Здрава сексуалност

Без разлика колку се зборува за секс, ништо нема да ја намали мистеријата од тоа што се доживува. Сексот е свет, не тајна.“ - Кристин Лаплант 


Што се подразбира под здрава сексуалност и што опфаќа? 

  • Здрава сексуалност е способноста да имаш секс, кога сакаш, со кој сакаш. Да бидиш способен да зборуваш за својот сексуален живот без чувство на срам, без чувство на валканост. Здрава сексуалност е можноста никој да не те деградира ради твоите сексуални избори. 
Објаснувањето погоре подразбира да се нема апсолутно никаков притисок кон луѓе кои не сме самите ние во врска со нивниот сексуален живот. Ова опфаќа голем мозаик на разноразни категории во склоп на сексуалниот живот. Тоа зависи од ориентацијата на поединецот, бројот на партнери ( невиност, еден партнер, дваесет партнери, викенд партнери, пријатели за секс и слично), структура на врска и брак ( затворен, отворен) и слично, затоа што тоа се работи кои секој ги организира и планира за себе и према своите потреби. Во суштина, сексот е потреба. Нагон. Незадоволување на нагони води до фрустрации. Секој може да избира само за себе

Која е идеална возраст за започнување со односи? 

За да можи да се збора за здрава сексуалност мора да се почни од првите потреби за секс во тинејџерскиот период. И верувам ова е многу често поставувано прашање - која е идеална возраст да се почни со сексуални активности? Важно е да се кажи дека доколку еден тинејџер е спремен и сака да има секс - ќе има. Ние, како возрасни, имаме две опции:
  1. Да се стремиме да го оттргнеме од идејата за имање секс по секоја цена или;
  2. Да сугерираме што мислиме дека е исправно и да се осигураме дека кога ќе има секс - да биде заштитено. 
Сите треба да бидеме свесни дека ако тинејџерот има нагон и потреба за секс, ќе има. Наше е дали ќе се осигураме тинејџерот да има заштитен сексуален однос без ризик за несакана бременост и сексуално преносливи болести, или ќе го осудиме и ќе се обидеме да го тргнеме од таа мисла резултирајќи истото да го направи зад наш грб. Мора да се разграничи дека сугерирање и убедување се два различни поими. 
  • Сугерира, односно да се даде свое мислење со цел да се влијае врз туѓо мислење, волја или чувство;
  • Убедува, односно да се увери некој (во спротивното). 
Добро е детето да го знае вашето мислење, но да ви верува за да го каже своето. Криење и неприфатеност за своите потреби може да доведе до акумулиран стрес и фрустрации кои по себе доведуваат низа на проблеми за кои е подетално објавено во претходното мислење тука

Се ова се сведува на воспитување, односно дали сте таму да го осудите или да му помогнете. Помош во вистинска смисла може да се почувстува само доколку кон тинејџерот се поставите како пријател, затоа што подобро е да се има заштитен секс и да се намалат и уништат последиците од него наместо да се игнорира нагонот и да постои негово прикриено работење. Некои работи е подобро да се отворени и да ви веруваат да ви ги кажат за да можите да ги заштитите. Ова впрочем е точно и за другите аспекти од животот. 

Со имање на здрава сексуалност ќе се скрши тој невидлив ѕид на дискриминација и ќе имаме ментално здрава младина со еден притисок помалку. Физички здрава младина, без несакани бремености, без трауми и притисоци ради измислени социјални норми. 

Кога е точно време да се започни со сексуална едукација?

Прво морам да кажам дека нема прашање дали треба да има сексуална едукација во основните и средните училишта затоа што е повеќе од јасно дека фали и мора да ја има. И одговор на тоа кога е точно време да се започни со сексуална едукација е - најрано што можи. Прво да се почни со полови органи, намена, секундарни полови карактеристики на деца и слично, на јазик прилагоден за нив и можеби идеално со повремено волонтирање за предавање од погорните одделенија. Како детето расти и се менува, и како што сексуалните потреби во него растат, полека и се продлабочува темата кон порелевантни наслови како заштитен секс. Само на овој начин можат да израснат генерации кои знаат што сакаат, а притоа се заштитени. Впрочем и целиот акцент на текстов е сузбивање табу и нешто што е срамно на сметка на добро ментално здравје и заштита при активен сексуален живот. 

Понатаму во оваа точка ќе бидат опфатени пет фази од развојниот живот на детето и што тоа треба да биде способно да знае на дадените возрасти. За подетално, видете го првиот линк во референците. 

Мало дете: 13- 24 месеци
Дете на оваа возраст треба да е способно да ги именува сите делови на телото, вклучително и гениталиите. Ова помага од повеќе аспекти, како на пример при повреди или злосторување, детето можи да искомуницира точно каде има болка. Спознавање на деловите на телото со име овозможува градење здрава слика за себе и своето тело водејќи до поголема самодоверба. Повеќето деца на две години се способни да се разликуваат себеси од другите и да разликуваат машко од женско.

Деца на претшколска возраст: 2- 4 години
Повеќето деца на претшколска возраст се способни да сфатат, тоа основното, како доаѓа бебе. А и во овој период изразуваат желба за знаење на темава. Можат да сфатат дека постои сперма и јајце клетка и дека нивното спојување резултира со бебе кое расти во „стомакот“ на мајката. Сепак, деца на оваа возраст не се заинтересирани за секс, мали деца најчесто се интересираат за бременост и бебиња. Тука можат да покажат интерес за тие кога биле бебиња и за бременоста со нив на мајката.

