Kултура на исклучување, слобода на изразување и идеали со потенцијал да прераснат во опасност

Како да ги држиме луѓето одговорни за своите грешки, и во исто време да останиме во допир со нивната човечност доволно за да веруваме во нивниот капацитет да бидат трансформирани“ - Бел Хукс

Во последно сме сведоци на многу јавни исклучувања, на многу јавно уништени кариери каде никој не сака да се асоцира со „исклучениот“ терајќи го во изолација. Текстов одамна сакав да го пишам, а изминатиот месец беше добар потсетник да го почнам со нова исклучена личност секој втор ден. Теми кои ќе се обработуваат се правото на слобода на изразување и суштината на политичката коректност, но и тоа како влијае културата на исклучување и нејзиниот ефект врз природниот раст на личноста, исто така ќе зборуваме за опасни идеологии. Текстовите овој месец, барем дел од нив, имаа за цел да се поклопат со овој текст за да не е непотребно опсежен. За да можиме да продолжиме понатаму, ќе мора да се разбери поврзаноста и важноста на критичкото мислење обработено во текстовите „Теории на заговор: граница меѓу критичкото мислење и опсесивно пополнување дупки“ и „Недостаток на критичко размислување во модерното општество и PC култура“; како и „Психологија на толпата: Недостаток на размислување и носење брзи одлуки“ затоа што маста на луѓе вклучени во исклучување на личноста претставува толпа.; и за крај: „Конфликти: настанување и разрешување“ затоа што при исклучување постои конфликт и од таму мора да има здрав начин за разрешување на тој конфликт.

Што е култура на исклучување?

Култура на исклучување или Cancel Culture се однесува на популарната практика да се повлечи поддршка ( исклучување) на јавна личност и/ли компании откако ќе речат или направат нешто кое се смета за неприфатливо и навредливо. Најчесто се одвива на социјалните медиуми.
Онлајн срамотење е форма на јавно срамење каде тие на кои се цели, се јавно исмевани на интернет, преку социјални медиуми. Ова може и да вклучува и откривање приватни информации за инволвираната страна која покрева прашање за етичноста на целиот процес. Онлајн срамотењето опфаќа повеќе форми, а културата на исклучување е дел од неа заедно со јавни повикувања, изнесување лични информации, одмаздничко порно и негативни белешки ( за човек, бизнис). 
Микроагресии е термин кој се користи за да се опишат однесувња кои се случуваат во секојдневието кои може да бидат вербални, средински, промени во однесување, намерни или ненамерни кои предизвикуваат негативни и непријателски чувства кон индивидуата кон која се насочени. Често вклучува дискриминирачки и понижувачки забелешки и навреди кон некоја група на луѓе, најчесто културолошки маргинализирана. Психологот Дералт Винг Су ги дефинира микроагресиите како „кратки, секојдневни размени кои пренесуваат негативна порака за одредена индивидуа поради групата на која припаѓа“. Но, се нагласува дека може да биде намерно, но и ненамерно, односно кога човекот кој користи таков јазик не е свесен за тежината на своите зборови. 

Нешто што треба да се прашаме е дали културата на исклучување е нешто ново или е длабоко вградена техника за „справување“ со неистомисленици, но и индивидуи со опасни идеологии. Исклучувањето е само уште една форма на „социјален притисок“ за форсирање на социјални норми. Постои од секогаш, но во различни форми, но сега е поинтезивно и забележително поради постоење на социјални мрежи и популаризирање на практиката во последните години. Надвор од интернет светот, и од почеток на живот во цивилизација, постои исклучување, но во помали рамки. Најчесто „исклучување“ во минатото, барем мене, ме асоцира на класична сцена од цртан каде соседите одат кај контроверзен комшија со оган и орудие. Но, пореално за јавен линч би било отфрлање и изолирање само на една индивидуа која не се поклопува со останатите, и која не ги почитува поставение социјални норми. Во интернет светот се карактеризира со бојкотирање на работата на јавната личност, дали тоа би било со не гледање на филмови, не читање на негови книги или пак одење чекор подалеку кон јавен линч на социјални мрежи. Причините за вакво однесување може да бидат различни, зависно кои се моменталните прифатливи социјални норми.

Првичната верзија на, сега многу популаризираната, култура на исклучување започнува во 2017 година со #MeToo движењето каде, пред се жени, излегуваа и јавно зборуваа против актери, продуценти и други јавни личности за сексуално злосторување и вознемирување. Со ова движење се даде глас на жени жртви да го вратат својот глас заедно против нивните агресори. Тој бран на исклучување отвори ново светло за индивидуата кон фановите кое резултираше со отпор и бојкотирање на делата на одредени уметници.

Но, најважно, за исклучувањето да биде ефективно мора да има „перформативен“ аспект, односно да се популаризира информацијата и да го земи вниманието на пошироката маса. Ние како луѓе сме предводени од чувства и „перформативниот“ аспект влијае токму на нив. Од текстот за психологија на толпата увидовме дека идејата мора да стани чувство за да има заеднички и бурен ефект и предводниците на толпата го знаат ова и користат зборови и слогани, како и слики кои поради нивната едноставност за „конзумирање“ и емотивна вредност вродува со заедничка реакција. 

Културата на исклучување во суштина е давање суд. Ова можи да се спореди со императорите и публиката во Римската империја кои при гладијаторски игри носи асуд на губитникот со прст нагоре, или надолу. Со интернетот давањето суд е скоро подеднакво лесно - или ни се допаѓа што зборува другиот или не. Но, животот не е црно- бел и постои во тие мали сиви зони. Денес исклучувањето е толку застапено што се „активира“ при ситници, но и при ненамерни грешки. Ваквата практика укажува дека некоја индивидуа нема простор за промена, сака да форсира промена, но во исто време ретко ја прифаќа. Пред да се префрлиме на следната точка, мора да се разграничи дека, да, постојат ситуации во кои ваквата култура треба и можи да опстани. Такви ситуации се оние кои повикуваат на насилство и промовираат опасни идеологии. Но, како што споменавме и претходно ништо не е црно и бело, и за некои работи се потребни докази, други се само различно мислење чие истиснување би носело до едноумие и потиснување на критичко размислување или пак користење на навредлив јазик ненамерно, несвесни за последиците кои можи да ги донеси. Ова е култура на брз критицизам каде најчесто се промовираат нецелосни идеи.

Дали културата на исклучување е поврзана со политичката коректност? 

Како што е споменато во самиот текст за политичка коректност, културата постојано се менува и има свој природен тек. Политичката коректност е еден од моменталните двигатели на културата и не движи кон поголем почитувачки однос меѓу луѓето. Ова ни укажува дека политичката коректност е дел од моменталната социјална норма, со свои позитивни и негативни страни. Увидување на можни последици од нешто не го прави нештото невалидно. Слепо прифаќање на идеи убива дискусија и критичко мислење. Културата на исклучување е „казната“ на непочитувањето на социјалните норми поставени од моменталната движечка сила - политичката коректност. Од овде можи да се донеси заклучокот дека да, постои поврзаност меѓу културата на исклучување и политичката коректност. Како што е споменато се има позитивна и негативна страна.

„Исклучување“ и „политичка коректност“ имаат две работи кои се заеднички:
  1. Коренот на двата поими доаѓа од маргинализирана група која ја знае тежината на зборовите и ја знае важноста на тоа некој да се „држи“ одговорен за своите постапки; и
  2. Двата поими сега се расфрлаат во онлајн светот секогаш кога некој има критика за нешто.
Друга сличност меѓу двете е истата лингвистичка функција: не охрабрува да одбереме страна при контроверзни теми, иако доста често паралелно се држи и „неутралност“. 

Тука можи и да се постави прашањето, кој ги форсира овие социјални норми предводени од критичката коректност кои водат до култура на исклучување? Дали групата која бара исклучување е повредена? Маргинализирана? Дали во суштина сака да дојди до нечие исклучување или пак само сака да укажи на повредата? 

Ова првично сакав да го изоставам поради комплексноста и реален недостиг на статистички, официјални информации, но наидов на тема на редит ( четврт линк во референци) па ми беше доволен мотив за мала анализа на овие прашања. Како што претходно споменавме, коренот на двата поими ( политичка коректност и култура на исклучување) доаѓаат од маргинализирани групи кои лично ја чувствуваат тежината на кажаните зборови и бараат да бидат почитувани соодветно. Во дискусии на социјални мрежи може да се забележат „навредени“ страни кои не се дел од маргинализирани групи. Сосема едно е давање мислење и имање став по некое прашање, но сосем друго е, на еден начин, „навредување“ за нешто кое не е ни насочено кон групата на која таа индивидуа припаѓа. Ова беше особено забележано при BLM движењето ( #BlackLivesMatter) на социјални мрежи, каде агресвиноста на исклучувањето не беше ни од самата маргинализирана група. Со самата „навреденост“ на „туѓа“ сметка, носи до намалување на важноста на самите чувства на повредената страна. На линкот од редит се поставени неофицијални истражувања за чувствата на маргинализирани групи во врска со политичката коректност и одговор е дека се скептични. Пред се треба да бидеме поддршка кога има вакви движења, а не да преземаме чувство на навреда кое не ни припаѓа и притоа да ги оттргнуваме луѓето од самата политичка коректност. Заклучокот, после самата анализа, за политичката коректност е дека е неопходна за да можеме да се движиме кон посоединето општество кое ќе ги земе чувствата и благосостојбата на другите сериозно. Но, со самиот радикализам на политичката коректност и културата на исклучување, се оттргнуваат луѓето и од таму идејата и желбата за такво општество е неизвесна.

Втората точка која зборува за сличностите меѓу поимите „култура на исклучување“ и „политичка коректност“ е тоа дека и двата поими се расфрлаат во онлајн светот секој пат кога некој има критика за нешто. Поради тоа културата на исклучување се поврзува со страв за јавно искажување став, недостиг на слобода за говор и цензура. На оваа тема имам ставено линк ( петти во референци) од отворено писмо од писатели, објавено во Харперс на 7 Јули 2020, во кое има изнесени ставови на темата. Подолу ќе ставам неколку цитати од текстот, но длабоко препорачувам да се прочита во целост. 

„Но, ова потребно сметање се интензивира со нов сет на морални однесувања и политички доверувања кои имаат тенденција да ги заслабат нашите норми за отворена дебата и толеранција на разлики во корист на идеолошка сообразност. Додека го аплаудираме првото, го креваме нашиот глас против второто.“

„Што е уште повознемирувачки, институционалните лидери, во духот на панична контрола на штета, носат непропорционални казни место да се гледа да се направи реформа.“

„Ваквата задушувачка атмосфера ултимативно ќе ги повреди нашите највитални каузи во ова време.“

„Рестрикцијата на дебата, без разлика дали е од угнетувачка влада или пак нетолерантно општество, непречено ги повредува тие на кои им недостига сила и ги прави сите помалку способни за демократско учество.“

„Начинот за да се победат лоши идеи е со изложеност, аргументи и убедување, не со замолчување или да посакаш ( другата страна) да ја нема.“

Ефекти од културата на исклучување

Пред да влезиме директно во ефектите од културата на исклучување, ќе ја отворам оваа точка со случајот на Сара Силвермен. Таа беше отпуштена од филм откако излезе слика од 2007 со црна маска ( blackface). Таа се извина, компензира и отворено зборува за нејзината грешка. Но, и покрај тоа, стара вест, нова личност кога ја открива темата се отвора повторно и повторно. На подкаст, Силвермен зборува за тоа како културата на исклучување не дава можност за персонален развој или пак не го забележува тој развој и таа промена кај личноста. Таа заклучи:

Не велам да не ми давате одговорност. Јас самата сметам дека сум одговорна за ова. Не можам да избришам што направив, но можам постојано да се менувам и да правам тоа што е исправно остатокот од животот“ - Сара Силвермен

Културата на исклучување не можи да се стави во рамка добра или рамка лоша. Да се повика некој поради ставови кои се веќе опасни, особено ако тој некој е доста инфлуентен, би било добро затоа што тој некој има платформа за ширење на тие опасни идеологии. Ваквото јавно повикување особено е од полош за маргинализираните групи со што се овозможува нивно опкружување да не состои токсични луѓе. Но, иако можи да е добро, не значи дека не можи да има и негативни ефекти. Многу забележуваат дека околу исклучувањето владее менталитет на толпа и од таму тоа може да е токсично. Повторно тука, Сара Силвермен зборува дека големи и јавни кампањи против некој можи тој некој да го оттргни од идејата за напредок и дека место да се повикуваме и напаѓаме треба да се едуцираме и дебатираме. Правењето грешки е дел од човековата природа и многу често на нив учиме и поради нив се менуваме.

Културата на исклучување делува причинско последично. Културата на исклучување во суштина е вооружување на политичка коректност. 
  1. Не постои простор за промена и напредок на личноста - често се занемарува фактот дека луѓето се менуваат, но и дека постои правење на ненамерни грешки. Повторно потсетување за грешки за кои некој се има извинето, само ја враќа индивидуата на почеток, и доста често создавајќи рамнодушност кон напредок затоа што не раѓа со „плод“. 
  2. Лажни обвиненија - многу често информациите кои се користат за „исклучување“ се нецелосни, а некогаш дури и неточни. Претпоставка се прави дека се точни. Кога почна ваквата култура најчесто ваквиот притисок беше само на онлајн простори и не беше закана за нечија кариера надвор од онлајн светот, претежно застапено кај Твитер културата. Но, сега тоа се менува. Како што е опишано во отвореното писмо објавено во Харпер, се повеќе луѓе се оттргнати од работни позиции и проекти поради онлајн притисок. Доколку обвиненијата се докажат како лажни, како би се вратил угледот, но и штетата нанесена на индивидуата? Дали тогаш „извини“ е доволно или носење последици од акции ги засега само тие со поширока платформа? Пример кој можи да се искористи тука е тој на Џони Деп, кој беше #cancelled затоа што ја натепал жена му. Поради ова ја изгуби култната улога во Пиратите од Карибите. Дали агресот би го заслужил ова? Веројатно. Проблемот е што обвинението било лажно и во суштина тој бил жртвата, а не агресорот. „Невин додека не се докажи спротивното“ е една фраза која совршено би се вклопила тука. 
  3. Избегнување да се увидат можни последици - секоја ситуација има свои позитивни и негативни страни. Колку и некоја ситуација да е позитивна, мора да се увидат и негативни страни за да можи да се превентираат можните последици максимално. Не се одзема од важноста на проблематиката ако се увидат и негативните страни. 
  4. Некои заслужуваат? - постојат луѓе кои својата платформа ја користат за ширење на идеологии кои се опасни и промовираат насилство. Тука е клучно да се стави светло врз нив и да се повикаат за да млади и надежни луѓе не се дел од тие опасни идеологии. Но, колку далеку е предалеку? Која е крајната цел? Тој поединец да се извини и промени или да го изолираме целосно? Тука повторно ќе се вратам на Сара Силвермен која зборува дека место да исклучиме и да судиме на некој, да се фокусираме кон едукација и дебата затоа што само така можиме да си ги доближиме гледиштата
  5. Нетолеранција на ненамерни грешки - многу често се случува да не сме свесни за тежината на нашите зборови или да ги изговориме скроз несвесно. Луѓе сме и пред се учиме на грешки. Тука најважна е едукацијата. 
  6. Минимизирање на сериозно опасни идеологии - ова е можеби најсериозниот негативен ефект од културата на исклучвање. Толку често се исклучуваат луѓе лажно и за ненамерни грешки што кога се има сериозен проблем не се зема сериозно. За широката расфрланост со исклучувањето има интересен пример во серијата Политичарот ( the politician) каде се споменува исклучувањето на главниот лик за грешка која ја направил кога имал 6 години. 

Колку културата на исклучување е трајна?

Дали културата на исклучување функционира - зависи од повеќе фактори. Некои личности постојано се исклучувани, но потоа се враќаат пак назад посилни. Други пак немаат видено нареден успешен ден. Тука се клучни фановите кои застануваат во одбрана и колку исклучената јавна личност е забавна за пошироката јавност. 

Трајно исклучување може да се види кај Спејси, Р. Кели и Вуди Ален. После нивното исклучување никој не сака да се асоцира со нив и се бркани од веќе постоечки проекти. Поради контроверзно минато, работа имаат изгубено и Росеан Бар и Шејн Гилис. 

Но, ретко исклучвањето да доживее толку големи размери. Во неколку наврати беше исклучена Тејлор Свивт, но не трајно. Или Канје Вест после изјави дека ропството е избор, но никогаш трајно. Сепак, без разлика дали ефектите од ваквите исклучувања имаат последици врз кариерниот живот или не, не е спорно дека нападнатата личност долго време ќе се соочува со осуди на социјалните мрежи одејќи толку далеку да тоа да преминат во закани. Културата на исклучување во повеќето случаеви не е трајна. Но, им дава на јавните личности до знаење дека ќе бидат одговорни за своите грешки.

Каква политичка коректност ни е потребна?

Јаизкот кој го користиме секогаш може да биде по сензитивен и да ги зема во предвид чувствата на другите. Но, доколку нормите станат премногу рестриктивни или се форсираат, ќе се сузбие различноста и ќе се промовира едноумие.

Со напредокот на општеството и дигитализирањето кое не носи поблиску едни до други само ни укажува дека политичката коректност е неопходна за да можиме да се разбериме и сочувствуваме едни со други и покрај нашите разлики. Политичката коректност која ни е потребна е таа која не едуцира и не учи како да пристапиме со почит кон другата страна. Подетално за позитивните и негативните страни од политичката коректност има во овој текст. 

Групирање на толпа

Јавните исклучувања се тесно поврзани со психологија на толпата. Кога групана луѓе се предводени од емоции, треба само мал акт на агресија за да се излези од контрола. Истото се случува и на онлајн просторите со главна разлика каде агресијата е од вербален карактер. Инстиктивно сите пратат по стапките на другите и агресијата само се засилува. Идејата поради групирањето се преточува во емоција која е потешка за контрола, но полесна за манипулација. Колку подолго има немири и отпор, толпата се оддалечува од главната идеја поради која се борат, па дури и заборава што е. Тие кои учествуваат сметаат дека нивните постапки се правилни и не можат да расудат трезвено.

Постојат многу објаснувања во рамките на социјалната психологија за тоа зошто вака функционираат групите.

  • Деиндивидуализација - кога луѓето се дел од група, губат чувство за себе- доживување.
  • Идентитет - кога луѓето се дел од група, тие можат да изгубат чувство на индивидуалност и идентитет.
  • Емоции - да се биде дел од група значи да се има и заострени емоции.
  • Прифатливост - однесувања кои се перцепираат како неприфатливи, наеднаш се прифаќаат. 
  • Анонимност - луѓето се претопуваат во групата како анонимуси и чувстуваат помала лична одговорност поради своите акци.
Се верува дека секој можи да потпадни под менталитетот на толпата, но се смета дека адолесценти се поизложени да бидат дел од ваква група.

Често се прави претпоставка дека толпата не размислува, а тоа може да се увиди и при промовирање исклучувања кои допираат до чувства, но се базирани на непроверени или неточни информации. Причината зошто се смета дека толпата не размислува е затоа што не постои серија на логички размислувања. Но, кога ќе ги видиме говорите напишани за да се насочи толпата ќе видиме дека целта не е дискусија, туку придобивање на толпата без да одат во детали за филозофијата зад собирот. 

Увидовме дека кога постои толпа има едноумие и фали критичко мислење. Недостатокот на критичко мислење е можноста за грешка, повторување на претходни грешки, лоши одлуки, лош совет, грешни претпоставки и слично. Ова можи да донеси до изгубени работни позиции, финансиски проблеми, проблеми во врска и слично.

Заклучок

Политичката коректност не е добра, но не е ни лоша. Во своја умереност е неопходна за развој на културата и рушење стари и поставување нови социјални норми. Клучот на дискусијата и споделувањето на ставовите е во рамнотежата. Кога сме спремни со ладна глава да дискутираме, да аргументираме и сослушаме туѓо мислење, граниме критичко мислење и слобода на говор во вистинска смисла на збор. 

Повикување на јавни личности за работи кои ги згрешиле, навредиле и слично, е исправно и разбирливо и од таму треба да сносат одговорност затоа што имаат платформа и грешните пораки, колку и да се ненамерни, некој од фановите може да ги радикализира. Но, акцентот не треба да е на исклучување и изолирање на индивидуата туку на едукација и поттикнување личен развој кој ќе ни овозможи да станиме најдобрите верзии од себе.

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  


Може да ве интересира:

Референци ( и дознај повеќе): 

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита