Токсични врски: како да излезиш од токсична врска?
„Тргни се себеси од луѓе кои те третираат како твоето време да не е важно, како твоите чувства да се безвредни, или како твојата душа да е заменлива“ - С. Мачнут
Уште во претходни текстови установивме дека луѓето се социјални животни, и со мали исклучоци тие се способни емоционално и физички да се блиски едни до други. Како и во останатите аспекти од животот, така и во врските кои ги градиме со другите луѓе, тие мора да се здрави. Како и да е, врските, како и други аспекти од животот, бараат да вложуваме во нив. Ние како поединци, луѓе, не сме совршени. Не сме ние, но не се ни луѓето околу нас совршени: родители, роднини, пријатели, партнер. Ние заемно учиме кои сме и како да комуницираме на начин на кој сите ќе бидеме среќни. Колку си близок со некој шансите се дека знаете како фунцкионира и токму тоа знаење мора да го користиме за градење здрави врски, а не токсични со луѓето кои ни се драги. Важно е да се запомни дека ние не сме клонови, туку засебни индивидуи и одредени врски бараат повеќе работи од други. Но, кои врски се токсични?
Кои врски се токсични?
По дефиниција, токсична врска е врска која е карактеризирана со однесувања од страна на токсичен партнер кој го повредува другиот партнер емотивно, но и физички. Контрасно на ова здрава врска работи на меѓусебно подобрување на партнерите и придонесува за зголемување на самодоверба и позитивна емоционална енергија, токсичните врски работат за уништување на самодоверба и одзема позитивна енергија. Здрава врска вклучува заеднички грижа, почит и интерес за благосостојбата на партнерот, возможност за носење на нашите одлуки заедно и да не се плашиме да кажиме што мислиме. Постои заедничка желба за меѓусебна среќа. Здрава врска е безбедна врска, врска каде не се плашиш да бидиш свој. Токсична врска, од друга страна, не е безбедно место. Токсична врска е карактеризирана со несигурност, концентрирана на поединец, а не на сите страни, доминантност и контрола.
Доктор Лилијан Глас, психолог кој прв го споменува терминот „токсична врска“ во 1995 година во книгата „Токсични луѓе“, таа ги дефинира токсичните врски како било која врска меѓу луѓе кои не се поддржуваат, кога има конфликт се гледа да се саботира другиот, и нема почит. Секоја врска има свои високи и ниски страни и периоди, но према Доктор Глас, токсичните врски се секогаш негативни, ги цедат луѓето постојано и негативните моменти се позастапени од позитивните.
Доктор Кристен Фулер кој специјализира во ментално здрајве, додава дека токсичните врски се ментално, емоционално, па дури и физички оштетувачки за еден или двата партнери.
Типови на токсични врски
Токсичните индивидуи се однесуваат така ради една причина: токсичната индивидуа мора да биди во комплетна контрола и мора да ја има цела моќ во врската.
- Партнер омаловажувач е вид токсичен партнер кој константно го омаловажува другиот партнер. Често прави мајтап со личноста на другиот партнер и сите идеи кои ги има другиот партнер, токсичниот партнер ги означува како глупави. Токсичниот партнер омаловажува во јавност, пред семејство и пријатели. Колку повеќе се толерира овој вид на партнер, големи се шансите жртвата да почне да се соменва во своите способности.
- Партнер со лош темперамент е вид на токсичен партнер кој се нервира за ситници како одбранбен механизам како начин за избегнување критика. Тука партнерот жртва се плаши да зборува или критикува затоа што токсичниот партнер ќе се изнервира. Изливите на агресија ги префрла на партнерот.
- Партнер кој предизвикува вина е вид на токсичен партнер кој го контролира другиот со тоа што му префрла вина. Префрлањето вина може да е и многу суптилно, односно ќе ве пофали и во иста реченица ќе ви кажи колку му е тешко ради промената.
- Партнер со бурни реакции е вид на токсичен партнер кој кога партнерот има потреба од поддршка, тој вели дека и него му е тешко и бара да биди ислушан. На овој начин одбива тој да биди поддршка за партнерот, а е доста важно со партнерот да можи да се зборува и за болни теми.
- Премногу зависен партнер е вид на токсичен партнер кој е толку многу пасивен што целосно се потпира на другиот партнер и очекува другиот да носи одлуки место него. И кога парнтерот ќе донеси „грешна“ одлука добива или ладен третман или пасивно агресивен третман.
- Премногу независен партнер е друг вид на токсичен партнер на кој мотото му е „нема да дозволам никој да ме контролира“. Скоро никогаш не зборува за своите одлуки со партнерот. Контролата се случува така што партнерот жртва е во постојано исчекување. Ваквиот вид на врска не прави да се чувствуваме безбедно.
- Партнер кој користи е вид на токсичен партнер кој на почеток на врската е добар, мил, полн со разбирање, ама тоа трае онолку долго колку што добива тоа што сакаа. Често прават мали услуги колку да се добие илузија дека се грижат за другиот партнер.
- Партнер кој е посесивен и параноичен е вид на токсичен партнер кој врската ја заснова на тоа дека партнерот му припаѓа и се гордее со својата љубомора. Ваквите индивидуи стануваат само повеќе сумничави и контролирачки.
Знаци кои укажуваат на токсична врска
Токсичните оденсувања се наоѓаат на спектар. Се случува и во здрава врска да има инцидентни токсични моменти, но доколку се препознаат и не продолжат - тоа е добро. Токсична врска се карактеризира со консистентност, интензитет и штета. Од тука се покренува прашањето, како да знам дали сум во токсична врска?
- постојано е лошо и негативните моменти преовладуваат над позитивните
- очекуваш партнерот да има негативна реакција
- одбиваш да кажиш што мислиш затоа што нема смисла
- нема вложен труд од другата страна
- работа на врската, љубов и компромис иди само од една страна
- „не“ е забранет збор
- има физичко или вербално насилство
- ни еден проблем не е решен
- без разлика низ што врвиш, партнерот секогаш врви низ полошо
- недостаток на приватност
- постојано лажи
- постојано чувство на умор
- постојана непријателска атмосфера
- постојано се чувстувате осудувани
- недостаток на комуникација
Навики кои често се идентификуваат како не токсични иако се токсични
Броење на грешки: постојано се повикува токсичниот партнер за минатото на другиот и се обидува да се прикажи себеси во позитивно светло додека го прикажува парнтерот во негативно. Често се избегнуваат актуелни проблеми на сметка на стари.
Пасивна агресија: наместо да се комуницира отворено за да може да се реши проблемот, партнерот е пасивно агресивен со цел да го контролира и манипулира партнерот со предизвикување чувство на вина. Исто така покажува дека токсичниот партнер не е способен да комуницира отворено.
Принуда да се биде во врска: токсичниот партнер го уценува другиот за да останат во врска.
Обвинување на партнерот за своите емоции: без разлика која е причината за негативно чувство кај токсичниот партнер, тој ја префрла „вината“ на другиот. Обвинување друг за своите чувства е пред се себично и класичен пример на лоши лични граници.
Љубомора: не е здрава и често преминува во параноично проверување на партнер, повици, разгледување на телефон и пораки. Изненадувачки е дека некои луѓе го гледаат тоа како знак на љубов и недостаток на љубомора го гледаат како недостаток на љубов. Тоа не е точно во никој случај и љубомората е високо токсична.
Купување поклони како решение за проблем: место да се реши проблемот се прикрива со возбуда од поклон. Игнориран проблем, не е решен проблем.
Излез од токсична врска
Иако во текстов се обработуваат партнерски врски, токсична врска може да настани во било каков тип врска: родителска, роднинска, пријателска. Во каков вид и да е врската мора да се бара решение затоа што во спротивно влијае лошо на менталното здравје на жртвата.
Најтажно нешто кое мора да се сфати е дека партнерот не можи да се смени. Но, добро е дека ние можиме да научиме како да се спротиставиме и излезиме од ваквата врска.
Најважно е на токсичниот партнер да му се кажи дека сте свесни за неговата токсичност. Ова ќе направи неговите емоции и однесувања да ескалираат. Тука е клучно да се остани смирен и да се повтори барањето за изменување на однос. Ако партнерот не ве слуша разделете се на 30 дена. Потоа повторете ги вашите барања. Доколку повторно нема одговор - раскинете. Тоа е впрочем најефективен начин за излез од токсична врска. Дозволете си да се потприте на своите пријатели за да не сте во искушение да се вратите во таа токсична врска и средина за вас. Доколку физичко насислтво било дел од врската не смее да има толерација и мора веднаш да се стави крај на таква врска. Насилство само се повторува и важи правило дека ако има еднаш, ќе има повеќе пати.
Заклучок
Ваквите врски влијаат лошо на емотивното, менталното и физичкото здравје на жртвата. За да се излези од ваква врска мора прво да се биде свесен дека сте дел од таа врска, а потоа да се спротиставите на партнерот смирено. Бидете опкружени со луѓе кои ќе ви бидат поткрепа и ќе ви дадат друга перспектива, на тоа како една врска може да изгледа.
Comments
Post a Comment