На оваа возраст треба да разберат дека телото е нивно и дека никој не може да ги допри без нивна дозвола. Треба да знае дека постојат прифатливи и неприфатливи начини на допирање, особено допири на гениталиите и ова ќе овозможи детето да кажи доколку е допирано несоодветно. Деца на оваа возраст прашуваат пред да допрат некој.

Деца на школска возраст: 5- 8 години
Деца на оваа возраст треба да знаат дека хетеросексуалноста не е норма и да е запознаено со другите сексуални ориентации. Ова е возраст кога децата си ги спознаваат телата и треба да им се објасни дека тоа е нормално, но и приватно.

Одреден број на деца пред десеттата година ќе доживеат промени поради пубертет и добро е да бидат запознаени со промените кои следуваат. Би било добро и момчиња и девојчиња да имаат часови заедно на оваа тема и заедно да учат за промените кои следуваат. Разговори за репродукција доаѓаат заедно со разговорите за пубертет.

Пред тинејџерска возраст: 9- 12 години
Се што е претходно научено тука веќе се случува и е доста важно да се повторува и постепено да се проширува. Се имаат тука основни информации за безбеден секс, контрацепција, основни информации за бременост и сексуално преносливи болести. Мора и да им се даде до знаење дека иако овие промени им се случуваат, тоа не значи дека мора да имаат секс, напротив.

Тинејџерска возраст: 13- 18 години
Тинејџерите мора да добијат подетални информации за менструација и влажни соништа и да знаат дека се нормални и здрави. Сите теми од претходната точка треба да ги проучат во длабочина - бременост и сексуално преносливи болести. Тука е и идеалното време тинејџерите да научат да разликуваат и градат здрави врски наспроти нездрави и токсични. Учење за здрав секс вклучува знаење како алкохолот и дрогата може да влијае на одлуките кои ги носиме. Тинејџерите мора да можат да кажат „не“ и да завршат врска. 

И за крај на оваа точка има низа прашања кои може да си ги поставите себеси за да увидите дали сте спремни за да бидите сексуално активни.
  • Дали чувстувате дека е време?
  • Дали го сакате партнерот?
  • Дали партнерот ве сака подеднакво?
  • Дали зборувавте за кондоми како заштита од бременост и сексуално преносливи болести?
  • Дали имате контрацепција и како партнерот се чувствува за тоа?
  • Дали чувстувате дека ако се предомислите и речите „не“ дека тоа ќе стои добро со партнерот?
Ако одговоривте „да“ на повеќето прашања, можеби е време. Но, доколку одговорите со „да“ на следните, можеби и не е време.
  • Дали чувстувате притисок од некој, било партнер или пријатели?
  • Дали размислувате за секс само за да импресионирате пријатели или пак за да бидете во чекор со нив?
  • Дали размислувате за секс само за да го задржите партнерот?

Што се треба да се знае пред да имате секс? 

Апсолутно се. Треба да си го познавате телото и потреби. Треба да бидите спремни и се ова мора да се случи кога сте спремни, во ваше време. И најважно од се - да знајте да се заштитите од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Но, и да знаете да кажите „не“ и до каде се вашите граници, прифаќајки само работи кои не ве загрозуваат вас и вашиот живот. Следно, важно е да се знае што е предигра и зошто е важна. Една од поважните точки - важно е да знаете се за вашата менструација, односно колкав  ви е циклусот и како се препознава овулација, но исто така и препознавање на телесни исцедоци. Треба да можат да се препознаат промени во цервикс, кои се сексуално преносливи болести, како да ги препознаете и како да се заштитите. Треба да се знае како се затруднува за да можи да се избегни несакана бременост и непромислено и непотребно пиење апчиња за ден потоа. Мора внимателно да се бира контрацепција и да се препознаат позитивни и негативни страни на орална контрацепција. И можеби најважно - орална контрацепција во форма на апче за ден потоа ( пр. Норлево) не смее да биде прв избор на контрацепција. Апчиња за ден потоа се користат за грешки како пукање на кондом, а не намерни „грешки“ каде има чин на свршување со идеа од после да се пие ваков контрацептив. Исто така важност на предсемена течност - што е, зошто постои, дали има активна спрема, кога има, а кога не. Ова се вклучува и рутински прегледи. 

Оваа „кратка“ листа е она што треба да се знае пред да се има секс, заштитен, без грешки. Но, ова е само основното кое треба да се знае. Многу е лесно да се оди само по нагонот, но баш така се прават сите грешки во сексот. Телото ви кажува се, ваше е да го заштитите и да слушате што ви кажува.

Заклучок

Акцент на ова мислење е ставено на заштита и едукација затоа што тоа е најважно за имање безбеден секс и градење на здрава сексуалност. Единствен приоритет бидете си самиот себеси. Единствен фокус треба да биде кон себе и кон партнерот. Важно е да знаете да се заштитите, да ги поставувате вашите граници и да знаете да кажите „не“. Бројот на партнери е нешто ваше. Сексуалната ориентација е нешто ваше. Крај краева секој си го организира животото како што сака. Мора да се руши бариерата која не попречува да збораме на темава отворено и без срам за да можиме да постигнеме здрава сексуалност. 

И за крај, сакам да ве замолам да се сетите на некоја личност која сте ја осудиле ради своите избори и дали тоа некако ви го промени личниот живот. Кои се шансите дека сте избрзале со осудата?

Белешка:. За преглед на објавени и идни наслови притисни тука


Референци ( и дознај повеќе)

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита