но има и разлики во внатрешната структура. Во Христијанството, во одредени цркви се прифаќаат верници кои не се хетеросексуални, но и понатаму се проповеда дека е грев, додека други промовираат промена на сексуалност и од таму доаѓаат екс- геј групите до израз. Во Исламот исто така се осудуваат хомосексуални односи и во доминантно муслимански држави хомосексуалноста не е легална и е казнива. 

Хомосексуалност во природа

Како чест аргумент од двете страни и „за“ и „против“ хомосексуалноста се користат сексуални преференци на животните за да се докажи дали хомосексуалноста е „природна“ или пак „неприродна“. Дали постојат хомосексуални животни? Краткиот одговор е на еден начин - да. Сакаат да си ги задоволат своите сексуални нагони без разлика со кој пол. Долгиот одговор укажува дека први документирани случаеви на хомосексуалност кај животните се смета за аномалија, но Пол Вејси од Универзитетот Летбриџ од Алберта, Канада тврди дека не се работи за повремено љубопитство или инцидент туку вклучува редовен однос. Доколку се земат за пример животни кои сексот не го користат за репродукција туку и за задоволство и продлабочување на социјални врски, се среќава хомосексуално однесување и кај мажјаците и кај женките. Тука спаѓаат мајмуните бонобо и делфините. Врските кај овие видови не би се нарекло хомосексуално, туку бисексуално затоа што имаат речиси редовни односи со двата пола.

Потрајни преференци за одреден пол, покрај човекот е овцата. Околу 8% од машките овци во едно стадо, преферираат други машки, иако имаат женски на располагање. Сајмон Ле Веј, невролог, зборува за ова и смета дека оној ген кој го поттикнува хомосексуалното однесување кај машките овци, би можела да ги прави женските поплодни. ЛеВеј смета дека „вистинска“ хомосексуалност може да се најди кај човекот, и дека биолозите требало да предвидат дека живоните само сакаат да имаат секс. Без разлика на ова, животните сепак сакаат да ги задоволуваат своите потреби со спротивниот пол, но и со својот. 

Кога хомосексуалноста престана да се третира како болест и зошто?

За жал, сеуште постојат психотерапевти кои сметаат дека хомосексуалноста е реверзибилна варијација на човековата сексуалност. Но, ако нешто е болест тогаш мора да има одредено решение и/ли лек, и многу нехуманите терапии за промена на сексуалност се докажаа како непродуктивни и неефективни. 

Во 1950тите и 1960тите одредени терапевти прифаќаат аверзиона терапија за да се „излечи“ машка хомосексуалност. Ова обично вклучувало покажува на голи слики од мажи пропратени со електричен шок и потоа компензација пропратена со покажување голи слики од жени без елекричен шок, и за крај ги праќале на состанок со сестрите. 
  • DSM-II, објавен 1968, ја класифицира хомосексуалноста како ментално растројство. 
  • Во 1973 APA (Американска Психијатриска Асоцијација) гласаше дали хомосексуалноста е ментално растројство каде се изгласа со 5 854 гласа за да не е веќе класифицирана како растројство и 3 810 за да остани класифицирана како растројство. 
  • APA изработи компромис каде го отфрли класифицирањето на хомосексуалноста како ментално растројство и го замени со „вознемиреност со својата сексуална ориентација“. Целосно се тргна и ова дури во 1987.
Се до 1950тите години се сметало дека хомосексуалната е поврзана со ментални болести и криминалитет. Тоа било така затоа што сите кои биле испитувани биле примероци од затвор или установи за ментално здравје. Прв кој се огласи против ова била Евелин Хукер, психолог на Универзитетот во Калифорнија, мотивирана од свој хомосексуален студент. Но, нејзината работа беше многу тешка затоа што ни државата ни било кој бизнис би вработил хомосексуалец, па испитаниците се плашеа да не им биди откриена тајната. Хукер подели Роршах тест на 30 хомосексуалци и 30 хетеросексуалци, сите од машки пол. Три експерти за Роршах не успеале да најдат разлика меѓу двете групи. 

Следно е важно да се укажи дека сексуалноста е предордерена, а не избор како и што голем дел на хомосексуалците сметаат: „немаме воопшто избор“ како и што утврдиле Херек, Нортон, Ален и Симс во истражување во 2010.

Во 1972 година од страна на Веинберг се користи терминот хомофобија за да се идентификуваат луѓе со силни анти хомосексуални ставови. Базирано на неговата работа со пациенти, Веинберг тврди дека анти хомофобните ставови во суштина е вистинска фобија, базирана на репресиран страв дека индивидуата несвесно е хомосексуална. Према МекФарланд во 2010, луѓе кои се анти хомосексуалност имале поголеми шанси да бидат расисти, анти феминисти и етноцентрични. Према Витли во 1999 анти хомосексуален човек е предодреден од „авторитарна личност“ која вклучува низа субмисивни однесувања кон силни лидери, и желба да биди насилен кон сите кои отстапуваат од тие однесувања, и често се плашат дека конвенционалниот моралитет се распаѓа. 

Од тука можи да се увиди дека хомосексуалноста не е болест, ни пак ментално растројство.

Дали сексуалноста може да биде флуидна?

Сексуална флуидност е една или повеќе промени во сексуалноста и сексуалниот идентитет. Сексуалната ориентација е непроменлива за повеќето луѓе, но одредени истражувања тврдат дека сексуалната ориентација кај некои луѓе не е постојана. Нема научни податоци дека сексуалната ориентација може да се промени со психотерапија. Научниот консензус тврди дека сексуалноста не е избор туку комплексен микс на генетски, хормонални и околински влијанија.

Концептот на сексуална флуидност не го негира постоењето на сексуална ориентација, но Рена МекДаниел, клинички сексолог и терапевт, предлага да замислиме спектар со привлечност кон жени на лева страна,и привлечност кон мажи на десната. Профилот на привлечност можи да варира. Пример ако претходно те привлекувале маженствени мажи, сега можи да се смени во спротивното - поженствени мажи. Ова не значи дека можи да си ја избериш сексуалноста туку степенот на привлекување може да варира. Често овој концепт се меша со бисексуалност, и со право затоа што двата концепти имаат многу заедничко. Потоа објаснува Рена дека дури и некој да го привлекуваат двата пола, можи да се најди во период од животот каде доминира привлечност само кон еден.

Важно е да се напомени дека сите не искусуваат исто ниво на флуидност - некои луѓе не доживуваат воопшто флуидност и тоа е сосем во ред. Колку и да си отворен кон светот, не можеш да влијаеш врз привлекувањето. 

Влијание врз хомосексуалците поради општествена (не) прифатеност 

Депресијата е една од водечките растројства во светот. Во САД опфаќа 15,7 милиони или 2,8 милиони адолесценти према националниот институт за ментално здравје. Депресијата е позастапена кај лица кои припаѓаат на LGBT за разлика од хетеросексуални лица. Ученици кои се хомосексуални имаат поголемо користење на дроги и алкохол како и чувство на депресија. Суицидот е трета најзастапена причина за смрт кај лица од 10- 24 години и кај лица кои не се хетеросексуални застапеноста е двојно поголема.

Негативните однесувања и културната стигма ги става LGBT младите под голем ризик за булинг во училиште и надвор од таму па дури и извршување физички напади врз хомосексуални врсници. Према GLSEN (Gay, Lesbian and Straight Education Network) во извештајот во 2013 укажува: 
  • 55% од младите LGBT личности се чувстуваат небезбедно на училиште поради својата сексуална ориентација,
  • 74% од младите LGBT личности биле вербално вознемирувани поради својата сексуална ориентација,
  • 16% биле физички нападнати.
Иако овој текст е концентриран на сексуалност и сексуална ориентација, во истиот извештај има статистика и за транссексуални млади, и тоа:
  • 37% се чувстувале небезбедно поради својот идентитет,
  • 55% биле вербално нападнати поради својот идентитет,
  • 11% биле физички нападнати. 
За младите LGBT лица не престануваат предизвиците на училиште. Многу е важно како родителот гледа на целата ситуација и е еден од најважните фактори за идната ментална и физичка благосостојба. Према CDC стресовите кои ги доживуваат LGBT лицата ги става при поголем ризик за проблеми со менталното здравје. Ваквите ризици вклучуваат: 
  • однесувања кои придонесуваат кон насилство, како носење оружје ( за заштита) или вклучување во тепачки,
  • однесувања кои придонесуваат до несакани повреди,
  • користење цигари, алкохол или дрога,
  • ризични сексуални однесувања,
  • депресија,
  • суицид или обид за самоубиство.
Ова не е променето ни кај возрасните луѓе. Дискриминацијата може да доведи до зголемен ризик на проблеми со менталното здравје, тврди Доктор Апу Чакработри од Универзитетот од Лондон. Неговиот тим извршил истражување врз 7 403 возрасни испитаници за депресија, анксиозност, опсесивно компулсивни растројства, фобија, себе повредување, суицидални мисли и злоупотреба на алкохол и дрога, кои биле значително поголеми кај хомосексуалните испитаници.
  • Депресивна епизода во последни 2 недели: 4% кај хомосексуалците и 2% кај хетеросексуалците.
  • Злоупотреба на алкохол: 10% кај хомосексуалците и 5% кај хетеросексуалците.
  • Само повредување: 9% кај хомосексуалците и 5% кај хетеросексуалците.
  • Се опиша себеси како целосно среќен: 30% кај хомосексуалците и 40% кај хетеросексуалците.
„Со ова се поддржува идејата дека луѓето кои се чувстуваат дискриминирани и чувстуваат социјални стресори, го зголемува ризикот за искусување проблеми со ментално здрајве“ - Доктор Чакработри

Заклучок

Прифатеноста на хомосексуалноста во нашето општество е на незавидно ниво укажувајќи на дискриминација која доведува до проблеми со менталното здравје како резултат. Како мотивации за насилство врз хомосексуалното население се базира на два фактори: мачо идентитет и религија. Ваквото насилство само влијае неповолно врз менталната благосостојба на жртвата. Од 1987 година, хомосексуалноста целосно е тргната од листата на болести према DSM. 

Може да ве интересира

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука

Референци ( и дознај повеќе): 

Comments

  1. Поново се осећам тако благословено у свом браку након што је др Хало вратио мог мужа који се развео са мном на добре две године. Ја сам Мартинс Бенедита по имену из Београда, Србија. Иако имам уста по целом телу, неће бити довољно да се захвалим др Халоу за његову помоћ у мом животу. Мој муж се раздвојио са мном две године и без њега сам био у боловима и агонији. Дакле, свуда сам тражио помоћ, али ништа није успело док нисам мислио на др Халоа кога сам контактирао на мрежи. Објаснила сам му своју ситуацију и он је обећао да ће ми се муж јавити у року од три дана колико ми срце још куца за њега. Веровала сам у њега и он ми је припремио чаролију и муж ме је позвао тачно када је рекао др Хало. Молио се и рекао да му требам назад и сада поново живимо срећно последње две године. Сви који читају мој чланак којима је потребна помоћ треба да га контактирају. Е-пошта: дрхало111@гмаил.цом или Вхатсапп/Вибер +22999924583. Срећно 👍

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита