Животни за поддршка: нов начин на справување со емоционални проблеми

„Сите животни се терапевтски миленици. Повеќето работат тајно.“

Како метод за подобрување на менталното и емоционалното здравје, се внесени и животните како опција. Акцентот на овој текст ќе бидат животни за емоционална поддршка, зошто се користат и кои се животни можат да се користат во психологијата. 

Разлика меѓу животно за емоционална поддршка, терапевтско куче и сервис куче

Трите поими се различни иако имаат слична намена. Сопствениците на кучиња често зборуваат за бенифитите од нивните миленици за намалување на стрес и анксиозност, помагајќи им да ги исполнуваат дневните обврски полесно.

Животно, најчесто куче, за емоционална поддршка се дефинира со способноста да прават луѓето да се чувстуваат комотно и удобно преку наклонетост и дружба. Иако не добиваат официјален тренинг, тие се од голема помош за тие кои страдаат од ментални и/ли емоционални проблеми. Овој вид животни не треба да помагаат на луѓето за исполнување на специфични задачи кои не можат сами да ги направат. Поради тоа што животните за емоционална поддршка не врват низ специфичен тренинг, немаат пристап до сите јавни простори. Примарна улога им е да обезбедат комфорт и емоционално задоволство.

Сервис куче е тренирано да обавува задачи кои сопственикот не можи да ги обави сам. Ваквиот вид кучиња овозможуваат безбедност и независност на своите сопственици кои не би ја имале без своите кучиња. 

Терапевтски кучиња исто така добиваат тренинг, но многу поразличен од сервис кучињата. Нивните одговорности се да обезбедат помош при психолошки терапии, покрај нивните сопственици. Овие кучиња имаат стабилен темперамент и се друштвени. Често посетуваат различни установи: болници, училишта, канцеларии за психотерапија, старечки домови и слично. За разлика од сервис кучињата кои се социјализираат само со сопственикот, терапевтските кучиња се охрабруваат да се социјализираат со што повеќе луѓе додека „работат“.

Придобивки по ментално здравје благодарение на животни за емоционална поддршка

Луѓе кои сакаат и чуваат животни често зборуваат колку тоа ги прави среќни. Ова е главна причина зошто и стручњаци по ментално здравје даваат внимание на милениците како животни за емоционална поддршка. Психоаналитичарот Сигмунд Фројд, го користел својот миленик Јофи во терапевтските сесии со своите пациенти.

Истражувања ( четврт линк во референци) укажуваат на добрите ефекти на милениците за емоционална поддршка. Тие помагаат на пациенти со: 
  • PTSD
  • слаба до умерена анксиозност
  • генерализирано анксиозно растројство
  • страв да се биде надвор од дома
  • страв од летање
  • депресија
  • стресни ситуации
  • социјална срамежливост
А, помагаат така што:
  • зголемуваат социјалност
  • зголемуваат самодоверба
  • пациентите се чувстуваат безбедно и удобно
  • зголемува мотивација
  • намалување на симптоми од дијагностицирана болест.

Милениците ни помагаат полесно да се справиме со пандемијата

Моментално живееме во многу уникатна ситуација, за време на пандемија, но и ваквата ситуација е доказ за добриот ефект на домашните миленици.

Намалуваат осаменост - милениците прават одлично друштво, што е многу неопходно за време на пандемија кога сме одделени од фамилија и пријатели.
Намалува стрес - многу од грижите доаѓаат поради грижа за непознатото, која е главна грижа изминатиов период. Грижа и играње со миленик ни помага да се фокусираме на сегашноста и ни дава една статична реалност и ни овозможува да сме среќни во дадениот момент. 
Овозможува емоционална поддршка - многу животни знаат кога сме тажни и под стрес. Да се знае дека има некој лојален покрај нас кој не сака можи да значи многу.
Предизвикуваат смеа - тешко е да останиш тажен кога животните прават интересни активности или пак се галат од тебе.
Дава значење - ако имаш ниска мотивација или пак се чувствуваш депресивно заклучен дома, миленикот дава ново светло и значење на ситуацијата. 

Начините на кои милениците прават да се чувствуваме добро се едноставни, но ефектите се силни и долготрајни:
  • Направете време за играње - животните се природно забавни, па се што има потенцијал да ве насмее вреди да се искористи.
  • Гушкање - гушкање и галење на миленик задоволува потреби за допир, а со тоа подобрува расположение и дури може и да намали физичка болка.
  • Споделете ја среќата - има причина зошто слики и видеа од животни се толку популарни. Ги прават луѓето среќни. Затоа споделете ги сликите и видеата со пријатели!
  • Давајте љубов на вашиот миленик - самата рутина околу вашиот миленик - шетање, хранење, чешлање - дава структура на вашиот ден. 

Кои животни може да се користат за емоционална поддршка? 


Кучиња - сите раси на кучиња може да бидат животни за емоционална поддршка. Се смета дека кучињата комуницираат и разбираат луѓе подобро од било кое друго животно. Кучињата се радуваат на најмали работи како стапчиња, пакувања од храна, прошетка. Тие не учат да ги почитуваме малите работи во животот.
Мачки - иако кучињата се најчест избор за животни кои се користат како емоционална поддршка, мачките се веднаш под нив. Мачките се забавни. Затоа можи да се заклучи дека се добри емоционални поддржувачи. Гледање само на видеа од мачки онлајн помага при покренок на енергија. Мачките помагаат луѓето побрзо да се соочат со загубите за разлика од другите животни.
Зајак - зајакот е тивко и срамежливо животно. Добро е што им треба многу малку простор и затоа е лесно да се разнесуваат наоколу за емоционална поддршка.
Птица - колку што знаеме, птиците се едини животни, засега, кои можат да репродуцираат човечки говор. Тоа е најголема причина и предност да бидат избрани како емоционална поддршка.
Хамстер - хамстерите се многу смирени по природа. Најдобра причина за нив е што не се скапи, независни се и зафаќаат малку место. Дури и не треба многу размислување во поглед храна. 
Коњ - коњите се малку комплицирани поради просторот кој го фаќаат, но и поради тоа што се домашни животни, можи да се користат и како емоционална поддршка. 

Нема правила кои животни може да се користат како емоционална поддршка и скоро сите домашни миленици можат. 

Заклучок

Животните се одлична емоционална поддршка за луѓето особено во тешки времиња како моменталната пандемија која не форсира повеќе време внатре во домовите каде има ризик да се чувствуваме осамено. Секое домашно животно можи да биде животно за емоционална поддршка. 

Белешка: За преглед на објавени и идни наслови притисни тука.  

 

Comments

Popular posts from this blog

Креативно мислење кај децата и надареност

Конфликти: настанување и разрешување

Ментално здравје на деца: препознавање на знаци и заштита